Луис Фелипе Сколари
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Лични информации | |||
---|---|---|---|
Целосно име | Луис Фелипе Сколари | ||
Положба | одбрана | ||
Клупски информации | |||
Тековен клуб | Палмеирас | ||
Младинска кариера | |||
1966–1973 | Ајмор де Сао Леополдо | ||
Возрасна кариера* | |||
Години | Екипа | Наст. | (Гол.) |
1973–1979 1980 1980–1981 1981 |
Каксијас Јувентуде Нуово Хамбурго ЦСА | ||
*Клупски домашни лигашки настапи и голови |
Луис Фелипе Сколари, (р. 9 ноември 1948 во Пасо Фундо, Рио Гранде до Сул „Големиот Фил“ во Бразил и понекогаш во Португалија,е победник на светско првенство и Бразилски фудбалски менаџер.Тој е моментално менаџер на Палмеирас.Тој служеше како менаџер на Португалската репрезентација од 12 јули 2003 година до 30 јуни 2008 година.Како португалски менаџер тој ги донесе нив до финалето на европското првенство 2004 година во кое тие изгубија 1-0 од Грција како и водејќи ги до 4то место во 2006 во Светското првенство на ФИФА (FIFA World Cup).Сколари ја доведе Португалија до Европското првенство (Euro 2008),но даде отказ откако Португалија загуби 3-2 од Германија во втората стаза.Тој беше наследен од Карлос Киерос(Carlos Queiroz) на 5 јули 2008 година.
Кариера како играч
[уреди | уреди извор]Одбранбен играч познат повеќе како некомпромисен отколку вешт,тој беше познат помеѓу неговите современици како„дрвена нога“,бразилско-португалски назив за лош играч.Сколари ги следел стапките на неговиот татко Бенџамин,кој беше исто така Бразилски професионален фудбалски играч.Неговата кариера како опфатена магија со Каксиас, Јувентуде, Нуово Хамбурго, и ЦСА (Centro Sportivo Alagoano) и често бил капитен во клубовите каде што играл.Со ЦСА тој ја освои својата единствена голема титула како играч Алагоанското државно првенство.
Кариера како менаџер
[уреди | уреди извор]Рана кариера
[уреди | уреди извор]После пензионирање како играч во 1982год.беше назначен како менаџер на ЦСА,победувајќи во алагоанското државно првенство во неговата прва сезона.После низа на маѓии со Јувентуде (двапати), Бразил де Пелотас и Ал Шабаб, тој се пресели во Гремио каде штого освои Гаучо првенството и Палмеирас,кој е еден од најголемите и најтрадиционални клубови во Бразил.
Кувајт
[уреди | уреди извор]Потоа имал две годишен престој како главен на Куваити,со кои тој ја освои престижната Кувајт Емир Куп награда во 1989 година.Ова беше проследено од краток престој како менаџер на Кувајтската решрезентација,освојувајќи го 10то место во Гулф Купот во Кувајт.Тој се врати во Бразил откако Садам Хусеин го нападна Кувајт ,тој беше тренер на Крикиума до нивната национална титула во купот на Бразил .Тој се врати како менаџер на клуб на Средниот Исток,справувајќи се со Ал Али и негова втора маѓија на Ал Квадисија.
Крикиума во Санта Катариана Бразил
[уреди | уреди извор]Тој беше тренер во Крикиума во 1991 година кога тие беа шампиони на бразилскиот куп победувајќи го Гремио.За оваа национална титула тие не изгубија ниту еден натпревар.Тие победија во 6 натпревари и изиграа нерешено во 4 натрпевари.
Гремио
[уреди | уреди извор]Во 1993 година, Сколари се врати во Гремио,каде што беше критикуван од Бразилските медимуми за неговиот не-бразилски стил на фудбал.Тој освои шест титули во 3 години вклучувајќи ја и Копа Либертадорес во 1995 година што ги квалификува во Интерконтиненталниот куп,во кој тие изгубија од Ајакс на пенали.Следната година тие го освоија Бразилското првенство.Во неговиот тим немаше вистински звезди и работата беше заснована на игра на таканаречен играчи работници како парагвајскиот десен бек Франциско Арсе(кој подоцна го однесе во Палмеирас),силниот борбен среден играч Пауло Нунес, и централниот напаѓач Марио Јардел.
Јубило Ивата
[уреди | уреди извор]Во 1997 година, Сколари стана менаџер на Јапонската лига на страната на Јубило Ивата,но заминал после 11 натпревари и кратко потоа го зазема кормилото на Палмеирас назад во Бразил.
Палмеирас „Зелениот Џин“
[уреди | уреди извор]За три години, Сколари ги доведе Палмеирас до бразилскиот куп, купот Меркосур, и нивната прва Копа Либертадорес титула со победа на пенали над Депортиво Кали од Колумбија.Тие исто така беа втори веднаш до Манчестер Јунајтед во 1999 година во Интерконтиненталниот Куп.Сколари беше прогласен јужно американски тренер на годината за 1999 година.
