Мшчонув
Мшчонув Mszczonów | ||
---|---|---|
Велепоседничка куќа од XIX век во Мшчонув | ||
Координати: 51°58′27″N 20°31′36″E / 51.97417° СГШ; 20.52667° ИГД | ||
Земја | Полска | |
Војводство | Мазовско | |
Округ | Жирардувски | |
Општина | Мшчонув | |
Основан | 1377 | |
Управа | ||
• градоначалник | Јузеф Гжегож Курек | |
Површина | ||
• Вкупна | 8,56 км2 (331 ми2) | |
Население (2016) | ||
• Вкупно | 6.409 | |
Час. појас | CET (UTC+1) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Поштенски број | 96-320 | |
Повик. бр. | +48 46 | |
Рег. таб. | WZY | |
Мреж. место | mszczonow.pl |
Мшчонув (полски: Mszczonów; јидиш: אַמשינאָוו, Амшинов) — град во Мазовското Војводство, во средишниот дел на Полска. Има 6.409 жители (2016)[1] и е административен центар на истоимената градско-селска општина.
Географија
[уреди | уреди извор]Градот се наоѓа во историската област Мазовија. Сместен е покрај реката Окшеша на 50 км југозападно од главниот град Варшава.
Историја
[уреди | уреди извор]Мшчонув првпат се споменува во 1245 година (во документ на кнезот Конрад I Мазовецки). По археолошки ископувања на стари гробишта од XII век во градот се оформува мислење дека населбата е постара повеќе од еден век од споменатата година. Мшчонув добил градски права во 1377 година од кнезот Шемовит III Мазовецки.
Градот има еврејска заедница и некогаш бил центар на хасидската династија Амшинов (затоа Мшчонув на јидиш се нарекува Амшинов).
Збратимени градови
[уреди | уреди извор]Мшчонув е збратимен со следниве градови:
- Кочани, Македонија
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Општината
-
Обиколниот пат
-
Обиколниот пат
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Мшчонув на Ризницата ?
- Градски портал на Мшчонув
Оваа статија место во Полска е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |