Прејди на содржината

Луис Муриел

Од Википедија — слободната енциклопедија
Луис Муриел
Лични податоци
Полно име Луис Фернандо Муриел Фруто[1]
Роден на 16 април 1991(1991-04-16)(33 г.)
Роден во Санто Томас[2], Колумбија
Држава Колумбија Колумбија
Висина &100000000000001780000001,78 м
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Аталанта Аталанта
Број 9
Младинска кариера
Атлетико Хуниор Атлетико Хуниор
Депортиво Кали Депортиво Кали
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2009-2010 Депортиво Кали Депортиво Кали 11 (9)
2010-2011Гранада Гранада 7 (0)
2011-2012Лече Лече 29 (7)
2012-2015 Удинезе Удинезе 57 (15)
2015-2017 Сампдорија Сампдорија 79 (21)
2017-2019 Севиља Севиља 35 (8)
2019Фјорентина Фјорентина 19 (6)
2019- Аталанта Аталанта 85 (44)
Репрезентација
2009-2011 Колумбија Колумбија 20 8 (4)
2012- Колумбија Колумбија 27 (3)
* Ажурирано на: 6 јануари 2011
** Ажурирано на: 17 ноември 2010

Луис Муриел (роден во Санто Томас на 16 април 1991) — колумбиски фудбалер, напаѓач на Фјорентина и на колумбиската репрезентација.

Технички одлики

[уреди | уреди извор]

Напаѓач кој одилично игра со двете нозе, со значителна техника и брзина.[3] Има одличен дриблинг, квалитети на спринтер и вродено око за гол, поради што го споредуваат со Роналдо[4]. Во текот на сезоната 2012-2013, под водство на тренерот Франческо Гвидолин, се покажал како способен да игра добро и како втор напаѓач или играч од средниот ред со офанзивни функции.[3].

Почетоци и Депортиво Кали

[уреди | уреди извор]

Муриел ја започнал својата кариера во младинскиот сектор на Атлетико Хуниор во 2001 година. Во јануари 2008 година преминал во екипата на Депортиво Кали, каде што тој го направил своето професионално деби во првата колумбиска лига на 12 јули 2009 во победата од 1-0 над Енвигадо.

Во текот на следната сезона во Торнео Апертура 2010, Муриел добивал многу поголема минутажа, а на 7 март 2010 го постигнал својот прв хет-трик во кариерата. За време на Торнео Апертура, неговите настапи биле следени од скаути на италијанскиот Удинезе, кој во летото пројавува сериозен интерес за него и на крајот успева да го доведе во својте редови. Муриел одиграл вкупно 11 натпревари за Депортиво Кали и постигнал 8 голови.

Доаѓање во Удинезе

[уреди | уреди извор]

Муриел се преселил во Удинезе на 22 јуни 2010 со само 19 години. Сепак, веднаш по доаѓањето тој како и некој други млади играчи бил испратен на заем во друг клуб со цел да се докаже и да го заработи своето место во клубот. Така на 12 јули, тој и се приклучил на Гранада на едногодишна позајмица.

Позајмиците во Гранада и Лече

[уреди | уреди извор]

Муриел одиграл една сезона за Гранада во шпанската Сегунда дивисион, настапил на вкупно 9 натпревари 7 во првенството и 2 во купот, но неуспеал да постигне ниту еден гол.

Во текот на летото 2011, се вратил во Удинезе, но потоа бил позајмен на Лече. Тој дебитирал во Серија А на 26 октомври 2011 во поразот од Палермо со 2-0. Тој го постигнал својот прв гол во италијанскиот фудбал на 4 декември во натпревар во кој неговиот тим загубил со 4-2 на домашен терен од Наполи. На 30 јануари 2012, Удинезе ја враќа целосната сопственост над играчот (откако претходно му продале 50% од договорот на Лече), оставајќи го во Лече на заем до крајот на сезоната. На 7 април 2012 тој постигнал два гола за Лече во Серија А во победата со 4-2 против Рома. И покрај неговите 7 гола во 29 првенствени натпревари, Лече испаднал во последното коло и Муриел се збогувал со навивачите и клубот од Саленто.

