Овен Дул
Дул на Европското велодромско првенство 2015 | ||||||||||||||||||||||||||||||
Лични податоци | ||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Цело име | Овен Даниел Дул | |||||||||||||||||||||||||||||
Роден | 2 мај 1993 Кардиф, Обединето Кралство | |||||||||||||||||||||||||||||
Висина | 1,81 м[1] | |||||||||||||||||||||||||||||
Маса | 71 кг[2] | |||||||||||||||||||||||||||||
Податоци за клубот | ||||||||||||||||||||||||||||||
Мом. клуб | ЕФ Едукејшн-ИзиПост | |||||||||||||||||||||||||||||
Дисциплина | велодромски и друмски велосипедизам | |||||||||||||||||||||||||||||
Улога | возач | |||||||||||||||||||||||||||||
Вид на возач | издржливост | |||||||||||||||||||||||||||||
Аматерски клубови | ||||||||||||||||||||||||||||||
2013 | 100% Me | |||||||||||||||||||||||||||||
Професионални клубови | ||||||||||||||||||||||||||||||
2014 2015–2016 2016 2017-2021 2022– | Ан Пост-Чејн Реакшн ВИГИНС → Тим Скај (стажант) Тим Скај ЕФ Едукејшн-ИзиПост | |||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||
Последна промена 5 декември 2022 |
Овен Даниел Дул MBE (англиски: Owain Daniel Doull; р. 2 мај 1993 во Кардиф[3]) — велшки професионален велодромски и друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата ЕФ Едукејшн-ИзиПост.
Дул е насочен кон екипната потера во велодромскиот велосипедизам и го освоил златниот медал во дисциплината на Летните олимписки игри 2016; со тоа станал првиот Велшанец кој освоил олимписко злато.[4]
Кариера
[уреди | уреди извор]Дул е роден и пораснал во Кардиф, Велс[5][6] Како дете бил одличен спортист и играл рагби како ученик, но и возел велосипед за Мејнди Флајерс.[7]
Во 2010 година бил избран од британската федерација за олимписката развојна програма, заедно со велшките велосипедисти Ејми Робертс и Елинор Баркер.[8] Роберт и Баркер, исто така, биле дел од репрезентацијата на Велс на Комонвелтските младински игри 2011 на Островот Ман. Дул освоил два медала на игрите, сребрен во друмската трка и бронзен со Ден Пирсон во екипната друмска трка. Во 2012 година, Дул ја завршил олимписката развојна програма и бил прифатен во академијата на британската федерација.[3]
Првиот настап на Дул за Велика Британија бил на Светското велодромско првенство 2013 во Минск, каде завршил петти во скреч.[3] Негов прв подиум бил на Европското велодромско првенство во Апелдорн, каде бил дел од екипната потера, освојувајќи злато заедно со Стивен Барк, Ед Кленси и Енди Тенант.[9]
Дул по европското злато бил дел од екипата за екипна потера и на Светсккиот куп во Манчестер, каде екипата, исто така, го освоила златото.[10] Потоа, во декември 2013 година, освоил уште два медала во вториот настап во Светскиот куп, овој пат во Агваскалиентес, Мексико. Повторно бил дел од екипната потера, која го освоила бронзениот медал и потоа го освоил првиот поединечен медал во дисциплината скреч.[11]
Дул станал професионалец во друмската сезона 2014 со екипата Ан Пост-Чејн Реакшн.[12] Дул го претставувал Велс на Комонвелтските игри 2014 во Глазгов.[13]
Во 2015 година, Дул се преселил во новата екипа ВИГИНС создадена од Бредли Вигинс со цел да ги подготви британските возачи за екипната потера на Летните олимписки игри,[14] одбивајќи ја понудата целосно да се префрли во друмски велосипедизам од екипата Тим Јуропкар.[15] Во септември 2015 година, Дул завршил трет на Трката околу Британија и го освоил бодовниот пласман. Во ноември 2015 година, ДУл потврдил дека ќе остане со ВИГИНС за сезоната 2016, додека во мај 2016 година било објавено дека ќе се приклучи на Тим Скај на двегодишен договор од 2017 година.[16] Во август 2016 година, Дул потпишал со Тим Скај како стажант за остатокот од сезоната.[17]
Дул бил назначен како член на Редот на Британската Империја (MBE) во новогодишните прогласувања 2017 за заслуги во велосипедизмот.[18] Дул ја започнал сезоната 2018 со настап на Тур Даун Андер.[19]
Во август 2019 година е именуван во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2019.[20]
Достигнувања
[уреди | уреди извор]Велодромски велосипедизам
[уреди | уреди извор]- 2011
- Европски јуниорски првенства
- 1. Национално првенство - екипна потера
- Национални јуниорски првенства
- 1. Медисон (со Џонатан Дибен)
- 1. Бодовна трка
- 2. Поединечна потера
- 2. Скреч
- 1. Шест дена Гент идни ѕвезди (со Сајмон Јејтс)
- 2012
- Национални првенства
- 1. Поединечна потера
- 1. Екипна потера
- 2. Бодовна трка
- 3. Медисон (со Џорџ Аткинс)
- 2013
- 1. Европско првенство - екипна потера
- Светски куп
- 1. Екипна потера (Манчестер)
- 1. Скреч (Агваскалиентес)
- 3. Екипна потера (Агваскалиентес)
- 2014
- 1. Европско првенство - екипна потера
- Светски куп
- 1. Медисон (со Марк Кристијан) (Лондон)
