Локална полиција
Изглед
Локални законоспроведувачки органи, локална полиција, општинска полиција се полициски органи кои се под контрола на локалната администрација во една држава, како на пример општините или градските управи. Како такви, тие се финансирани од локалниот буџет и во одредени случаи имаат помалку овластувања отколку полицијата која дејствува на национално ниво. Тие најчесто се формираат за да се олесни работата на националната полиција на локално ниво и да се разбие можноста потребите на локалните заедници да бидат запоставени од државната полиција поради нејзиното централно уредување.
Локална полиција по држави
[уреди | уреди извор]- Австралија: Council Ranger (Ренџери на Советот)
- Австрија: Gemeindesicherheitswache (Чувари на заедницата); Stadtpolizei (Градска полиција)
- Албанија: Policia Bashkiake (Општинска полиција)
- Алжир: حرس البلدي (Харас Албаладиу) (Општинска стража)
- Аргентина: Policía de la Ciudad (Градска полиција)
- Белгија: Lokale Politie; Police Locale; Lokale Polizei (Локална полиција)
- Бразил: Guarda Municipal (Општинска стража)
- Германија: Stadtpolizei (Градска полиција)
- Грција: Δημοτική Αστυνομία (Димотики Астиномиа) (Локална полиција)
- Естонија: Munitsipaalpolitsei (Општинска полиција)
- Индонезија: Satuan Polisi Pamong Praja (Оддел за јавен ред)
- Италија: Polizia Municipale (Општинска полиција)
- Казахстан: Жергілікті полиция (Локална полиција)
- Канада: Police Service (Полициска служба)
- НР Кина: 城管 (Ченгуан) (Градско административно и законоспроведувачко биро)
- Латвија: Pašvaldības policija (Општинска полиција)
- Литванија: Viešosios tvarkos skyrius (Оддел за јавен ред)
- Мексико: Policía Municipal (Општинска полиција)
- Полска: Straż Miejska (Месна стража)
- Португалија: Polícia Municipal (Општинска полиција)
- Романија: Poliţia Locală (Локална полиција)
- Словачка: Obecná Polícia (Општинска полиција); Mestská Polícia (Градска полиција)
- Словенија: Mestno Redarstvo (Градски контролори)
- САД: Police Department (Полициски оддел); Sheriff's Department (Шерифов оддел)
- Србија: Комунална полиција
- Турција: Belediye Zabıtası (Општинска полиција)
- Унгарија: Városőrség (Градска Гарда); Önkormányzati Rendészet (Локална полиција)
- Франција: Police Municipale (Општинска полиција)
- Холандија: Toezicht en Handhaving (Спроведување и надзор)
- Чешка: Obecní Policie (Општинска полиција); Městská Policie (Градска полиција)
- Швајцарија: Police Municipale; Gemeindepolizei; Polizia Cumûnala; Polizia Municipale (Општинска полиција)
- Шпанија: Policía Municipal (Општинска полиција); Policía Local, Udaltzaingoa (Локална полиција); Guàrdia Urbana (Урбана Стража)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Локална полиција на Ризницата ?