Општина Брда
Општина Брда Občina Brda | ||
---|---|---|
општина | ||
Селото Хум | ||
Местоположба на Општина Брда во Словенија | ||
Земја | Словенија | |
Седиште | Доброво | |
Управа | ||
• Градоначалник | Франц Мужич | |
Површина | ||
• Вкупна | 72 км2 (28 ми2) | |
Население (2020)[1] | ||
• Вкупно | 5.619 | |
• Густина | 78/км2 (200/ми2) | |
Час. појас | CET (UTC+01) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+02) | |
Мреж. место | obcina-brda.si |
Општина Брда (словенечки: Občina Brda, италијански: Comune di Collio) — општина во Горичкиот статистички регион, во историската областа Приморска, западна Словенија. Се протега од границата со италија до реката Соча. На исток е ридот Саботин (609 м), а на север е возвишението Корада (812 м).[2] Во 2020 г. населението броело 5.619 жители.[1] Седиште е селото Доброво.
Населението говори посебен дијалект од приморското наречје.
Географија
[уреди | уреди извор]Општината го опфаќа словенечкиот дел на Горичките Ридови кои претставуваат еден од најважните вински микрирегиони во Словенија. Се одликува со блага средоземна клима, заштитена од силниот ветар бура кој често вее по другите делови на Приморјето.
Населени места
[уреди | уреди извор]Покрај општинското седиште Доброво, општината ги опфаќа и следниве населени места:
- Барбана
- Бело
- Биљана
- Брдице кај Кожбана
- Брдице кај Небло
- Брег кај Голо Брдо
- Брезовк
- Брестје
- Ведријан
- Виполже
- Вишњевик
- Врховље кај Кожбана
- Врховље кај Којско
- Голо Брдо
- Гоњаче
- Горње Церово
- Градно
- Долње Церово
- Дрновк
- Зали Брег
- Имење
- Кожбана
- Козана
- Козарно
- Којско
- Красно
- Медана
- Небло
- Нозно
- Плешиво
- Подсаботин
- Приставо
- Сеник
- Славче
- Слапник
- Снежатно
- Снежече
- Фојана
- Хлевник
- Хрушевље
- Хум
- Цегло
- Шловренц
- Шмартно
Стопанство
[уреди | уреди извор]Најважна стопанска гранка е земјоделството: покрај грозјето, најзначаен производ се црешите, а по нив следат кајсиите, крушите, смоквите и сливите. Заедно со Випавската Долина, Брда одгледува најголемо количество на рајски јаболка во земјата. Се произведуваат и помали количества маслиново масло.
Во лозарството застапени се сортите мерло, каберне совињон, пино ноар, пино гри и совињон вер.
Познати личности
[уреди | уреди извор]- Алојз Градник (1882 - 1967) — поет и преведувач (роден во Медана)
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „Prebivalstvo po naseljih, podrobni podatki, Slovenija, 1. januar 2020“. Statistični urad Republike Slovenije. 8 јуни 2020. Посетено на 8 јуни 2020.
- ↑ Brda municipal site
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Општина Брда на Ризницата ?
- Портал на Општина Брда
- Брда на Геопедија Архивирано на 20 јуни 2012 г.
- За Брда
|
|
|
|