Прејди на содржината

Ново Конско

Координати: 41°12′N 22°24′E / 41.200° СГШ; 22.400° ИГД / 41.200; 22.400
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Ново Коњско)
Ново Конско
Ново Коњско

Новоизградената црква „Св. Димитриј“ над селото

Ново Конско во рамките на Македонија
Ново Конско
Местоположба на Ново Конско во Македонија
Ново Конско на карта

Карта

Координати 41°12′N 22°24′E / 41.200° СГШ; 22.400° ИГД / 41.200; 22.400
Регион  Вардарски
Општина  Гевгелија
Област Бојмија
Население 168 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1480
Повик. бр. 034
Шифра на КО 06005
Надм. вис. 133 м
Ново Конско на општинската карта

Атарот на Ново Конско во рамките на општината
Ново Конско на Ризницата

Ново Конско или Ново Коњско (до 1973 г. наречено Горничет) — новосоздадено село во Општина Гевгелија, во околината на градот Гевгелија.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]
Патот до црквата, сместена над селото

Населбата се наоѓа во областа Бојмија, во средишниот дел на територијата на Општина Гевгелија. Ова новосоздадено село е сместено северозападно од градот Гевгелија, на патот којшто води кон селото Конско.[2]

За селото не се водело посебна катастарска евиденција.[2]

Историја

[уреди | уреди извор]

Подрачјето на Ново Конско е населено уште од доцната антика, за што сведочат повеќе повеќе наоѓалишта околу селото.[3]

Во XIX век, Горничет било целосно турско село во рамките на Гевгелиската каза на Отоманското Царство.

Вкупно 7 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]

До 1973 година, името на селото било Горничет, кое било променето во сегашното.[5]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Селото има полјоделско-сточарска функција.[2]

Во Ново Конско развиено е полјоделството (домати, краставици, винова лоза итн.) и сточарството.

Стопанството, но и целото село, трпи големи загуби од елементарните непогоди — се случува надојдената вода од поплавите да ги однесе пластениците, да дојде до прекин на водоснабдувањето, рушење на мостовите кон регионалните патишта итн.

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948236—    
1953298+26.3%
1961279−6.4%
1971224−19.7%
1981219−2.2%
ГодинаНас.±%
1991147−32.9%
1994145−1.4%
2002136−6.2%
2021168+23.5%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Горничет имало 1.100 жители, сите Турци.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци и 25 до 50 Грци.[7]

Во 1971 година селото броело 219 жители,[8] додека во 1994 година имало 145 жители, од кои 141 Македонец и 4 Срби.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Ново Конско имало 136 жители, од кои 134 Македонци и 2 Срби.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 168 жители, од кои 155 Македонци, 1 Албанец, 1 Србин, 2 останати и 9 лица без податоци.[10]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 1.100 236 298 279 224 219 147 145 136 168
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]


Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Гевгелија, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Миравци. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Гевгелија.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Горничет, во која влегувале селата Горничет, Конско, Моин и Ума.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Гевгелиска градска општина, во која покрај селото Конско се наоѓале градот Гевгелија и селата Горничет, Конско, Моин, Мрзенци и Ума.

Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Гевгелија.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гевгелија.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 354 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на младински дом. Во ова избирачко место е опфатено и селото Конско.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 111 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Цркви[17]
Археолошки наоѓалишта[3]
Реки[18]

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 212. Посетено на 6 јуни 2017.
  3. 3,0 3,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 104-105. ISBN 9989-649-28-6.
  4. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  5. Службен весник на Социјалистичка Република Македонија, година ХХІХ, број 38, петок, 9 ноември 1973.
  6. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 152.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. Погрешно употребено во книгата на авторот Митко Панов дека за првпат е заведено во статистиката во 1971 г.
  9. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 6 јуни 2017.
  10. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  11. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  12. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  13. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  14. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  17. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  18. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 37. ISBN 978-9989-2117-6-8.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]