Прејди на содржината

Серменин

Координати: 41°13′7.14″N 22°20′44.52″E / 41.2186500° СГШ; 22.3457000° ИГД / 41.2186500; 22.3457000
Од Википедија — слободната енциклопедија
Серменин

Панорама на селото

Серменин во рамките на Македонија
Серменин
Местоположба на Серменин во Македонија
Серменин на карта

Карта

Координати 41°13′7.14″N 22°20′44.52″E / 41.2186500° СГШ; 22.3457000° ИГД / 41.2186500; 22.3457000
Регион  Вардарски
Општина  Гевгелија
Област Влахомеглен
Население 8 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1483
Повик. бр. 034
Шифра на КО 06025
Надм. вис. 540 м
Серменин на општинската карта

Атарот на Серменин во рамките на општината
Серменин на Ризницата

Серменин — село во Општина Гевгелија, во областа Влахомеглен, во околината на градот Гевгелија.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]
Поглед на селото

Населбата се наоѓа во областа Влахомеглен, во западниот дел на територијата на Општина Гевгелија. Селото е сместено во југоисточната падина на планината Кожуф, чиј атар на тесен дел се допира со подрачјето на Општина Кавадарци.[2] Селото е планинско, сместено на надморска височина од 540 метри. Од градот Гевгелија е оддалечено 20 километри.[2]

Атарот е мошне голем и зафаќа површина од 71,9 км2. На него преовладуваат шумите со површина од 5.895 хектари, а на обработливото земјиште отпаѓаат 302 хектари.[2]

До селото води асфалтен пат преку селото Негорци, кој не е во целост довршен.

Во североисточниот дел на атарот, близу границата со Кованец се наоѓало некогашното село Брлево.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Серменин било христијанско влашко село во рамките на Гевгелиската каза на Отоманското Царство.

Селото било тешко оштетено при Валандовскиот земјотрес во 1931 година.[3]

Вкупно 6 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Селото има полјоделско-шумарска функција.[2]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948619—    
1953608−1.8%
1961502−17.4%
1971388−22.7%
198199−74.5%
ГодинаНас.±%
199147−52.5%
199418−61.7%
200218+0.0%
20218−55.6%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Серменин имало 480 жители, сите Власи.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Серменин имало 648 жители.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци.[7]

Од Серменин се иселил голем број од населението и тоа преминало од средно во мало село, населено со македонско население, доведено до фаза на распаѓање. Така, во 1961 година селото броело 502 жители, а во 1994 година бројот се намалил дури на само 18 жители.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Серменин имало 18 жители, од кои 16 Македонци и 2 Срби.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 8 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 480 648 619 608 502 388 99 47 18 18 8
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]


Општествени установи

[уреди | уреди извор]
Поглед на селото
Историска панорама од 1931 година
  • Поранешно училиште

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Гевгелија, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Миравци. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Гевгелија.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Серменин, во која единствено село било Серменин.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Негорци, во која покрај селото Серменин се наоѓале и селата Кованец, Негорци, Прдејци и Смоквица.

Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Гевгелија.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гевгелија.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 360 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на деловен објект - продавница.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 12 гласачи.[14]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Цркви[15]
Манастири
Реки[16]

Личности

[уреди | уреди извор]
Родени во Серменин
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 271. Посетено на 26 мај 2017.
  3. Порта3 (2017-12-21). „Разурнувачкиот земјотрес во Валандово од 1931 година“. Порта3 - градежништво, архитектура и екологија. Посетено на 2021-10-08.
  4. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 152.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 194-195.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 11 јуни 2017.
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
  14. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.
  15. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  16. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 37. ISBN 978-9989-2117-6-8.
  17. . Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва том II, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  18. . Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва том III, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  19. 19,0 19,1 Динев, Ангел (1983). Политичките убиства во Бугарија. Скопје: Култура-Скопје. стр. 331. ISBN 323.285.497.3 Проверете ја вредноста |isbn=: invalid character (help).

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]