- 1. Екипна потера (Лондон)
- 2015
- 1. Европско првенство - екипна потера
- 2. Светско првенство - екипна потера
- 2016
- 1. Олимписка екипна потера
- 2. Светско првенство - екипна потера
- 2019
- 2. Шест дена Лондон (со Марк Кевендиш)
Друмски велосипедизам
[уреди | уреди извор]- 2010
- 1. Бодовен пласман Трка околу Велс за јуниори
- 2. Национално јуниорско друмско првенство
- 2011
- Младински Комонвелтски игри
- 2013
- 1. Бодовен пласман Ан Пост Рас
- 2. Национално друмско првенство под 23 години
- 4. ЗЛМ Тур
- 2014
- 1. Краен пласман Триптих на планините и замоците
- 1. Етапа 3
- 2. Национално хронометарско првенство под 23 години
- 4. Трка околу Фландрија за млади
- 2015
- Национални првенства под 23 години
- Флеш ди Сид
- 2. Краен пласман Триптих на планините и замоците
- 2. Ла Кот Пикард
- 3. Краен пласман Трка околу Британија
- 5. Светско хронометарско првенство под 23 години
- 7. Краен пласман ЗЛМ Тур
- 10. Краен пласман Тур де Норманди
- 10. Трка околу Фландрија за млади
- 2017
- 3. Светско првенство во екипен хронометар
- 7. Краен пласман Тур ди Поату-Шарант
- 9. Краен пласман Трка околу Британија
- 2018
- 3. Национално друмско првенство
- 2019
- 1. Етапа 3 Хералд Сан Тур
- 2. Курне-Брисел-Курне
- 4. Национално хронометарско првенство
- 9. Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“
- 2020
- 1. Етапа 4 Тур де ла Прованс
- 2021
- 1. Етапа 3 (TTT) Трка околу Британија
- 2022
- 7. Комонвелтски игри - хронометар
Распоред на резултатите на големите трки
[уреди | уреди извор]Голема трка | 2019 | 2020 | 2021 | 2022 |
---|---|---|---|---|
Џиро | — | — | — | СО |
Тур | — | — | — | 90 |
Вуелта | 70 | — | — | — |
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Owain Doull – The INEOS Grenadiers“. Посетено на 22 January 2021.
- ↑ „Owain Doull“. ProCyclingStats. Посетено на 22 January 2021.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 „Owain Doull Biography“. British Cycling. britishcycling.org.uk. Посетено на 8 декември 2013.
- ↑ „Owain Doull – y Cymro Cymraeg cyntaf i ennill medal aur Olympaidd“. golwg360.cymru. 13 август 2016. Посетено на 13 август 2016.
- ↑ „Owain Doull: Gold medal 'just feels surreal'“. itv.com. 13 август 2016. Посетено на 23 август 2016.
- ↑ „Cymro Cymraeg Euraidd y Gemau Olympaidd“ [Golden Welsh Speaker at Olympic Games]. bbc.co.uk (велшки). 13 август 2016. Посетено на 3 септември 2016.
- ↑ „Famous Last Words: Owain Doull“. cyclingweekly.co.uk. 5 декември 2013. Посетено на 8 декември 2013.
- ↑ „Welsh riders confirmed as part of the Olympic Development Programme 2011“. britishcycling.org.uk. 25 ноември 2010. Посетено на 8 декември 2013.
- ↑ „Welsh cycling star Owain Doull snapped up by Irish team“. walesonline.co.uk. 23 октомври 2010. Посетено на 8 декември 2013.
- ↑ „UCI Track Cycling World Cup“. tissottiming.com. Посетено на 8 декември 2013.
- ↑ „Track Cycling World Cup: Owain Doull wins gold in Mexico“. bbc.co.uk. 7 декември 2013. Посетено на 8 декември 2013.
- ↑ Стоукс, Шејн (21 октомври 2013). „Ryan Mullen and Owain Doull sign for An Post Chainreaction Sean Kelly team“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 18 декември 2013.
- ↑ „Commonwealth Games 2014: Olympic champion Geraint Thomas and world sprint star Becky James head up Welsh cycling team for Glasgow“. Wales Online. 9 јули 2014.
- ↑ Фотерингем, Вилијам (8 јануари 2014). „Bradley Wiggins unveils new team to be sponsored by Sky“. theguardian.com. Посетено на 8 јануари 2015.
- ↑ Кери, Том (2 декември 2014). „Owain Doull snubs Europcar and is expected to join Sir Bradley Wiggins' new outfit“. telegraph.co.uk. Посетено на 8 јануари 2014.
- ↑ „Doull signs with Team Sky for 2017-18“. CyclingNews.com. 18 мај 2016. Посетено на 18 мај 2016.
- ↑ „Owain Doull signs for Team Sky“. Cyclingnews.com (англиски). Посетено на 10 јануари 2018.
- ↑ „No. 61803“. The London Gazette (Supplement). 31 December 2016. стр. N17.
- ↑ „Team sky team for Tour down under“. Cyclingnews.com. 8 јануари 2018. Посетено на 8 јануари 2018.
- ↑ „2019: 74th La Vuelta ciclista a España“. ProCyclingStats. Посетено на 23 August 2019.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Овен Дул“ на Ризницата ? |
- „Достигнувања на Овен Дул“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Овен Дул“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Овен Дул“. ProCycling.
|
- Родени во 1993 година
- Луѓе од Кардиф
- Британски велосипедисти
- Велшки велосипедисти
- Велодромски велосипедисти
- Велосипедисти на Летните олимписки игри 2016
- Олимписки велосипедисти на Велика Британија
- Освојувачи на златни олимписки медали за Велика Британија
- Олимписки медалисти во велосипедизам
- Членови на Редот на Британската Империја