Прејди на содржината

Лиер Кит

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лиер Кит
Роден(а)1964 (воз. 59–60 г.)[1]
НационалностАмериканка
ОбразованиеБруклајн средно училиште
Организација
Значајни делаВегетеријанскиот мит
ДвижењеРадикален екологизам, радикален феминизам
Страница
lierrekeith.com

Лиер Кит (родена во 1964 година) е американска писателка, радикална феминистка, активистка за исхрана и радикален екологист.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Кит се школуваше на средното училиште Бруклајн во Масачусетс. Таа за првпат се вклучи во феминистичкото движење како основач на „Ванеса и Ирис: весник за млади феминистки“ (1983–1985).[2][3] Во истиот период, таа исто така волонтираше со група наречена Жени против насилството врз жените во Кембриџ, каде што учествуваше во едукативни настани и протестни кампањи.[3] Во 1984 година, таа беше основачки член на Minor Disturbance, протестна група против милитаризмот од феминистичка перспектива. Во 1986 година, таа беше основач на Феминистите против порнографијата во Нортхемптон, Масачусетс.[3] Таа е основачка и уредничка на Rain and Thunder, радикално феминистичко списание во Нортхемптон.[3][4]

Како радикална феминистка, а од неодамна и како радикален екологист, Кит има напраено многу посети, интервјуа и говори низ САД и Канада.[5]

Кит беше ран јавен застапник на локалното движење за храна во САД. Во приказната во Бостон Глоуб од 2006 година, таа изјави: „Ми се допаѓа тоа што ја поддржувам локалната економија, а не корпоративна Америка“.[6]

Нејзините ставови привлекоа негативно внимание кај некои вегетаријанци, што еден новинар го нарече „Веганска војна“.[7] Како илустрација на жестоката политичка дебата, демонстрантите протестираа против Кит со пити со чили пиперки за време на презентацијата на нејзината книга Вегетаријанскиот мит на анархистичкиот саем на книги во 2010 година.[8]

Вегетаријанскиот мит

[уреди | уреди извор]

Книгата на Кит од 2009 година, Вегетаријанскиот мит: Храна, правда и одржливост ги испитува еколошките ефекти на земјоделството и вегетаријанството. Во Вегетаријанскиот мит, таа нуди докази дека земјоделството уништува цели екосистеми, како северноамериканската прерија. Таа, исто така, се залага за животинско земјоделство во однос на растително земјоделство, наведувајќи дека второто го уништува горниот слој на почвата,[7] додека сточарството го обновува.

Длабоко зелен отпор

[уреди | уреди извор]
Лиер Кит (лево) и Дерик Џенсен (десно) со Deep Green Resistance при Occupy Oakland во 2011 година

Кит е поврзана со движењето Deep Green Resistance, и заедно со Арик Мекбеј и Дерик Џенсен, таа е соавтор на Deep Green Resistance: Strategy to Save the Planet, објавена во мај 2011 година.[9] Книгата се опишува како „прирачник за тоа како да се изгради движење на отпорот што ќе ја урне индустриската цивилизација и ќе ја спаси планетата“ и „ги проценува стратешките опции за отпор, од ненасилство до герилска војна и условите потребни за тие опции да биде успешен“.[9]

По објавувањето на оваа книга, авторите ко-основаа организација со исто име. Арик Мекбеј ја напушти организацијата на почетокот на 2012 година, сепак, припишувајќи го неговото заминување на отфрлањето на про-трансродовата политика од страна на Дерик Џенсен и Лиер Кит.[10] Deep Green Resistance ја оспори оваа изјава, огдоварајќи дека политиката за безбеден простор за жените е едно од многуте прашања и дека одлуката за ограничување на женските простори на биолошки жени ја донеле жените од DGR, а не Џенсен или Кит.[11]

Фронт за либерација на жените

[уреди | уреди извор]

Кит е основач на организацијата Women's Liberation Front, и од 2021 година таа е нејзин претседател.[12]

  • "Bright Green Lies: How the Environmental Movement Lost Its Way and What We Can Do About It" by Derrick Jensen, Lierre Keith, and Max Wilbert (Monkfish Book Publishing Company). 2021.
  • Earth at Risk: Building a Resistance Movement to Save the Planet (edited by L.K. and Derrick Jensen), PM Press, 2012, ISBN 978-1-60486-674-2
  • Deep Green Resistance: Strategy to Save the Planet, Seven Stories Press, 2011, ISBN 978-1-58322-929-3
  • The Vegetarian Myth, PM Press, 2009, ISBN 978-1-60486-080-1
  • Skyler Gabriel, Fighting Words Pr, 1995, ISBN 978-0-9632660-2-6
  • Conditions of War, Fighting Words Pr, 1993, ISBN 978-0-9632660-1-9
  1. McBay, Aric; Keith, Lierre; Jensen, Derrick (2011). Deep Green Resistance: Strategy to Save the Planet. Seven Stories Press. стр. 104. ISBN 978-1-58322-929-3. Direct action, even nonviolent direct action, has also been derailed by liberalism. I was born the same year as the Civil Rights Act of 1964. Twenty-five years later, I watched on TV as the people of Berlin pulled down that wall. Nonviolence is a form of resistance that works but it needs to be understood if it's to be used effectively.
  2. Periodicals Collection, 1784- (ongoing) Архивирано на 29 јуни 2011 г., Sophia Smith Collection, Five College Archives & Manuscript Collections, Asteria.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Lierre Keith CV Архивирано на 26 јуни 2012 г., Lierre Keith official website
  4. Rain and Thunder, About
  5. Lierre Keith appearance Архивирано на 18 ноември 2012 г., contains many external links to radio and press interviews
  6. "Movement toward more sustainable food systems is growing", By Emily Shartin, Boston Globe Staff, July 26, 2006
  7. 7,0 7,1 Uttarika Kumaran (February 20, 2010). „Vegan Wars“. Daily News and Analysis. Посетено на April 20, 2017.
  8. "Pies-in-face attack roils anarchist-vegan world", Demian Bulwa, San Francisco Chronicle Staff, March 17, 2010
  9. 9,0 9,1 Aric McBay, Derrick Jensen, Lierre Keith. Deep Green Resistance: Strategy to Save the Planet Архивирано на 18 август 2010 г.. Seven Stories Press, May 2011. ISBN 978-1-58322-929-3. Last accessed May 29, 2011.
  10. Aric McBay, "DGR and Transphobia", May 14, 2013.
  11. „Response to Aric McBay“. deepgreenresistance.org. 2013. Посетено на 10 June 2013.
  12. „Staff and Board“. Women's Liberation Front. Посетено на June 16, 2021.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]