Мустаклеста сипка
Мустаклеста сипка | |
---|---|
Возрасен мажјак | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Птици |
Ред: | Врапчевидни |
Семејство: | Мустаклести сипки ? |
Род: | Мустаклести сипки Koch, 1816 |
Вид: | Мустаклеста сипка |
Научен назив | |
Panurus biarmicus (Linnaeus, 1758) |
Мустаклестата сипка (науч. Panurus biarmicus) е мала врапчевидна птица со силно изразен полов диморфизам. Иако, во македонскиот јазик името ѝ е сипка, таа не спаѓа во семејството на сипките (Paridae), туку во блиското семејство Panuridae. Оваа птица ја има во Македонија.
Таксономија
[уреди | уреди извор]Отпрво, мустаклестата сипка била сместена во семејството на вистинските сипки (Paridae), па префрлена во папагалестите (Paradoxornithidae). Но, по неодамнешни истражувања, се дошло до заклучок дека е единствен вид, неповрзан со други и затоа е сместена во монотипичното семејство на мустаклести сипки Panuridae.
Распространетост и живеалиште
[уреди | уреди извор]Мустаклестата сипка е широко распространета во умерена Европа и Азија. Таа е постојан жител, и повеќето птици не се селат, освен поради нагли временски промени или многу студено време. Таа е подложна на тешки зими, кои можат да убијат многу птици.
Опис
[уреди | уреди извор]Оваа птица е мала, портокаловокафеава по боја со долга опашка и брановиден лет. Долги се околу 15 см. Мажјакот има синосива глава и црни долги „мустаќи“ (не и брада). Женката нема мустаќи и главата ѝ е кафеава. Јатото често го предава своето присуство во грмушките со карактеристичното ѕвонливо пинг огласување.
Живеалиште и исхрана
[уреди | уреди извор]Мустаклестата сипка живее во влажни предели, во колонии крај езера со трска. Лете се храни со инсекти и пајаци, а зимно време се прилагодува во исхраната и јаде со семе од трска.[2]
Размножување
[уреди | уреди извор]Обично, мустеклестите сипки гнездат во колонии, поточно, во двојки, но близу едни до други. Гнездото е сместено ниско во трската и е во облик на чашка. Несат 5-7 јајца кои ги квачат околу 12 дена и двата родитела. Грижата за потомството во гнездото продолжува 9-12 дена. За една година може да се одгледуваат две легла.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Panurus biarmicus
-
Младенче (горе), возрасен мажјак (центар), возрасна женка (напред)
-
Јато во природно живеалиште
-
Три мажјака
-
Женка
-
Panurus biarmicus biarmicus
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ BirdLife International (2012). „Panurus biarmicus“. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
- ↑ Robson, Craig (2007). „Family Paradoxornithidae (Parrotbill)“. Во del Hoyo, Josep; Elliott, Andrew; Christie, David (уред.). Handbook of the Birds of the World. Volume 12: Picathartes to Tits and Chickadees. Barcelona: Lynx Edicions. стр. 292–320. ISBN 978-84-96553-42-2.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Мустаклеста сипка“ на Ризницата ? |
- Bearded Reedling videos, photos & sounds Архивирано на 3 март 2016 г. on the Internet Bird Collection
- Song of the Bearded Tit (Real Audio soundfile from Sveriges Radio P2)
- Ageing and sexing (PDF; 3.1 MB) by Javier Blasco-Zumeta & Gerd-Michael Heinze Архивирано на 12 ноември 2013 г.