Ослободителна војска на Косово
Ослободителна војска на Косово (ОВК) (Ushtria Çlirimtare e Kosovës - UÇK) | |
---|---|
Учесник во Косовска војна (1999) Воен конфликт во Македонија (2001) | |
Период на делување | 1991 - 1999 официјално неоифицијално сѐ уште опстојува |
Водачи | Хашим Тачи Агим Чеку Рамуш Харадинај |
Седиште | Приштина, Република Косово |
Подрачје на делување | Косово, Северозападна Македонија & Северна Македонија |
Бројност | ок. 25.000 |
Станала | КЗК (1999 - 2009) Официјално разформирана, денес дел од безбедносните сили на Република Косово |
Сојузници | Албанија, Албанска дијаспора |
Противници | Србија, Македонија |
Битки и војни | Косовска војна Војна во Македонија (2001) |
Ослободителна војска на Косово или скратено ОВК (албански: Ushtria Çlirimtare e Kosovës - UÇK) — албанска терористичка организација на Косово која со нападни врз државните органи (војска, полиција и други) и цивили се бореше за независност на Косово и Метохија од Србија и СР Југославија. ОВК односно УЧК се бореше исто така за отстварување на таканаречена „Голема Албанија“. Според српски и западните разузнавачки служби основна форма на финансирање на ОВК се трговијата со дрога, која изнесува најмалку половина од своите средства, а добар дел од останатите средства беа собрани преку криминални активности.
ОВК била формирана во 1994 година, а првпат во јавноста се појави во 1996 година. Целта беше независно Косово, а користиле секакви средства за вооружена борба. Дел од структурите на ОВК се обучени и тренирани од британските САС и американската ЦИА. Основач и водач на ОВК, сè до неговата смрт во 1998 година беше Адем Јашари (алб. Adem Jashari), а после неговата смрт Хашим Тачи (алб. Hashim Thaçi) до распаѓањето на ОВК во 1999 година. Оваа организација е вклучена во судири и напади врз српските цивили на Косово, пред и по окупацијата на НАТО во 1999 година.[1][2].
Голем дел од структурите на ОВК учествуваа исто така и во војната 2001 година во Македонија.
Воени злосторства
[уреди | уреди извор]Список на масакри извршени од терористите на ОВК
[уреди | уреди извор]- Масакр во Клечка (26–27 август 1998) – 22 изгорени тела на Косовски Срби се пронајдени во импровизиран крематориум, меѓу нив и жени и деца[3]
- Масакр на Радоњичото езеро – убиство на 34 косовски Срби, кои масакрот се фрлени во езерото[4][5]
- Убиствата во Гнилане – во масовни гробници се пронајдени 80 косовски Срби во околината на Гнилане[6]
- Масакр во Ораховац – повеќе од 100 Срби и Роми се киднапирани, а околу 50 од нив се убиени во логори[7]
- Масакр во Старо Грацко - ликвидирани 14 српски земјоделци[8]
- Масовна гробница Угљаре - пронајдени 15 тела на косовски Срби[8][9]
- Масакр во Волујак - масакр над 25 косовски Срби цивили[10]
Логори
[уреди | уреди извор]- Логор Лапушник
- Логор Јабланица
Трговија со органи
[уреди | уреди извор]При крајот на Косовската војна 1999 година, неколку стотина Срби и Роми се однесени во Албанија во таканаречената „Жолта куќа“, каде откако се убиени, им ги извадија органите за да ги продават на црно.[11]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ The United Nations & regional security: Europe and beyond by Michael Charles Pugh, Waheguru Pal Singh Sidhu, 2003, ISBN 1588262324, page 126
- ↑ The Fight Against Terrorism and Crisis Management in the Western Balkans by Iztok Prezelj, 2008, ISBN 1586038230, page 49-50
- ↑ United Nations. Security Council (2006). Documents Officiels. 53.
On 26 and 27 August, in Klecka, 22 persons believed to be abductees reportedly were killed and their bodies burned in a makeshift crematorium. The precise number of victims and the circumstances of their death are being investigated.
- ↑ Heike Krieger (2001). The Kosovo conflict and international law: an analytical documentation 1974–1999. Cambridge University Press. стр. 38–. ISBN 978-0-521-80071-6. Посетено на 10 July 2016.
- ↑ Kosovo Forensic Expert Team - EXECUTIVE SUMMARY (complete)
- ↑ „Ex-KLAs sent to prison for 101 years“. The B92. Посетено на 10 July 2016.
- ↑ „Belgrade Remembers Victims from Orahovac“. Balkan Insight. 19 July 2012. Посетено на 10 July 2016.
- ↑ 8,0 8,1 United Nations (22 February 2002). Yearbook of the United Nations 1999. United Nations Publications. стр. 367–. ISBN 978-92-1-100856-2. Посетено на 10 July 2016.
- ↑ Review of International Affairs. 50–51. Socialist Alliance of the Working People of Yugoslavia. 1999.
Massacre at the village of Ugljare: On 25 August 1999 KFOR officially reported on this abominable crime. 15 bodies of killed Serbs were discovered in a mass grave, among which were identified the bodies of Dragan Tomic and two members ...
- ↑ „KLA members suspected of 1998 war crime“. B92. 19 January 2007. Посетено на 10 July 2016.
- ↑ „United Nations Document“ (PDF). France24.com. Посетено на 10 July 2016.