Враќање во Удинезе

[уреди | уреди извор]

Летото 2012 година, Муриел се вратил во Удинезе. На 12 септември 2012, потпишал нов 5-годишен договор со Удинезе. Тој го направил своето деби во пораз со 2-1 од Фјорентина, асистирајќи за првиот гол во натпреварот.[5] Тој успеал да го постигне својот прв гол за Удинезе на 22 декември во средбата нагости против Аталанта што завршила 1-1. Во текот на сезоната тој успешно соработувал во нападот со Антонио Ди Натале, перформанси кој му донеле да биде избран за Серија А млад играч на годината, заедно со Стефан Ел Шарави. Муриел ја завршил својата прва сезона во дресот на Удинезе со 11 постигнати голови и 3 асистенции, во 22 одиграни натпревари од кој само во 15 бил стратер.

Пред почетокот на сезоната 2013-14, го сменил дресот со број 24. и го зел бројот 9. Тој постигнал два гола во победата со 3-1 над Широки Бријег во квалификациите за Лига Европа. Во првото коло од новата сезона во Серија А, Муриел започнал успешно постигнувајќи гол на гостувањето против Лацио, но неговите црно-бели биле поразени во Рим со 2-1. Следниот викенд тој реализирал доцен пенал за да ја завери победата над Парма, со резултат од 3-1 во Удине. На 30 октомври, го постигнал победничкиот гол за победа над Сасуоло со 2-1 во гости. По добриот почеток, Муриел претрпел повреда кон крајот на ноември поради која бил надвор од акција до крајот на 2013 година. Тој успешно се вратил по повредата и веќе во својот втор натпревар на 22 јануари 2014 постигнал гол, помагајќи му на својот тим да го елиминира Милан од Купот на Италија, со победа на Сан Сиро од 2-1. Својата втора сезона ја завршил со 31 настап и 8 постигнати гола.

Сампдорија

[уреди | уреди извор]

На 22 јануари 2015 година, откако Муриел одиграл уште 11 натпревари во дресот на Удинезе во првиот дел од сезоната 2014-2015, тој бил продаден на Сампдорија со формула за заем до крајот на сезоната плус обврска за откуп по истекот на позајмицата.[6]; трансферот изнесувал 10,5 милиони евра за обврската за откуп (плус 1,5 милиони евра во бонуси ако играчот достигне најмалку 30 настапи во дресот на Самп до 30 јуни 2016 година).[7] Играчот потпишал договор до јуни 2019 година, и го избрал да го носи дресот со број 24. На 15 февруари го направил своето деби за популарните Блучерати, влегувајќи од клупата за резерви на местото на Хоакин Кореја за време на натпреварот против Кјево, во кој во 91-вата минута го постигнал својот прв погодок за Сампдорија во поразот со 2-1. На 1 март тој постигнал прекрасен гол со левата нога против Аталанта, во натпревар во кој Самп победил со 1-2 по целосен пресврт; третиот гол со Дорија го постигнал на 16 март, само 3 минути по влегувањето во игра, во победата со 2-0 над Рома. Својот последен гол за сезоната го постигнал во поразот со 4-2 од Наполи, затворајќи го натпреварот со убав погодок од волеј надвор од шеснаесетникот.

На почетокот на следната сезона тој играл во двата натпревари од квалификациското коло на Лигата на Европа против српската Војводина; во првиот натпревар неговиот тим загубил дома со 4-0; во реваншот тој постигнал гол со кој го поставил конечниот резултат 2-0 во корист на неговиот тим, што, сепак, не бил доволен да се мине понатаму. Тој играл во 4-3-1-2 формацијата на тренерот Ѕенга во првиот натпревар за сезоната во Серија А против Карпи, постигнувајќи два гола што го направило моментално најдобар стрелец во лигата: тој најпрво заработил пенал кој бил успешно реализиран од соиграчот Едер за водство од 1-0, а подоцна постигнал уште два гола; натпреварот завршил 5-2 за Сампдорија. На 4 октомври 2015, тој постигнал погодок со кој го отворил резултатот против водачот на табелата Интер, но на крајот натпреварот завршил 1-1.[8] Во месец ноември дошло до промена на тренерската клупа на Сампдорија, Ѕенга бил отпуштен и заменет со Винченцо Монтела; со доаѓањето на Монтела, Муриел го загубил местото во почетниот состав и во вториот дел од сезоната играл главно влегувајќи од клупата за резерви во второто полувреме. Сезоната ја завршил со вкупно 35 настапи и 7 гола (од кој 6 биле во Серија А).

