Марна (река)
Марна | |
---|---|
Местоположба | |
Физички особености | |
Устие | Сена 48°48′57″N 2°24′40″E / 48.81583° СГШ; 2.41111° ИГД |
Должина | 514 |
Особености на сливот |
Марна (фр. Marne) е река во Франција, десна притока на Сена во која се влева југоисточно од Париз. Долга е 514 км.[1] По реката е наречени департманите Горна Марна, Марна, Сена и Марна и Долина на Марна.
Извира од висорамнината на Лангр, тече на север и се извива на запад помеѓу Сен Дизје и Шалон ан Шампањ, влевајќи се во Сена кај Шарантон (Париз). Во регионот Шампања, дел од водата минува низ вештачкото езеро Дер Шантекок, кое служи за регулација на водотекот. Со ова се спречуваат големи надоаѓања или низок водостој во подолниот тек на реката.[2]
Реката е позната како значајно војувалиште кајшто се случиле две битки во Првата светска војна. Првата битка (1914) одиграла клучна пресвртна улога во Првата светска војна. Втора битка се случила по четири години, во 1918.
Во текот на XIX и XX век, реката Марна инспирирала разни сликари, меѓу кои:
- Камиј Коро
- Пол Сезан
- Камиј Писаро
- Анри Русо
- Албер Марке
- Раул Дифи
- Андре де Сегонзак
- Луј Вујермоз
- Морис Боател
- Даниел ди Жанеран
Департмани и поважни места по течението
[уреди | уреди извор]- Горна Марна (52): Лангр, Шомон, Сен Дизје
- Марна (51): Витри ле Франсоа, Шалон ан Шампањ, Еперне
- Ена (02): Шато Тјери
- Сена и Марна (77): Мо, Лањи на Марна, Сен Тибо де Вињ, Торси, Ноазјел, Шел
- Сена-Сен Дени (93): Неји на Марна, Ноази ле Гран, Гурне на Марна, Неји-Плезанс
- Долина на Марна (94): Ножен на Марна, Кретеј, Шарантон ле Пон, Шампињи на Марна, Сен Мор де Фосе, Жоанвил ле Пон, Сен Морис, Бри на Марна, Ле Пере на Марна
„Марна (река)“ на Ризницата ? |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Марна во базата „Сандр"“. (француски)
- ↑ „Скротување на Марна“. Архивирано од изворникот 2006-11-24. Посетено на 1 јуни 2006. (француски)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Водич за реката Марна[мртва врска] - места, пристаништа и сидришта (англиски)
|