Прејди на содржината

Марин Црвенов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Марин Црвенов
Роден 3 февруари 1945
Велес
Починал 15 октомври 2015
Скопје, Македонија Македонија
Занимање балетан

Марин Црвенов (Велес, 3 февруари 1945 - Скопје, 15 октомври 2015) — македонски балетан, кореограф и педагог.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Црвенов е роден во Велес на 3 февруари 1945 година. Својата балетска наобразба ја добил во Балетското училиште во Скопје во класата на Р.Пакашки. Од 1975 до 1977 година престојувал во Москва каде што ја завршил својата специјализација. Од 1962 до 1990 година бил првенец на Балетот при МНТ. Тој се занимавал и со педагошка дејност, а делумно и со кореографија, а од 1977 до 1979 година бил шеф на Балетот при МНТ. Ги толкувал улогите: Ромео во „Ромео и Јулија” од Сергеј Прокофиев, Базил во „Дон Кихот”, Алберт во „Жизел”, Зигфилд во „Лебедово езеро” од П.И.Чајковски. Црвенов е добитник на Државната награда „11 Октомври“ и на наградата „Национален уметник“ на Македонија. Починал во Скопје на 15 октомври 2015 година.[1]

  1. Почина балетскиот првенец Марин Црвенов. Архивирано од изворникот на 2015-10-17. Посетено на 2015-10-23.