Милесова градина
Милесова градина е уметнички музеј и градина на скулптури, сместен на островот Лидинге во Стокхолм, Шведска. Се наоѓа на просторот на некогашниот дом на вајарот Карл Милес (1875–1955) и неговата сопруга, уметничката Олга Милес (1874–1967). Милесовата градина се состои од три главни дела: некогашниот дом на уметникот, уметничката галерија и парк на скулптури. На површина од 2 ха, на три тераси приспособени на теренот, се наоѓаат околу 200 фигури, меѓу кои има и 10 фонтани.[1][2]
Историја
[уреди | уреди извор]Во 1906 година, уметничкиот пар Карл и Олга Милес ја купиле парцела во Лидинг. Куќата ја проектирал архитектот Карл М. Бенгтсон (1878-1935) и свечено била отворена во 1908 година. Подоцнежните реновирања и доградби биле работени во соработка со милесовиот брат архитектот Еверт Милес (1885-1960). Планирале да изградат дом поврзан со уметноста. Во Милесовата градина воглавно се дела на Карл Милес. На влезот на средната тераса се наоѓа скулптурна градина и уште една вајарска работилница, Мало ателје. Ова било примарното живеалиште на Карл и Олга Милес до 1931 година. Во 1936 година Милесовата градина била трансформирана во фондација која била поклонена на шведскиот народ.[3][4]
Капелата во шумата била додадена кон крајот на 1940-те и е место каде што биле погребани Карл и Олга Милес. На почетокот на 1950-те, се градрла куќата на Ана според цртежите на Еверт Милес. Куќата била наменета за секретарката на Милес, Ана Хедмарк (1899-1993), која во 1950 година го зазела местото на домаќинка и кустос во Милесовата градина. Таму живеела до 1986 година.
Најновата зграда е уметничката сала, која се наоѓа до едната страна од долната тераса. Уметничката сала ја дизајнирал архитектот Јохан Селсинг, а свечено била отворена во октомври 1999 година.[5]
Милесовата градина во популарната култура
[уреди | уреди извор]Милесоват градина е место на воведната сцена на познатиот научно-фантастичен роман на Пол Андерсон, Тау Зеро, а опишани се неколку дела од градината на скулптури.[6]
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Европа и бикот
-
Ангелите свират музика
-
Индијанец со кану
-
Човекот и Пегаз
-
Божја рака
-
Лос
-
Момчињата со делфини
-
Јона и китот
Згради во Милесовата градина
[уреди | уреди извор]-
Шумска капела
-
Куќата на Ана
-
Уметничка сала
-
Пуштете ми да работам додека блеска денот
Ентериер
[уреди | уреди извор]-
Милесовата античка колекција
-
Ентериер
-
Дневна соба во Анината куќа
-
Кујна
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Bergström, Anders; Nolin, Catharina (2004). Millesgården : arkitektur & trädgård (шведски). Stockholm: Atlantis. ISBN 91-7486-799-7.
- ↑ „Olga Milles“. Svenskt biografiskt lexikon. Посетено на September 1, 2019.
- ↑ „Bengtson, Karl (1878 - 1935)“. KulturNav. Посетено на September 1, 2019.
- ↑ „Milles, Evert (1885 - 1960)“. KulturNav. Архивирано од изворникот на 2014-02-02. Посетено на September 1, 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Millesgården“. Visit Stockholm AB. Посетено на September 1, 2019.
- ↑ Anderson, Poul Tau Zero, Doubleday, 1970, p.1
Други извори
[уреди | уреди извор]- Андерс Бергстром (2004) Милесгарден - Архитектура и Троица (Стокхолм: Атлантис)ISBN 91-7486-799-7
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Веб-страница Millesgården (на англиски и шведски)