Прејди на содржината

Мадем (река)

Координати: 40°50′38″N 23°49′57″E / 40.8440° СГШ; 23.8326° ИГД / 40.8440; 23.8326
Од Википедија — слободната енциклопедија
Мадем
Καμένο Ρέμα
Местоположба
ЗемјиГрција
КрајНигритско, Егејска Македонија
Физички особености
Извор 
 • местоОрсова Планина
 • координати40°47′14″N 23°39′28″E / 40.7871° СГШ; 23.6577° ИГД / 40.7871; 23.6577
Устие 
 • место
Струма
 • координати
40°50′38″N 23°49′57″E / 40.8440° СГШ; 23.8326° ИГД / 40.8440; 23.8326
Особености на сливот
Мадем (река) во рамките на Визалтија (општина)
извор
утока

Мадем (грчки: Καμένο Ρέμα, Камено Рема[1]) — река во Нигритско, Егејска Македонија, десна притока на Струма.[2][3][4]

Реката извира од Орсова Планина, источно под врвот Ататема (1.001 м) и под името Мадем[2] или Нерумана[4] тече на североисток на планината. Кај некогашното село Инели свртува на исток и го носи името грчкото име Милос[2] или Мили.[4] Минува низ поранешното село Јанили[4] (Јавнили),[2] чие име исто така го носи.[4] Излегува од планината и проаѓа низ поранешнто село Кастри, каде на грчки е наречена Кастролакос. Малку пред да стигне до Струма се двои на два ракава — едниот свртува на североисток и се влева во Струма, а другиот кон југоисток и се влева во месноста Хандак меѓу урнатините на древниот град Амфипол.[2]

→ лева, ← десна

  • ← Колокитна[2]
  • → Мезиница[2]
  • → Амболи[2]
  1. „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 427. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 146): 1041. 1968. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
  3. Nigríta GSGS (Series); 4439. 1st ed. Lambert conical orthomorphic spheroid Bessel proj. Prime meridians: Greenwich and Athens. "Reproduced from M.D.R. 610/10395." In collections: Greece 1:100k Topographic Maps. Digital Archive McMaster University. London: War Office. 1944.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Rodholívos GSGS (Series); 4439. 1st ed. Lambert conical orthomorphic spheroid Bessel proj. Prime meridians: Greenwich and Athens. "Reproduced from M.D.R. 610/10395." In collections: Greece 1:100k Topographic Maps. Digital Archive McMaster University. London: War Office. 1944.