Ново Село (Пајак)
Ново Село Λιθαριά | |
---|---|
Координати: 40°54′N 22°11′E / 40.900° СГШ; 22.183° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Постол |
Општина | Вртикоп |
Општ. единица | Мениида |
Надм. вис. | 230 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 1 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Ново Село или Ени Ќој (грчки: Λιθαριά, Литарија; до 1926 година: Γενήκιοϊ, Ениќој[2]) — село во Воденско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Вртикоп, во Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото е сместено во подножјето на југозападниот дел на планината Пајак, на надморска височина од 230 метри.[3]
Историја
[уреди | уреди извор]До 1924 година селото било населено со чисто македонско население.[3]
По завршувањето на Грчко-турската војна во 1922 година, во него биле населени грчки бегалци. Во 1928 година, селото претставувало мешана населба со 19 бегалски семејства со вкупно 72 жители.[4]
Во 1926 година, името на селото било променето во Литарија (Λιθαριά).
Селото настрадало за време на Граѓанската војна, кога во зимата 1947 година неговото население (според статистиката на НОФ, 26 Македонци и 126 бегалци) било присилно преселено од грчките монархистички власти во селото Мандалево. Откако се смирила состојбата, населението се вратило назад и го обновило селото.[3]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Бидејќи е планинско, селото е доста пасивно, со тоа што основно занимање на населението е сточарството, а делумно земјоделството.[3]
Население
[уреди | уреди извор]Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Ново Село (Ени Ќој) живееле 65 Македонци.[3][5] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ново Село (Novo-Selo) имало 80 Македонци.[3][6]
Во пописот од 1913 година било забележано со 25, а во 1920 година со 26 жители. Грчките власти во 1924 година тука сместиле и неколку бегалски семејства, така што Ново Село станало мешана населба, која во 1928 година била забележана со зголемен број жители, односно 114, од кои 70 бегалци, а во 1940 година биле попишани 156 жители. За време на Граѓанската војна, населението присилно било иселено од селото, а по завршувањето на истата, повторно било обновено. Во 1951 година биле забележани 153 жители. Во 1961 година имало 224, во 1971 година 115, во 1981 година само 24, а во 1991 година 10 жители. Намалувањето на бројот на населението се должело на преселувањето на дел од бегалските семејства во поголемите градски центри во земјата.[3]
Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 6 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 1 жител.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 156 | 153 | 224 | 115 | 24 | 10 | 6 | 1 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Селото припаѓа на општинската единица Мениида со седиште во селото Калиница, која припаѓа на поголемата општина Вртикоп, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Дреново, во кој покрај Ново Село, влегува и селото Дреново.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Γενήκιοϊ -- Λιθαριά
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Симовски, Тодор (1998). „Воденски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 94.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ Васил К’нчов. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 147.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 102 - 103.
Белешки
[уреди | уреди извор]- Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
|