Прејди на содржината

Ну, погоди!

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ну, погоди!
Најавната слика на епизода бр. 19
Од лево на десно: Зајакот и Волкот.
Создадена одФеликс Камов
Аркадиј Хајт
Александар Курлјандски
Режирана одВјачеслав Котјоночкин
Владимир Тарасов
Алексеј Котјоночкин
Земја на потеклоСССР СССР
 Русија
Првичен јазикруски
Бр. на епизоди20 (список на епизоди)
Производство
Времетраење10 minutes approx.
Прикажување
Првично прикажување1 јануари 1969 – денес

Ну, погоди́! (во превод: Само почекај!) — советски и руски цртан филм. Тоа е еден од најпознатите и најуспешни анимирани серијали на советската кинематографија. Серијалот доживува огромна популарност во земјите на Источниот Блок, вклучително и во Македонија. Се емитува во периодот од 1969 до денес.

Главни ликови во филмот се Зајакот (руски Заяц) и Волкот (руски Волк). Тие се олицетворени на стереотипот: плен - гонител кон кој е придодаден уште еден друг стереотип: пленот секогаш успева да се извлече.

Зајакот е претставен како позитивен лик, иако има „чудни“ методи со кои му се спротивставува на Волкот. Всушност (имајќи ја предвид образовната функција на филмот), Зајакот ги претставува нормалните (недевијантни) елементи на општеството, оние кои уредно и корисно го живеат својот живот. Бидејќи на добро смислените напади на Волкот реагира речиси механички, симпатиите на гледачите се многу често приклонети не кон Зајакот, туку кон Волкот.

Волкот пак, е претставен како деструктивен и антисоцијален тип кој не бира средства и методи да ја постигне својата цел. Како и да е, Волкот поседува и некои префинети особини: одлично свири гитара, танцува, лизга, па дури умее да вози и мотоцикл, што го иззема од светот на „обичните“ хулигани. Има добро смислени планови, но неговата непромисленост и несмасност на крајот секогаш му се враќаат двојно. Токму заради ваквото страдање успева да ги придобие симпатиите на гледачите.

  1. Во град и на плажа (1969)
  2. Во градскиот парк (1970)
  3. На пат (1971)
  4. На стадион (1971)
  5. Во градот (1972)
  6. На село (1973)
  7. На брод (1973)
  8. Нова Година (1974)
  9. Во телевизиско студио (1976)
  10. На градилиште (1976)
  11. Во циркус (1977)
  12. Во музеј (1978)
  13. Олимпијада '80 (1980)
  14. Во Домот на техниката (1984)
  15. Во Домот на културата (1985)
  16. Во светот на сказните (1986)
  17. На остров (1993, издадена во 1994)
  18. Во супермаркет (1993, издадена во 1995)
  19. Во одморалиште (2005)
  20. На дача (2005)

Поврзано

[уреди | уреди извор]