Ново Село (Седес)
Ново Село Αγία Παρασκευή | |
---|---|
Координати: 40°28.53′N 23°2.55′E / 40.47550° СГШ; 23.04250° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Солунски |
Општина | Седес |
Општ. единица | Царево Село |
Надм. вис. | 95 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 2.152 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Ново Село или Ени Ќој (грчки: Αγία Παρασκευή, Агија Параскеви) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Седес на Солунскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 2.152 жители (2021).
Географија
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во северозападниот дел на Халкидичкиот Полуостров, на околу 20 км јужно од Солун.
Историја
[уреди | уреди извор]Во Отоманското Царство
[уреди | уреди извор]На крајот од XIX век Ново Село било село во Солунската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Ново Село (Novo-Selo) имало 36 домаќинства сочинети од 164 жители Македонци.[2][3]
Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Ени Ќој живееле 121 Македонци.[2][4]
По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Јени-Ќој (Yeni-Keuy) имало 105 жители Грци и во селото имало грчко основно училиште со двајца учители и 45 ученици.[5]
Во Грција
[уреди | уреди извор]По Балканските војни во 1913 г. Ново Село е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 120 жители, кои во 1920 г. нараснале на 180 лица.[6] Во 1920-тите тука биле сместени грчки доселеници. Во 1928 г. Ново Село е претставено како дојденско село со 134 семејства сочинети од 537 лица.[7] Според Тодор Симовски таа година во Ново Село имало 943 жители, од кои 138 биле грчки доселенички семејства, а останатите биле староседелци. Од дојденците, 77 семејства биле од Источна Тракија, 48 од Мала Азија, 12 од Понд и 1 од Бугарија.[6]
Име | Грчки | Ново име | Грчки | Опис |
---|---|---|---|---|
Халепли[8] | Χαλεπλή | Дендрулия | Δεντρούλια[9] | месност на Ј од Ново Село[8] |
Карши Маале[8] | Καρσί Μαχαλέ | Халасомена | Χαλασμένα[9] | поранешна населба на ЈИ од Ново Село[8] |
Чардаци[8] | Τσαρδάκια | Варика | Βαρικά[9] | месност на СИ од Ново Село[8] |
Текне Трла[8] | Τεκνέ Ταρλά | Амбелия | Άμπέλια[9] | месност на СЗ од Ново Село[8] |
Стопанство
[уреди | уреди извор]Населението се занимава претежно со земјоделство, а делумно и со сточарство.[6]
Население
[уреди | уреди извор]Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 805 | 841 | 810 | 655 | 627 | 711 | 1.226 | 2.244 | 2.152 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 152–153. ISBN 954-8187-21-3.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 142. ISBN 954430424X.
- ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 220–221.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 319. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
- ↑ 8,0 8,1 8,2 8,3 8,4 8,5 8,6 8,7 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
- ↑ 9,0 9,1 9,2 9,3 „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 669. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 208): 1478. 1969. Занемарен непознатиот параметар
|month=
(help)
|