Лулка со гирланди (Фабержеово јајце)
Лулка со гирланди | |
---|---|
Година на изработка | 1907 |
Нарачател | Николај II, поклон за Марија Фјодоровна |
Моментален сопственик | |
Индивидуална или институционална | Приватна колекција на Роберт М. Ли во САД[1] |
Година на стекнување | 1989 |
Дизајн и материјали | |
Употребен материјал | јајце:злато, прозрачен светлосин и зелен емајл, дијаманти, рубини, бисери, бел оникс и свила; сурприз (изгубен), веројатно бил изработен од: злато, бел емајл, рубини, бисери и дијаманти (можеби акварел на слонова коска) |
Висина | 14,6 cm |
Лулка со гирланди или Трофеи на љубовта – едно од серијата од 52 украсни велигденски јајца изработени под надзор на рускиот јувелир Петар Карл Фаберже. Јајцето било изработено во 1907 година за последниот руски цар, Николај II. Царот Николај ѝ го подарил јајцето на мајка си, царицата-мајка Марија Фјодоровна, на Велигден 1907 година. Јајцето се наоѓа во приватна колекција во Соединети Американски Држави.[2].
Опис
[уреди | уреди извор]Царското јувелирно велигденско јајце „Лулка со гирланди“ е направено во стилот на Луј XVI. Изработено е од злато, емајлирано со прозрачен светлосин и зелен емајл, украсено со ленти од обоени емајлирани рози и прозрачни смарагдни емајлирани листови, ленти и свитоци од црвено злато, дијаманти, рубини, бел оникс и свила. Јајцето се наоѓа во златна лулка поставена на четири столба од црвено злато, фиксирани на овална бела основа од оникс.[3][4].
Изненадување
[уреди | уреди извор]Изненадувањето е изгубено.[2] Според фактурата на Фаберже, сурпризот бил минијатура на царските деца. Веројатно бил изработено од злато, бел емајл, рубини, бисери и дијаманти (можеби акварел на слонова коска).
Сопственост
[уреди | уреди извор]Царот Николај II ѝ го поклонил јајцето на мајка си Марија Фјодоровна за Велгиден во 1907 година. Не се знае како јајцето стигнало на Запад, веројатно преку галеријата Хамер и нивните руски врски. Од 1962 година јајцето е сопственост на приватна колекција во САД. Последен пат било изложено во јавност во 1989 година во Сан Диего. Сега е дел од приватната колекција на Роберт М. Ли, САД.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Annemiek Wintraecken: Love Trophies Egg
- ↑ 2,0 2,1 „Коллекция яиц Фаберже: Колыбель с гирляндами, 1907“. Коллекция яиц Фаберже. equal.lv. Архивирано од изворникот на 2014-05-12.
- ↑ „Mieks: Love Trophies Egg, 1907“. Mieks Faberge Eggs (англиски). mieks.com. Архивирано од изворникот на 2014-05-11.
- ↑ „Яйца Фаберже: Колыбель с гирляндами, 1907“. Яйца Фаберже. faberge-eggs.info. Архивирано од изворникот на 2014-05-12.