Прејди на содржината

Маршот на Дрина (филм од 1964)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Маршот на Дрина“ (српски: Марш на Дрину) – српски и југословенски филм од 1964 година, во режија на Жика Митровиќ. Главните улоги ги толкуваат: Александар Гавриќ, Никола Јовановиќ, Владимир Поповиќ, Љуба Тадиќ, Хусеин Чокиќ, Бранко Плеша, Драгомир Бојаниќ - Гидра, Зоран Радмиловиќ и Петре Прличко.

Синопсис

[уреди | уреди извор]

Весниците јавуваат дека е распишана општа мобилизација во Кралството Србија. Веселин (Веца), син на богато банакрско семејство, сака да биде испратен на фронтот, но неговиот татко се обидува да го спречи во тоа. Сепак, Веца (го игра Јовановиќ) ѝ се приклучува на војската, сместена во Аранѓеловац каде војниците го прифаќаат со сомнеж, зашто во претходната војна го напуштил фронтот. Војската добива наредба да се упати кон планината Цер, очекувајќи го нападот на непријателот. Набргу започнува борбата и српската војска е принудена да се повлече. Притоа, еден топ останува на фронтот, а Веца чувствува вина поради оставањето на топот. Затоа, тој се пријавува да ја предводи својата единица во следниот напад. Меѓутоа, за време на борбата, тој погинува, заедно со повеќе други борци. Најпосле, српската војска успева да изврши противнапад и да ја протера австроунгарската војска преку Дрина.[1]