Прејди на содржината

Општина Старо Нагоричане

Од Википедија — слободната енциклопедија
Општина Старо Нагоричане
Општина
Знаме на Општина Старо НагоричанеГрб на Општина Старо Нагоричане
Карта
ДржаваМакедонија
РегионСевероисточен
Година кога е основана1913 (во рамки на Кралство Србија)
СедиштеСтаро Нагоричане
Населени места
Управа
 • ГрадоначалникЖаклина Јовановска
Површина
 • Вкупна433,41 км2 (167,34 ми2)
Население (2021)[1]
 • Вкупно3.501
 • Густина8,1/км2 (21/ми2)
Час. појасCET (UTC+01:00)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+02:00)
Повикувачки број+031
Регистарски табличкиKU
Мреж. местоstaronagoricane.gov.mk
Карта на Општината.
Демографска карта на Општината.

Општина Старо Нагоричанеопштина во северниот дел на Македонија. Центар на општината е селото Старо Нагоричане. Општина Старо Нагоричане како општина е формирана 1996 година,во неа гравитираат 39 населби. Во општината постојат 43 архиелошки наоѓалишта, 14 некрополи, 6 архелошки објекти и 2 осамени наоди. Археолошките наоѓалишта потекнуваат од следните хронолошки периоди: неолит, бакарно време, брозено време, железно време, рана антика, римски период, доцна антика и среден век. Градоначалник е Жаклина Јовановска. Претходно, територијата на Општина Старо Нагоричане била во рамките на Општина Куманово.

Географија

[уреди | уреди извор]

Општина Старо Нагоричане се наоѓа во североисточниот регион во Република Македонија. Во општина Старо Нагоричане се наоѓаат селата: Алгуња, Аљинце, Арбанашко, Бајловце, Брешко, Буковљане, Војник, Враготурце, Врачевце, Дејловце, Длабочица, Добрача, Драгоманце, Дренок, Жегљане, Жељувино, Канарево, Карловце, Коинце, Кокино, М’гленце, Макреш, Малотино, Младо Нагоричане, Никуљане, Облавце, Орах, Осиче, Пелинце, Пузајка, Рамно, Руѓинце, Старо Нагоричане, Степанце, Стрезовце, Стрновац, Цветишница, Цвиланце и Челопек (Кумановско).

Селото Младо Нагоричане според атарот кој го зафаќа е најголемо село во Македонија.

Планината Козјак (планина) е средновисока планина во североисточниот дел на Македонија, долж границата со Република Србија и опфаќа голем дел од територијата на Општината Старо Нагоричане. Највисок врв на планината е Перен со 1326 метри надморска висина. [2]


Најголема река која тече низ Општината Старо Нагоричане е Пчиња, а нејзина најголема притока е реката Петрошница.

Во атарот на село Орах се наоѓа Мокро Езеро природно езеро од вулканско-денудациско потекло, помеѓу народот познато како Карпинско Езеро.

Историја

[уреди | уреди извор]

До 1965 година на сегашната општинска територија постоела општина Старо Нагоричане којашто е укината од страна на тогашната власт. Со новиот закон за територијална организација од 1996 година, општина Старо Нагоричане е возобновена и како општински центар е земено с. Старо Нагоричане, односно искористена е истата општинска зграда во којашто функционирала општината до 1965 година.[3]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Населението во Општината Старо Нагоричане најчесто се занимава со земјоделие.

Фармерите кои егзистираат на ова територија најчесто имаат посеви со житни култури како што се пченица, јачмен, овес, пченка и рж.

Од сточарството најзастапено е одгледувањето на свињи, крави, овци и кози. Во минатото имало неколку живинарски фарми на кои се одгледувале кокошки и ноеви.

Застапено е и одгледување на винска лоза.

Демографија

[уреди | уреди извор]

Попис на населението во Македонија (2002) на територија на Општина Старо Нагоричане имало 4840 жители од кои:[4]


Националности Број на жители
Македонци 3906
Срби 926
Албанци 1
Роми 1
Не кажале националност 6


Попис на населението во Македонија (2021) бројката на население во Општината Старо Нагоричане е намалена на 3501 жители, што е намалување за огромни 27.6%.[5]

Националности Број на жители
Македонци 2513
Срби 585
Албанци 13
Роми 3
Не кажале националност 9

Општествени установи

[уреди | уреди извор]

На територијата на Општината Старо Нагоричане функционираат 3 општински основни училишта и 1 градинка:

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Градоначалник на општина Старо Нагоричане е Жаклина Јовановска од редовите на СДСМ. Таа била реизбрана на Локални избори во Македонија (2021) за нов мандат од четири години.[7] Советот на општина Старо Нагоричане е составен од 9 члена. Според последните локални избори од 2021 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2021-2025 се:

  СДСМ: 5 места
  ТМРО: 2 места
  Независни: 1 место
  ДПСМ: 1 места


Претходни градоначалници:

Милован Трајковиќ (1996-2000)

Власте Димковиќ (2000-2009)

Миодраг Јовановиќ (2009-2013)

Милован Стојковски (2013-2017) [8]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]

Во рамките на општината се наоѓаат следниве знаменитости:

Редовни настани

[уреди | уреди извор]

Личности

[уреди | уреди извор]

Иселеништво

[уреди | уреди извор]
  1. „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 - прв сет на податоци“. Државен завод за статистика на Македонија. Посетено на 30 март 2022.
  2. „Врв 4/12: Перен на Козјак (1326 мнв)“. Архивирано од изворникот Проверете ја вредноста |url= (help) на 2020-06-25. Посетено на 2024-02-05.
  3. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2015-03-05. Посетено на 2015-05-24.
  4. https://www.stat.gov.mk/Publikacii/knigaX.pdf“. Надворешна врска во |title= (help); Отсутно или празно |url= (help)
  5. https://popis2021.stat.gov.mk/%D0%90%D0%BA%D1%82%D0%B8%D0%B2%D0%BD%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B8/%D0%9E%D0%B1%D1%80%D0%B0%D1%9C%D0%B0%D1%9A%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D0%B4%D0%B8%D1%80%D0%B5%D0%BA%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D0%94%D1%80%D0%B6%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D0%B7%D0%B0%D0%B2%D0%BE%D0%B4-%D0%B7%D0%B0-%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%82%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D0%BA%D0%B0-%D0%BF%D0%BE-%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D0%B4-%D0%B7%D0%B0%D0%B2%D1%80%D1%88%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%D1%82%D0%BE-%D0%BD%D0%B0-%D0%9F%D0%BE%D0%BF%D0%B8%D1%81-2021/. Отсутно или празно |title= (help); Отсутно или празно |url= (help)
  6. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/otvorena-prvata-gradinka-vo-staro-nagorichane/. Отсутно или празно |title= (help)
  7. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2024-02-05. Посетено на 2024-02-05.
  8. https://kumanovonews.mk/vesti/milovan-stojkovski-od-dpsm-kandidat-za-gradonacalnik-na-staro-nagoricane. Отсутно или празно |title= (help)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]