Во летото 2016 година, по две сезони во кој го носел дресот со број 24, тој одлучил го промени и да го земе дресот со број 9 кој го носел и во Удинезе.[9] На 21 август, во првиот натпревар од сезоната во Серија А, Муриел го постигнал победничкиот гол против Емполи (0-1).[10] На 11 септември, и покрај поразот на Сампдорија со 3-2 од Рома на Олимпико, Муриел постигнал прекрасен гол од волеј по долгото додавање од Васко Реџини од половината на теренот.[11] На 22 октомври, во Дербито дела Лантерна против Џенова, го постигнал првиот гол за моментален резултат 1-0 (натпреварот завршил 2-1 за Самп) на асистенција на Фабио Кваљарела, постигнувајќи гол за првпат во кариерата во некое градско дерби.[12] Тој потоа постигнал гол и на гостувањето кај Фјорентина на асистенција на Реџини во ремито 1-1 на 6 ноември,[13] а на 20-ти истиот месец тој постигнал два гола во домашната победа со 3-2 против Сасуоло остварена по целосен пресврт.[14] На 5 февруари 2017, неговиот гол од пенал го решил победникот во натпреварот против Милан на Сан Сиро (1-0 за Самп), a на 11 март 2017 година тој исто така го одлучил и повратниот натпревар од Дербито дела Лантерна против Џенова, повторно со еден гол доволен Сампдорија да победи со 1-0 (што било првпат од 1960 година Сампдорија да победи во двата дерби натпревари против Џенова во Серија А).[15][16] Својот последен гол во неговата авантура со блучеркатите го постигнал на 21 мај против неговиот поранешен тим Удинезе од пенал; во исто време тој бил исклучен веднаш по постигнувањето на голот поради прослава што главниот судија ја сметал за непочитување кон навивачите на Дачија Арена.[17]

Во својата последна сезона во Сампдорија, под водството на тренерот Марко Џампаоло Муриел пронашол многу повеќе простор за игра во споредба со претходната сезона и оформил одлично партнерство во нападот со ветеранот Фабио Кваљарела; сезоната ја завршил со 33 настапи и 13 гола (од кој 11 во Серија А, со што го изедначил својот личен рекорд по бројот на голови од сезоната 2012-2013 кога играл за Удинезе).

На 11 јули 2017, шпанската Севиља го купила Муриел од Сампдорија за 20 милиони евра плус бонуси, со што тој станал најскапото засилување во историјата на клубот.[18] Своето деби Муриел го направил на 19 август, започнувајќи како стартер во ремито 1–1 против Еспањол, додека својот прв гол за Севиља го постигнал на 17 септември, во победата со 1–0 над Џирона.[19][20] На 13 септември дебитирал во Лигата на шампионите влегувајќи во игра од клупата за резерви на местото на Висам Бен Једер во ремито 2-2 против Ливерпул на Енфилд; само три минути по влегувањето во игра тој му асистирал на Хоакин Кореја за последниот гол во натпреварот со кој бил поставен конечниот резултат. На 24 октомври 2017, тој постигнал гол во победата со 3-0 на гостувањето кај Картагена во првиот натпревар од шеснаесеттинафиналето на Копа дел Реј. По разочарувачката дебитантска сезона во која постигнал само 9 голови во 46 настапи, Муриел се нашол зад Висам Бен Једер и новите засилувања Андре Силва и Квинси Промес во изборот на тренерот Пабло Макин.[21]

Како последен избор во нападот Муриел одиграл 19 натпревари во првиот дел од сезоната, од кој само 6 во првенството (постигнал 1 гол), по што најавил дека ќе ја напуши Севиља и дека ќе се врати во Италија во зимскиот преоден рок.

Фјорентина

[уреди | уреди извор]

На 2 јануари 2019, Муриел се вратил во Серија А приклучувајќи и се на екипата на Фјорентина на заем до крајот на сезоната.[22] Фјорентина платила 2 милиона евра да го позајми играчот, со можност целосно да го откупи на лето за сума помеѓу 13-15 милиони евра, а доколку виолетовите на крајот од сезоната изборат пласман во УЕФА Лига Европа тогаш откупот на играчот ќе стане задолжителен.[23]

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]
Муриел пристапува да изведе пенал за време на поразот на Колумбија од Англија на пенали на Светското првенство 2018.

