Прејди на содржината

Лихтенштајнски замок (Германија)

Координати: 48°24′24″N 9°15′29″E / 48.40667° СГШ; 9.25806° ИГД / 48.40667; 9.25806
Од Википедија — слободната енциклопедија
Лихтенштајнскиот замок над долината Ехац

Лихтенштајнскиот замок (герм. Schloss Lichtenstein) е замок во стил на бајките сместен на карпа близу Хонау во општината Лихтенштајн во Баден-Виртемберг, Германија. Името на замокот значи „светол камен“.

На ова место постоел замок од околу 1200 г. Двапати бил уриван, еднаш во војната во 1311 г. и еднаш со опсада од страна на градот-држава Ројтлинген во 1381 г. По второто уривање замокот не бил обновен и така останал во рушевини.

Во 1802 г. земјата преминала во сопственост на виртембершкиот крал Фридрих I, кој тука изградил ловечки дом. Во 1837 г. земјиштето му припаднало на неговиот внук војводата Вилхелм од Урах, гроф на Виртемберг, кој се инспирирал од романот „Лихтенштајн“ од Вилхелм Хауф[1] и го изградил сегашниот замок во периодот 1840–42 г. Романтичарскиот неоготски стил на замокот е замисла на архитектот Карл Александар Хајделхоф.

Денес замокот е сè уште во сопственост на војводите од Урах, но прима посетители. Во него има мошне голема збирка од средновековно оружје и оклопи.

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

48°24′24″N 9°15′29″E / 48.40667° СГШ; 9.25806° ИГД / 48.40667; 9.25806