Острилци
Острилци | |
Сретселото | |
Координати 41°20′3″N 21°14′13″E / 41.33417° СГШ; 21.23694° ИГД | |
Регион | Пелагониски |
Општина | Крушево |
Население | 19 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 7550 |
Повик. бр. | 048 |
Шифра на КО | 16016 |
Надм. вис. | 860-920 м |
Острилци на општинската карта Атарот на Острилци во рамките на општината | |
Острилци на Ризницата |
Острилци — село во Општина Крушево, во околината на градот Крушево.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во јужниот дел на територијата на Општина Крушево, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Демир Хисар.[2] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 860 до 920 метри. Од градот Крушево е оддалечено 4 километри.[2] Непосредно до селото минува регионалниот пат 1306.
Соседни села на Острилци се: Бирино од југоисток, Журче од југ, Растојца од запад, и градот Крушево, Долно Дивјаци и Арилево од север.
Историја
[уреди | уреди извор]Со оглед на повеќе археолошки наоѓалишта во близина на селото може да се претпостави дека селото е стара населба, но и дека некогаш се наоѓало на друга местоположба.[3]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Атарот на селото зафаќа простор од 11,3 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 832 хектари, на пасиштата отпаѓаат 176 хектари, а на обработливото земјиште 80 хектари.[2]
Во основа, селото има полјоделско-сточарска функција.[2]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов (Македонија, Етнографија и статистика) од 1900 година, селото Острилци имало 300 жители, сите Македонци.[4] Според секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) од 1905 година, во Острилци имало 216 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[6]
Острилци е мало село, населено со македонско население. Во 1961 година броело 230, а во 1994 година 42 жители.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Острилци живееле 32 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 19 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 300 | 216 | 330 | 327 | 230 | 137 | 76 | 47 | 42 | 32 | 19 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови
[уреди | уреди извор]Острилци е македонско село.[12]
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:
- Староседелци и доселеници од непознато потекло: Трајчевци (14 к.), Белевци (3 к.), Беговци (7 к.), Стојчевци (1 к.), Момировци (2 к.) и Илијовци (14 к.).
- Доселеници со познато потекло: Караџовци или Петревци (6 к.), доселени се од селото Сошани, Дебрца. Во Сошани им биле роднини, истоимениот род, во Острилци се доселил домазет. Го знаат следното родословие: Крсте (жив на 80 г. во 1952 година) Богоја-Кочо, предокот кој се доселил.
Општествени установи
[уреди | уреди извор]- Месна заедница
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Во XIX век, Острилци било христијанско село во рамките на Битолската каза (нахија Демир Хисар), на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Крушево, која била една од ретките општини во Македонија која не била изменета при територијалната поделба во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на тогашната Општина Крушево.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крушево.
Во периодот 1950-1955, селото било дел од тогашната Крушевска градска општина, во која влегувале градот Крушево и селата Бирино и Острилци.
Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачкото место бр. 1193 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на месна заедница.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 21 гласач.[14] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 18 гласачи.[15]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Археолошки наоѓалишта[3]
- Јовкова Килиба — некропола од средниот век;
- Старо Село — населба од доцноантичко време;
- Селиште — населба од доцноантичко време; и
- Стипварник — населба, некропола, рудник и топилница од доцноантичко време.
- Цркви[16]
- Црква „Св. Ѓорѓи“ — главна селска црква.
Личности
[уреди | уреди извор]- Родени во или по потекло од Острилци
- Јозо Т. Бошковски - Јон (р. 14 јануари 1933) — македонски поет, раскажувач, есеист, преведувач и сликар.
- Петар Т. Бошковски — македонски писател
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Куќи во селото
-
Стара куќа
-
Селска чешма
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 225. Посетено на 24 декември 2016.
- ↑ 3,0 3,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 202. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 240.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 172-173.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 24 декември 2021.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Русиќ, Бранислав. Железник-Острилци. Архивски фонд на МАНУ АЕ 97/1г.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Локални избори 2021“. Архивирано од изворникот на 2021-12-02. Посетено на 24 декември 2021.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|