Прејди на содржината

Маскат

Координати: 23°37′N 58°32′E / 23.61° СГШ; 58.54° ИГД / 23.61; 58.54
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Мускат)
Маскат
مسقط Masqaṭ
Град
Muscat
Централниот економски округ во Маскат.
Централниот економски округ во Маскат.
Знаме на Маскат
Координати: 23°36′31″N 58°35′31″E / 23.60861° СГШ; 58.59194° ИГД / 23.60861; 58.59194
Држава Оман
ПокраинаМаскат
Управа
 • ВидАпсолутна монархија
 • СултанКабос бин Саид
Површина
 • Метро3.500 км2 (1,400 ми2)
Население (2008)
 • Метро1,090,797
Час. појасоманско стандардно време (UTC+4)
Мреж. местоhttp://www.omanet.om

Маскат (арапски: مسقط, Masqaṭ) е најголемиот и главен град на Оман. Градот е седиште на владата и центар на покраината Маскат. Во 2008 година, метрополитенската област Маскат имала 1.090.797 жители[1]. Оваа поширока област зафаќа околу 1.500 км2 и е поделена на шест окрузи.

Маскат бил значаен трговски град низ историјата и поради тоа бил под владеење на различни народи и странски сили како на пример Персија или Португалија. Поради неговата местоположба и трговско значење, во градот се населиле и Персијци, Гуџарати и останати околни народи. Откако на трнот на Оман дошол султанот Кабос бин Саид, Маскат забележал голем инфраструктурен развој и развој на економијата.

Околу градот доминантни се карпестите планини Ал Хаџар. Градот се наоѓа на Оманскиот Залив и во близина на Ормускиот Проток. Градот е карактеристичен по ниските бели згради. Економијата на Маскат е застапена пред сè од трговијата и петролеум.

  1. World Gazetteer

Користена литература

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]


23°37′N 58°32′E / 23.61° СГШ; 58.54° ИГД / 23.61; 58.54