Младински репрезентации

[уреди | уреди извор]

Муриел настапувал за колумбиската репрезентација под 20 години и бил вклучен во составот за Светското првенство за играчи под 20 години на кое Колумбија била домаќин. На 5 август 2011, откако претходно постигнал два гола против Франција, тој го постигнал единствениот гол со кој Колумбија ја победила Јужна Кореја 1–0 со која ја минале групната фаза со максимални 9 бодови.[24] Муриел го завршил турнирот со 4 гола, а Колумбија била елиминирана од Мексико во четвртфинале.[25]

Сениорска репрезентација

[уреди | уреди извор]

Муриел за првпат бил повикан во сениорската репрезентација во 2012 година од новиот селектор Хосе Пекерман, а своето деби го имал во поразот со 1–0 од Еквадор на 10 јуни во квалификациите за Светското првенство 2014. Својот прв гол го постигнал следната година, во пријателски натпревар против Гватемала на 6 февруари 2013.[26][27] Во 2014 година, тој бил еден од седумтте играчи од поширокиот список кој отпаднале од конечниот 23 член состав на Колумбија за Светското првенство 2014 во Бразил.[28]

Тој се нашол во составот на Колумбија за Копа Америка 2015, каде имал само еден настап влегувајќи од клупата за резерви во четвртфиналниот пораз од Аргентина на пенали (токму тој промашил еден од пеналите), но не бил повикан за Копа Америка Сентенарио следната година.[29]

Во мај 2018 тој се нашол на преелиминарниот список од 35 играчи за Светското првенство 2018 во Русија.[30] Муриел бил вклучен и во конечниот список, играјќи два натпревари од клупата за резерви за Колумбија, а неговата репрезентација била елиминирана од Англија во осминафиналето на пенали и покрај тоа што тој бил еден од прецизните изведувачи.[31]

Хронологија на репрезентативните настапи

[уреди | уреди извор]
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Колумбија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
10-6-2012 Кито Еквадор Еквадор 1 – 0 Колумбија Колумбија Квал. за СП 2014 - влегол во игра 73'
6-2-2013 Мајами Гарденс Гватемала Гватемала 1 – 4 Колумбија Колумбија Пријателска 1 влегол во игра 70'
11-6-2013 Баранквила Колумбија Колумбија 2 – 0 Перу Перу Квал. за СП 2014 - влегол во игра 80'
14-8-2013 Барселона Колумбија Колумбија 1 – 0 Србија Србија Пријателска - заменет 59'
14-11-2013 Брисел Белгија Белгија 0 – 2 Колумбија Колумбија Пријателска - заменет 60'
26-6-2015 Виња дел Мар Аргентина Аргентина 0 – 0
(5 – 4 пен.)
Колумбија Колумбија Копа Америка 2015 - Четвртфинале - влегол во игра 86'
12-11-2015 Сантјаго Чиле Чиле 1 – 1 Колумбија Колумбија Квал. за СП 2018 - заменет 72'
17-11-2015 Баранквила Колумбија Колумбија 0 – 1 Аргентина Аргентина Квал. за СП 2018 - влегол во игра 46'
24-3-2016 Ла Пас Боливија Боливија 2 – 3 Колумбија Колумбија Квал. за СП 2018 - влегол во игра 69'
1-9-2016 Баранквила Колумбија Колумбија 2 – 0 Венецуела Венецуела Квал. за СП 2018 - заменет 70'
6-9-2016 Манаус Бразил Бразил 2 – 1 Колумбија Колумбија Квал. за СП 2018 - заменет 82'
6-10-2016 Асунсион Парагвај Парагвај 0 – 1 Колумбија Колумбија Квал. за СП 2018 - заменет 77'
11-10-2016 Баранквила Колумбија Колумбија 2 – 2 Уругвај Уругвај Квал. за СП 2018 - заменет 46'
10-11-2016 Баранквила Колумбија Колумбија 0 – 0 Чиле Чиле Квал. за СП 2018 - влегол во игра 63'
23-3-2017 Баранквила Колумбија Колумбија 1 – 0 Боливија Боливија Квал. за СП 2018 - заменет 34'
7-6-2017 Мурсија Шпанија Шпанија 2 – 2 Колумбија Колумбија Пријателска - влегол во игра 80'
31-8-2017 Сан Кристобал Венецуела Венецуела 0 – 0 Колумбија Колумбија Квал. за СП 2018 - влегол во игра 80'
23-3-2018 Сен Дени Франција Франција 2 – 3 Колумбија Колумбија Пријателска 1 заменет 77'
28-6-2018 Самара Сенегал Сенегал 0 – 1 Колумбија Колумбија СП 2018 - Прва фаза - влегол во игра 31' дет.
3-7-2018 Москва Колумбија Колумбија 1 – 1 прод.
(3 - 4 пен.)
Англија Англија СП 2018 - Осминафинале - влегол во игра 88' дет.
7-9-2018 Мајами Гарденс Венецуела Венецуела 1 – 2 Колумбија Колумбија Пријателска - влегол во игра 68'
11-9-2018 Ист Ратерфорд Аргентина Аргентина 0 – 0 Колумбија Колумбија Пријателска - заменет 63'
22-3-2019 Јокохама Јапонија Јапонија 0 – 1 Колумбија Колумбија Пријателска - заменет 79'
26-3-2019 Сеул Јужна Кореја Јужна Кореја 2 – 1 Колумбија Колумбија Пријателска - влегол во игра 65'
4-6-2019 Богота Колумбија Колумбија 3 – 0 Панама Панама Пријателска 1 заменет 46'
9-6-2019 Лима Перу Перу 0 – 3 Колумбија Колумбија Пријателска - заменет 46'
15-6-2019 Салвадор Аргентина Аргентина 0 – 2 Колумбија Колумбија Копа Америка 2019 - Прва фаза - заменет 14'
Вкупно Настапи 27 Голови 3