Крузеиро
[уреди | уреди извор]Во 2000,Сколари беше назначен да раководи со Крузеиро, за некаде околу година.
Менаџирање репрезентации
[уреди | уреди извор]Кувајт
[уреди | уреди извор]Сколариевите први вкусови за паководење на репрезентации дојдоа во 1990 година кога тој беше тренер на Кувајтската репрезентација.Тие го освоија Гулф купот на нациите во 1990 година, победувајќи го Катар во финалето, но тој беше приморан да ја напушти земјата кога Ирак нападна, го окупира Кувајт за време на Гулфската војна, после која се врати да раководи со клубови за веќе една декада.
Бразил
[уреди | уреди извор]Во Јуни 2001 година, Сколари беше назначен како менаџер на неговата татковина Бразил, со кој пет меча до крајот беа во опасност да не се пласираат за Светското Првенство на ФИФА 2002 година. И покрај губењето на неговиот прв меч 1-0 со Парагвај, Сколари евентуално го водеше тимот до квалификации. Во успехот до финалето, Сколари одби да го вклучи ветеранот Ромарио во кадарот, и покрај притисокот од публиката и плачливото појавување на самиот играч. Бразил влезе во турнирот но не како фаворит,но извојува победа на Турција, Кина, Костарика, Белгија, Англија и повторно Турција која ги носи до финалето, каде ги победуваат Германците со 2-0 со два гола на Роналдо за да ја кренат нивната петта титула во светското првенство. На крајот на 2002 година, Сколари се откажа како менаџер на Бразил.
Португалија
[уреди | уреди извор]Сколари ја презеде работата како менаџер на Португалија во 2003 година и ги надгледуваше нивните подготовки како домаќини на европското првенство во 2004 година. Во финалето, Португалија помина низ фазата со групи и ги отсече Англија во четврт-финалето на пенали пред да ги победат Холандија во полуфиналето.Како и да е, во финалето, тие беа поразени со 1-0 од Грција. Тој раководеше со Португалија во 2006 година на Светското Првенство во Германија каде што стигнаја до полуфинале, уште еднаш излегувајќи како победоносни над Англија во четврт-финалето. Но не стигнаа до финалето бидејќи претрпеа пораз од Франција во полуфинале.После првенството, Сколари беше добро поврзан со англиските менаџерски работи, но на крај одбра да остани како селектор на Португалија. Сколари ги однесе Португалија на европското првенство 2008 година каде што стигнаа до нокаут фазата победуајќи во група А, пред да бидат елиминирани од Германија во четврт-финалето. За време на турнирот, тој објави дека ќе и се придружи на англиската Премиер Лига како тренер на Челзи за сезоната 2008-09.
Враќање на клупско раководење
[уреди | уреди извор]Челзи
[уреди | уреди извор]Сколари го презеде раководството над Челзи како менаџер на 1 јули 2008 година. Ова беше објавено кратко после натпреварот помеѓу Португалија и Чешката Република на 11 јуни.Со овој договор, Сколари стана првиот менаџер кој освоил светско првенство да успее да влезе во Премиер Лигата. Во претходните прес конференции, Сколари зборуваше за „бесот“ и „триумфите“ и имаше углед на тешка и непредвидлива особа.Кога бил прашан дали неговата одлука да се придружи на Челзи била финансиска тогаш тој одговорил: „Да ,тоа е една од причините“ но додал „Јас сум 59 годишен и не сакам да работам како тренер до 70 години, сакам да се пензионирам за 4 или 5 години, па беше финансиска сага но има и други работи“. Тој исто така рекол: „Можам да му понудам на син ми шанса да студира на друго место, добиваш ваква шанса еднаш па или ја прифаќаш или не, но не беше само финансиска“. Сколари подоцна кажа дека одбил понуда на Манчестер Сити. Првиот меч на Сколари на кормилото на Челзи беше пријателски натпревар против кинески тим Гуангзу Фармацевти, Челзи победи со 4-0.Тој го доведе средниот играч на Барселона, Деко, играч со кој беше запознаен во португалската репрезентација, неговата прва сума за договор беше 8 милиони евра, но беше често исфрустриран од неговите обиди да го натера да потпише договор бразилскиот интернационалец Робињо од Реал Мадрид. Кариерата на Сколари како менаџер на Челзи во Премиер Лигата почна со добар старт со победа над носителот на ФА купот Портсмут со 4-0. Под раководство на Сколари, Челзи ја имаше најголемата гостинска победа која клубот ја постигнал во изминатите пет години во кои Челзи победи со 5-0 на Риверсајд Стадионот во октомври 2008 година. Беше тоа клупска најголема победа некогаш над Мидлсбро. Сколари беше отпуштен како менаџер на Челзи на 9 февруари 2009 година после низа слаби резултати како поразот од Ливерпул на домашен терен кој подоцна следеше и фрустрирачки нерешен резултат на домашен терен со Хул Сити. Клубот ги изјави своите причини за неговото отстранување кои гласеа „Резултатите и настапите на екипата беа опаѓачки во клучно време во сезоната“ Замената на Сколари во Челзи за остатокот од 2008-2009 година беше холанѓанецот Гус Хидинк, кој беше исто така менаџер на руската репрезентација во исто време.
