Мануфахи (општина)
Мануфахи Manufahi | ||
---|---|---|
Општина | ||
Саме, Мануфахи | ||
Мапа на Источен Тимор, истакнувајќи ја општината Мануфахи | ||
Држава | Источен Тимор | |
Главен град | Саме | |
Површина | ||
• Вкупна | 1.323 км2 (511 ми2) | |
Население | ||
• Вкупно | 53 691 | |
• Густина | 41/км2 (110/ми2) | |
Час. појас | UTC+9 (UTC+9) | |
ИЧР (2017) | 0.618 medium |
Мануфахи (португалски: Município Manufahi, тетум: Munisípiu Lautein) — една од општините на Источен Тимор. Има население од 53 691 (попис од 2015 година) и површина од 1 323 км².[1] Главниот град на општината е Саме.
Историја
[уреди | уреди извор]За време на португалската колонија, општината се викаше Саме, по главниот град. Тоа беше епицентарот на Големата буна од 1910–12 година.
За време на индонезиската окупација, тогашната под-област Хато-Удо беше отцепена од тогашната област Мануфахи и се приклучи на Ајнару, а тогашната под-област Турискаи, претходно во Ајнару, беше преместена во Мануфахи.
Географија
[уреди | уреди извор]Мануфахи лежи на јужниот брег на Источен Тимор, на Тиморското Море. Се граничи со Манатуту на исток, Ајнару на запад и Ајлеу на север.
Население
[уреди | уреди извор]Покрај националните официјални јазици тетумски и португалски јазик, се зборува и малајо-полинезиски јазик Мамбаи.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Wayback Machine“. web.archive.org. 2016-12-31. Архивирано од изворникот на 2016-12-31. Посетено на 2020-11-18.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)