Прејди на содржината

Лепенец

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лепенец
Реката Лепенец кај селото Бардовци
Местоположба
ДржаваКосово, Македонија
Физички особености
Извор 
 • местоЖар Планина, Косово
 • надм. вис.1.860 м
УстиеВардар
 • место
крај Скопје
 • координати
42°00′46″N 21°22′59″E / 42.01278° СГШ; 21.38306° ИГД / 42.01278; 21.38306
 • надм. вис.
253 м
Должина75 км
Големина на сливот770 км2
Особености на сливот
ТечениеВардарЕгејско Море
Карта

Лепенецрека во Македонија, притока на Вардар.[1] Извира од планината Жар на Косово, на височина од 1.860 м, а се влева кај населбата Злокуќани во Скопје, на височина од 253 м. Од изворот до Качаничката Клисура тече во правец запад-исток, а потоа свртува во правец југ-југоисток.

Долга е 75 километри, има вкупен пад од 1.603 м и просечен пад од 21,4‰. На територијата на Македонија влегува кај селото Блаце и има должина од 21 километар. Сливот зафаќа површина од 770 км2, од која на Македонија ѝ припаѓаат 167,76 км2. Средногодишниот протек пред вливот во реката Вардар изнесува 10,0 м3/сек.[2]

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. Jovan Đ. Marković (1990): Enciklopedijski geografski leksikon Jugoslavije; Svjetlost-Sarajevo; ISBN 86-01-02651-6
  2. Влечниот нанос на река Лепенец и неговото влијание за регулација на речното корито, Живко Шкоклевски, С. Крстевска; Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, 1982

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]