Нарезница
Изглед
Нарезница или нарежница — алатка за рачно и машинско режење на навои со помали пречници.
Кружните нарезници служат за рачно и машинско режење навои со помали пречници, а навојот се изработува со едно поминување. Кружните нарезници може да бидат затворени или отворени. Држачите на нарезници служат за придржување и сместување на нарезниците.
Квадратните нарезници имаат вилици кои можат да се поместуваат, бидејќи се дводелни, па потполно може да се режат и навои со поголеми пречници.
Главите за рачно режење навои имаат примена при режење навои на водоводни цевки.
Постапка на работа
[уреди | уреди извор]Пред да почнување со работа, треба да се провери исправноста на режечкиот алат. Потоа:
- нарезницата треба правилно да се стегне во држачот и да се затегне со шрафови;
- предметот на обработка треба да биде претходно обработен, со заобленост на врвот, што овозможува вертикално поставување на нарезницата и правилно режење на навојот;
- телото на шрафот мора да биде стегнато вертикално, цврсто и сигурно, а нарезницата да биде поставена вертикално на телото на завртката;
- држачот на нарезницата треба рамномерно и правилно да се врти, а по половина вртење во насоката на режење, нарезницата малку се враќа во спротивна насока за да се скрши струготината;
- за да се добие чист и мазен профил, се користат средства за подмачкување;
- навојот се контролира со контролен чешел за навој.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Mijo Matošević: "Tehnologija obrade i montaže", udžbenik za I razred strojarske struke, Um d.o.o., 2005.