Низ брановите
„Низ брановите“ (англиски: Breaking the waves) — филм на режисерот Ларс фон Триер од 1996 година. Главните улоги ги играат: Емили Вотсон, Стелан Скарсгард и Катрин Картлиџ.[1]
Синопсис
[уреди | уреди извор]Дејствието на филмот се одвива во една конзервативна и многу религиозна заедница во северна Шкотска. Наивната, млада жена Бес Мекнил се заљубува во работникот Јан. Тие се сакаат искрено, но кога Бес му се моли на Бога за Јан да ѝ се врати засекогаш по завршената работа, тој навистина се враќа, но со скршен врат. Како последица на несреќата на работното место, тој е целосно парализиран. Бидејќи повеќе не можат да имаат полови односи, Јан ја убедува Бес да најде љубовник. Со текот на времето, Бес станува сè поразвратна и верува дека со нејзините постапки управува Господ со цел да оздрави Јан.
Наводи
[уреди | уреди извор]- Дански филмови
- Шведски филмови
- Филмови од 1996 година
- Филмови на англиски јазик
- Филмови чие дејствие се одвива во Шкотска
- Филмови на Ларс фон Триер
- Филмови со Емили Вотсон
- Филмови со Стелан Скарсгард
- Филмови со Катрин Картлиџ
- Филмови со Удо Кир
- Филмови со Жан-Марк Бар
- Филмови со Џонатан Хекет
- Филмови со Сандра Воу