Клупска статистика

[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 13 декември 2018.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2009 Колумбија Депортиво Кали КПА 1 0 - - - - - - - - - 1 0
2010 КПА 10 9 - - - - - - - - - 10 9
Вкупно Депортиво Кали 11 9 - - - - - - 11 9
2010-2011 Шпанија Гранада СД 7 0 КШ 2 0 - - - - - - 9 0
2011-2012 Италија Лече A 29 7 КИ 0 0 - - - - - - 29 7
2012-2013 Италија Удинезе А 22 11 КИ 1 0 ЛШ+ЛЕ 0+0 0 - - - 23 11
2013-2014 А 24 4 КИ 3 2 ЛЕ 4[32] 2[32] - - - 31 8
2014-јан. 2015 А 11 0 КИ 0 0 - - - - - - 11 0
Вкупно Удинезе 57 15 4 2 4 2 - - 65 19
јан.-јун. 2015 Италија Сампдорија А 16 4 - - - - - - - - - 16 4
2015-2016 А 32 6 КИ 1 0 ЛЕ 2[32] 1[32] - - - 35 7
2016-2017 A 31 11 КИ 2 2 - - - - - - 33 13
Вкупно Сампдорија 79 21 3 2 2 1 - - 84 24
2017-2018 Шпанија Севиља ПД 29 7 КШ 9 2 ЛШ 8 0 - - - 46 9
2018-јан. 2019 ПД 6 1 КШ 2 0 ЛЕ 10[33] 3 СШ 1 0 19 4
Вкупно Севиља 35 8 11 2 18 3 1 0 65 13
јан.-јун. 2019 Италија Фјорентина А 19 6 КИ 4 3 - - - - - - 23 9
Вкупно во кариерата 236 66 24 9 24 6 1 0 285 81
  1. Податоци на transfermarkt за Луис Фернандо Муриел Фруто
  2. „Луис Муриел; дата, место на раѓање, националност, висина, тежина и деби“. Архивирано од изворникот на 2014-03-15. Посетено на 2014-01-24.
  3. 3,0 3,1 „Муриел е феномен сега патрнер на Ди Натале, а потоа на Радамел“. calcionews24.com. 9 јануари 2013. Посетено на 1 јануари 2019.
  4. [1] su uk.eurosport.yahoo.com.
  5. Фјорентина vs Удинезе Football Italia (25 август 2012).
  6. Finalmente blucerchiati: Muriel e Coda, benvenuti al Doria Архивирано на 24 gennaio 2015.
  7. „Ufficiale: Muriel alla Sampdoria“. март 2018.[мртва врска]
  8. „Sampdoria Inter 1-1, Mancini si accontenta Vantaggio di Muriel, pari di Perisic“. Il Messaggeri.it. 4 октомври 2015. Посетено на 2 јануари 2019.
  9. „Sampdoria, ecco i numeri di maglia: Muriel si prende il 9, Budimir il 47“. Calciomercato.com. 5 мај 2016. Посетено на 12 март 2017.
  10. Giacomo Luchini (21 август 2016). „Empoli-Sampdoria 0-1: un lampo di Muriel rovina l'esordio a Martusciello“. la Repubblica. Посетено на 12 март 2017.
  11. „Roma-Sampdoria, Muriel fa un gol pazzesco e lo applaude perfino Totti“. Посетено на 13 септември 2016.
  12. Mirko Spadaro (22 октомври 2016). „Muriel trascina la Sampdoria, Genoa al tappeto: il 'Derby della Lanterna' è blucerchiato! [FOTO e VIDEO]“. SportFair.it. Посетено на 12 март 2017.
  13. „Serie A: Muriel replica a Bernardeschi, Fiorentina-Samp è 1-1“. SportMediaset. 6 ноември 2016. Посетено на 12 март 2017.