Буниодкор
[уреди | уреди извор]На 6 јуни 2009 година, беше забележан во публика (со Ривалдо играч на Буниодкор)на узбекистанскиот светски квалификациски куп против Јапонија, и на 8 јуни 2009 година,Сколари открива дека потпишал 18 месечен договор со Бундиокор.Договорот го направи Сколари најскапо платениот тренер заработувајќи 13 милиони евра годишно. Заминува со заедничка согласност на 29 мај 2010 година откако не успева да ги води Буниодкор во последните 16 во азиското првенство иако кажал гаф како е загрижен за образованието на неговиот син како една клучна причина.
Враќање во Палмеирас
[уреди | уреди извор]На 13 јуни 2010 година, Сколари беше прогласен како нов менаџер на Палмеирас.Потпиша 2 и пол годишен договор.
Личност
[уреди | уреди извор]Сколари е славен поради неговиот темперамент и „настапувањето“ на теренот кога има натпревар, реагирајќи силно на обете добри и лоши моменти на неговиот тим. Добар пример на неговиот жесток темперамент беше на 12 септември 2007 година во квалификувачки натпревар за Европското првенство 2008 против Србија кога на крајот на натпреварот, кога судијата го дувнал последниот свиреж за нерешено 1-1, Сколари му удира лево кроше на српскиот играч Ивица Драгутинович директно на наговиот образ. Карактерот на Сколари, како и да е, често е претставен како добар, наместо повлекување, затоа што тој се обидува да ги држи своите играчи и самиот себе слободни од надворешни притисоци, тој обично бара многу повеќе слобода него повеќето менџери што им е дозволено и се напрега на некаква таканаречена дискретна моќ. Некои критики најмногу му прилегаат дека неговиот уникатен карактер бил многу корисен за Португалската репрезентација, кој имаше традиција од талентирани играчи но никогаш не доби ништо од прекумерни интервенции од федерацијата, клубовите, и агентите на играчите, исто како и недостаток од вистински „тимски дух“ За време на светското првенство 2008 година, тој им даде на неговите играчи копија од Сун Цуевата „Уметност на Војната“ кинескиот воен трактат напишан за време на 6 век п.н.е.Тој исто така им даде на тимот снимки од Ивет Сангало од некоја забава за да го зајакне бразилскиот дух и да го мотивира тимскиот ангажман. За време на неговата кариера медимумите ги покажуваат Сколариевите физиономски сличности со Џин Хекман и Марлон Брандоновиот портрет од Дон Вито Корлеоне во филмот „Кум“ Сколари има италијанско државјанство, од кога неговата фамилија емигрира од Венето. Речено е дека е обожавател на Гремио и Палмеирас, во двете екипи бил на чело. Исто така се знае дека има особена страст за англискиот клуб Нотингем Форест, чиј стилски фудбал го следел кога веќе двапати ја освоиле Европа под раководство на легендарниот Брајан Клох.
Екипа | Држава | Од | До |
---|---|---|---|
ЦСА | 1982 | 1982 | |
Јувентуде | 1982 | 1983 | |
Гремио | 1983 | 1983 | |
Ал Шабаб | 1984 | 1985 | |
Гремио | 1986 | 1986 | |
Јувентуде | 1986 | 1987 | |
Гремио | 1987 | 1987 | |
Гоиас | 1988 | 1988 | |
Ал Кадисија | Предлошка:Кувајт | 1988 | 1990 |
Кувајт | Предлошка:Кувајт | 27 January 1990 | August 1990 |
Крикиума | 1991 | 1991 | |
Ал Ахли | 1991 | 1991 | |
Ал Кадисија | Предлошка:Кувајт | 1992 | 1992 |
Гремио | 1993 | 1996 | |
Јубило Ивата | 1996 | 1997 | |
Палмеирас | 1997 | 2000 | |
Крузеиро | 2000 | 2001 | |
Бразил | 2001 | 2002 | |
Португалија | 2003 | June 2008 | |
Челзи | 1 July 2008 | 9 February 2009 | |
Бјундокор | Узбекистан | FEB 2009 | 2010 |
Палмеирас | 2010 | - |
Одликувања
[уреди | уреди извор]Алагоано
- Алагоанско првенство 1982
Ал Кадиса Кувајт
- Кувајтски Емир Куп 1998
Кувајт
- Гулфски Национален Куп 1990
Крикиума
- Куп на бразил 1991
Гремио
- Првенство Гаучо 1987, 1995, 1996
- Куп на Бразил 1994
- Копа Либертадорес 1995
- Бразилска Лига Серија А 1996
- Судамерикански Куп 1996
Палмеирас
- Бразилски Куп 1998
- Куп Маркосур 1998
- Копа Либертадорес 1999
- Турнир Рио-Саун Пауло
Крузеиро
- Сул-Минас Куп 2001
Бразил
- Светско Првенство на ФИФА 2002
Бјундокор
- Узбекистанска Лига 2001