Надја Петровиќ
Надја Петровиќ | |
---|---|
Надја Петровиќ пред свое дело | |
Роден(а) | 20 јули 1991 Битола, СР Македонија |
Образование | ликовно |
Установа | Ликовна академија во Фиренца Европска економска школа Централен колеџ „Св. Мартин“ |
Стил | фигуративен, со примеси |
Мреж. место | nadjapetrovic.com |
Надја Петровиќ (р. 20 јули 1991 во Битола) — македонска академска сликарка од домашно и меѓународно значење која живее и работи во Скопје и во Фиренца.
Образование
[уреди | уреди извор]Петровиќ е родена во Битола. Уште во пораната младост учествувала на Малиот битолски Монмартр, каде ја освоила Плакетата „Македонија“. Почнала да освојува разни признанија во странство, освојувајќи медали и награди во Бугарија, Португалија и Кина во периодот од 2002 до 2003 г.[1] Средното образование го завршила во гимназијата „Таки Даскало“ во Битола, по што во 2009 г. посетувала неколку курсеви на Централниот колеџ „Св. Мартин“ во Лондон.[1] Во 2010 г. го продолжила образованието на Академијата за ликовни уметности во Фиренца (Accademia di Belle Arti di Firenze), дипломирајќи во 2013 г. на отсекот за сликарство и цртање. Во 2017 г. магистрирала при Одделот за визуелна уметност и нови јазични изразувања на истата академија.[1] [2] Истата година ја посетувала и Европската економска школа во Фиренца, каде го завршила образованието за управување во уметноста и културата.
Работа и стил
[уреди | уреди извор]Петровиќ твори дела од фигуративната уметност со големи размери, кои сепак вклучуваат и елементи на апстракција, симболично значење, како и елементи на концептуалност.[3] Според признанието на авторката, главната тема во нејзините дела е човекот и неговите состојби како резултат на неговото дејствување.[4]
Дела
[уреди | уреди извор]Надја Петровиќ има изработено голем број на дела, групирани во серии. Некои од нив се следниве:[5]
- „Под кожата“ (Under the Skin) — серија од 2016 г.
- „Звукот на тишината“ (Sound of Silence) — серија од 2017 г.
- „Привид на стварност“ (Illusion of Reality) — серија од 2018 г.
Одржани изложби
[уреди | уреди извор]- Групни[6]
- Музеј на американската уметност „Бигс“ во Довер, Делавер, САД (2019)
- Придружен настан при Венецијанското биенале (2019)
- „Галерија МЦ“, Њујорк (2019)
- „Арт Сан Диего“, Сан Диего (2018)
- „Арт бокс Њујорк“, Њујорк (2018)
- Изложбено-собирен центар „Месе“, Виена (2018)
- Ликовна галерија „Брик лејн“, Лондон (2017)
- Самостојни
- „Под кожата“ (НЛБ Галерија, Скопје, 2017)[7]
- „Кршливоста на светулките“ (Музеј на град Скопје, 15-30 март 2023)[8]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Изложба на Надја Петровиќ во НЛБ Галерија“. НЛБ Банка. Посетено на 8 јануари 2022.
- ↑ „Човекот како главен елемент во делата“, Слободен печат, година XI, број 2811, сабота-недела, 25-26 март 2023, стр. 15.
- ↑ „About“. Nadjapetrovicart. Посетено на 8 јануари 2022.
- ↑ „Човекот како главен елемент во делата“, Слободен печат, година XI, број 2811, сабота-недела, 25-26 март 2023, стр. 15.
- ↑ „Gallery“. Nadjapetrovicart (англиски). Посетено на 2022-01-08.
- ↑ „Nadja Petrovic“. Saatchi Art. Посетено на 8 јануари 2022.
- ↑ „Изложба „Под кожата" на Надја Петровиќ во НЛБ Галерија“. Порта3. 31 август 2017. Посетено на 8 јануари 2022.
- ↑ „Човекот како главен елемент во делата“, Слободен печат, година XI, број 2811, сабота-недела, 25-26 март 2023, стр. 15.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Надја Петровиќ“ на Ризницата ? |