  14. „Sampdoria-Sassuolo 3-2, Quagliarella e Muriel ribaltano il risultato in 7 minuti“. Tuttosport. 20 ноември 2016. Посетено на 12 март 2017.
  15. Damiano Basso e Andrea Schiappapietra (11 март 2017). „Genoa-Sampdoria 0-1, decide (di nuovo) Luis Muriel“. Il Secolo XIX. Архивирано од изворникот на 2019-01-01. Посетено на 11 март 2017.
  16. Carlos Passerini (11 март 2017). „Serie A, Genoa-Sampdoria 0-1: due derby ai blucerchiati dopo 57 anni“. Corriere della Sera. Посетено на 12 март 2017.
  17. „Calcio: Udinese-Samp; Giampaolo, forzatura espulsione Muriel - Liguria“. ANSA.it. 21 мај 2017. Посетено на 7 јуни 2018.
  18. „El Fichaje de Muriel ya es Oficial“. Sevilla. 11 July 2017. Посетено на 11 July 2017.
  19. Carral, Gorka (20 August 2017). „Luis Muriel: "No estuve afortunado de cara al gol". Vavel. Посетено на 20 August 2017.(шпански)
  20. „Real Madrid get needed win vs. La Real; Sevilla beat Girona to go second“. ESPN. 17 September 2017. Посетено на 17 October 2017.
  21. Alba, Jesus (11 September 2018). „Volver a la 'pole', el nuevo reto de Muriel“ (шпански). Diario de Sevilla. Посетено на 12 September 2018.
  22. Benson, Ryan (1 January 2019). „Fiorentina beat AC Milan to loan signing of Sevilla's Muriel“. Goal. Посетено на 3 January 2019.
  23. „MURIEL È UN CALCIATORE DELLA FIORENTINA“. it.violachannel.tv. 1 јануари 2019. Посетено на 2 јануари 2019.
  24. „Colombians finish perfect, South Koreans through“. FIFA. 6 August 2011. Архивирано од изворникот на 2017-11-12. Посетено на 9 July 2017.
  25. „FIFA U-20 World Cup Colombia 2011“. FIFA. Архивирано од изворникот на 2018-07-16. Посетено на 12 November 2017.
  26. Edwards, Daniel (16 May 2012). „Muriel included in Colombia squad for World Cup qualifiers“. Goal. Посетено на 9 July 2017.
  27. „Scout report - Luis Muriel“. Sportskeeda. 4 May 2014. Посетено на 9 July 2017.
  28. Worswick, Carl (4 June 2014). „Life after Falcao for Colombia“. ESPN. Посетено на 9 July 2017.
  29. Juniorista, Rincon (5 June 2016). „El regalo de Luis Fernando Muriel para Ovelar“. El Heraldo. Посетено на 10 July 2017.(шпански)
  30. „Revealed: Every World Cup 2018 Squad“. Goal. Посетено на 6 July 2018.
  31. Wallace, Sam; Tylers, Alan (4 July 2018). „England banish penalty curse to pass Colombia test and reach World Cup quarter-final“. The Telegraph. Посетено на 6 July 2018.
  32. 32,0 32,1 32,2 32,3 Во квалификациските кола.
  33. 5 настапи во квалификациите

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]