Леополд Кениг
Кениг на Трката околу Британија 2014 | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Леополд Кениг | ||
Роден | 15 ноември 1987 Моравска Тшебова, Чехословачка | ||
Висина | 1,78 м | ||
Маса | 62 кг | ||
Податоци за клубот | |||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||
Улога | возач | ||
Вид на возач | специјалист за искачувања | ||
Професионални клубови | |||
2006–2010 2011–2014 2015-2016 2017-2019 | ПСК Вирлпул-Храдец Крлове Тим НетАп Тим Скај Бора-Хансгрое | ||
Значајни победи | |||
| |||
Последна промена 8 ноември 2020 |
Леополд Кениг (чешки: Leopold König; р. 15 ноември 1987) — чешки професионален друмски велосипедист, кој последно возел за UCI World Tour екипата Бора-Хансгрое.[1]
Кариера
[уреди | уреди извор]Рана кариера
[уреди | уреди извор]Кениг како дете играл хокеј на мраз, користејќи го неговиот велосипед многу често, а веќе на 14-годишна возраст започнал со друмскиот велосипедизам.[2]
НетАп (2011-2014)
[уреди | уреди извор]Кениг освоил етапа на Трката околу Британија 2012, а во април 2013 и кралската етапа на Трката околу Калифорнија. Кениг побегнал од бегството со малку членови во последните километри и го достигнал Ханиер Асеведо, поминувајќи го на само 300 метри пред целта.[3]
Меѓутоа, обете победи кулминирале во септември 2013, кога неговата екипа добила покана на Вуелта а Еспања. На самата трка ја освоил планинската етапа 8 откако го достигнал Игор Антон во последните 500 метри.
Кениг го имал својот прв настап на Тур де Франс во 2014 година, завршувајќи седми.
Тим Скај (2015-2016)
[уреди | уреди извор]Подоцна, потпишал двегодишен договор за да вози со Тим Скај.[4] Кениг го постигнал својот прв подиум за Тим Скај, забележувајќи трето место на Трофео Сера де Трамунтана.[5] На Џиро д’Италија го преземал улогата на предводник откако предводникот Ричи Порт доживеал огромно губење на време и на крајот се повлекол.[6] На шеснаесеттата етапа, Кениг бил казнет 10 секунди поради држење на автомобили.[7] Кениг бил добар на завршните етапи, но не доволно добар за да обезбеди место меѓу првите пет, завршувајќи на шестото место.
Бора-Хансгрое (2017-2019)
[уреди | уреди извор]По две години со Тим Скај, Кениг се вратил во својата поранешна екипа - сега позната како Бора-Хансгрое – со тригодишен договор.[8] Во првата половина на сезоната 2017, Кениг настапил само на две трки поради повреда.[9]
Достигнувања
[уреди | уреди извор]- 2009
- 6. ГП Кооператива
- 9. ГП Бока
- 2010
- 1. Краен пласман Трка околу Горна Австрија
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 3 Трка околу Бугарија
- 3. Прага-Карлови Вари-Прага
- 5. Краен пласман Шлаким Гродов Пјастовскич
- 2011
- 2. Краен пласман Трка околу Австрија
- 1. Пласман за млад возач
- 3. Краен пласман Тур де л’Ен
- 9. Краен пласман Трка околу Британија
- 2012
- 1. Етапа 2 (ТТТ) Сетимана интернационале ди Копи е Бартали
- 3. Краен пласман Трка околу Јута
- 6. Краен пласман ГП Кантон Аргау
- 9. Краен пласман Трка околу Британија
- 1. Етапа 6
- 2013
- 1. Краен пласман Чешка трка
- 1. Етапа 3
- 1. Етапа 7 Трка околу Калифорнија
- 6. Краен пласман Сетимана интернационале ди КОпи е Бартали
- 9. Краен пласман Вуелта а Еспања
- 1. Етапа 8
- 2014
- 4. Краен пласман Трка околу Баварија
- 7. Краен пласман Тур де Франс
- 2015
- 2. Национално друмско првенство
- 2. Национално хронометарско првенство
- 3. Трофео Сера де Трамунтана
- 3. Краен пласман Џиро дел Трентино
- 5. Трофео Андрат-Мирадор д’Ес Коломер
- 6. Краен пласман Џиро д’Италија
- 8. Краен пласман Трка Абу Даби
- 10. Краен пласман Трка околу Чешка
- 1. Етапа 3
- 2016
- 1. Етапа 1 (ТТТ) Вуелта а Еспања
- 1. Национално хронометарско првенство
- 9. Трофео Поленка-Порт де Андрат
- 10. Краен пласман Волта а ла Комунитат Валенсијана
Распоред на резултатите на големите трки
[уреди | уреди извор]Голема трка | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 |
---|---|---|---|---|---|
Џиро | — | — | 6 | — | — |
Тур | — | 7 | 70 | — | — |
Вуелта | 9 | — | — | 29 | — |
СО = се откажал; — не учествувал
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „With Christoph Pfingsten, BORA – hansgrohe completes its roster for 2019“. Бора-Хансгрое. Denk Pro Cycling GmbH & Co. KG. 12 October 2018. Архивирано од изворникот на 2019-04-23. Посетено на 2 January 2019.
- ↑ Cycling Weekly, Introducing Leopold Konig, 5 септември 2013
- ↑ Стив Џонс (18 мај 2013). „Трка околу Калифорнија: Кениг од НетАп се искачи за победа на седмата етапа, Ван Гардерен останува во жолто“. VeloNation (англиски). VeloNation LLC. Посетено на 19 мај 2013.
- ↑ Вилоуби, Ијан (30 септември 2014). „Чешкиот велосипедист Кениг потпиша за Тим Скај по седмото место на Тур де Франс“. Radio Prague. Посетено на 16 ноември 2014.
- ↑ http://www.cyclingnews.com/races/trofeo-alcudia-platja-de-muro-2015/results
- ↑ Стивен Фаранд (24 мај 2015). „Giro d'Italia: König takes over leadership at Sky as Porte loses 27 minutes“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 24 мај 2015.
- ↑ Ричард Виндзор (27 мај 2015). „Team Sky's König among riders sanctioned after stage 16 of the Giro d'Italia“. Cycling Weekly. IPC Media Sports & Leisure network. Посетено на 28 мај 2015.
- ↑ Вин, Најџел (20 септември 2016). „Leopold König moves from Team Sky to Bora-Hansgrohe“. Cycling Weekly. Time Inc. UK. Посетено на 3 јули 2017.
- ↑ Флечер, Патрик (1 јуни 2017). „10 riders to watch at the Criterium du Dauphine“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 3 јули 2017.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Леополд Кениг“ на Ризницата ? |
- „Достигнувања на Леополд Кениг“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Леополд Кениг“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Леополд Кениг“. ProCycling.
|