Павле Вуисиќ
Павле Вуисиќ | |
---|---|
Павле Вуисић | |
Вуисиќ на српска поштенска марка од 2013 година. | |
Роден(а) | 10 јули 1926 Цетиње, Кралство СХС |
Починал(а) | 1 октомври 1988 Белград, СР Србија, СФРЈ | (возр. 62)
Националност | српска |
Занимање | глумец |
Сопружник | Мирјана |
Павле Вуисиќ (роден како Вујисиќ;[1] Цетиње, 10 јули 1926 – Белград, 1 октомври 1988) –југословенски и српски глумец.
Животопис
[уреди | уреди извор]Павле Вуисиќ е на 10 јули 1926 година.[2] Бил учесник во борбите на Сремскиот фронт. Живеел во Белград со сопругата Мирјана.[3] Неговиот помлад брат Душан Вујисиќ, исто така, бил глумец.
Студирал право и сè до почетокот на 1950-тите се пробувал во новинарството (Радио Белград). Неполна сезона глумел во панчевачкиот театар, истовремено статирал во филмот „Чудотворен меч“ (1950) на Воја Нановиќ и безуспешно се обидувал да се запише на Белградската академија.
Починал на 1 октомври 1988 година од карцином. Погребан е на Новите гробишта во Белград.[2]
Филмска кариера
[уреди | уреди извор]Вуисиќ глумел во голем број филмови и во телевизиски серии, иако немал формално глумечко образование. Филмската кариера ја почнал во 1950 година во филмот „Чудотворен меч“ на Воја Нановиќ. Набрзо потоа ја добил главната улога во филмот на Наниќ, „Три чекори во празно“ (1958) и за неа ја добил наградата „Златна арена“ на Филмскиоит фестивал во Пула.
Веќе од 1957 година, почнал соработка со бројни режисери, играјќи разновидни улоги:
- Владимир Погачиќ (Во сабота навечер, 1957; САМ, 1959),
- Ватрослав Мимица (Прометеј од островот Вишевица, 1965; Понеделник или вторник, 1966; Селанска буна 1573, 1975; Последниот подвиг на диверзантот Облак, 1978),
- Жика Павловиќ (Непријател, 1965; Будење на стаорците, 1967; Заседа, 1969),
- Бранко Бауер (Да се дојде и остане, 1965; Салаш во Малиот Рит, 1976),
- Бора Драшковиќ (Хороскоп, 1969; Животот е убав, 1985),
- Вељко Булајиќ (Битката на Неретва, 1969),
- Александар Петровић (Мајсторот и Маргарита, 1972),
- Горан Паскаљевиќ (Чувар на плажа во зимскиот период, 1976; Кучето што ги сакаше возовите, 1977; Посебен третман, 1980; Самрак, 1983),
- Срѓан Карановиќ (Венецот на Петрија, 1980),
- Слободан Шијан (Кој тоа таму пее, 1980; Маратонците го трчаат почесниот круг, 1982),
- Горан Марковиќ (Мајстори, мајстори, 1980) и
- Емир Кустурица (Се сеќаваш ли Доли Бел, 1981, Татко на службен пат, 1985)
Глумел во повеќе телевизиски серии (Сервисна станица, Повеќе од игра), а Камионџии му донеле посебна популарност.
Завештание на Мирјана и Павле Вуисиќ
[уреди | уреди извор]Сопругата на Павле, Мирјана Вуисиќ, е член-основач и член на управниот одбор на Здружението за култура, уметност и меѓународна соработак „Адлигат”. Во 2016 година во Адлигат го формирала завештанието на Мирјана и Павле Вуисиќ. Во завештанието има голем број лични предмети на глумецот, бројни ракописи, скици, фотографии, дневник на брачниот пар, сценариото кое Павле го напишал за детски филм, приказна за разговорот на крапот и други книжевни дела, легитимации, цртежи, предмети од филмови во кои глумел, како и оригиналниот негов тестамент.
Завештанието е достапно за јавноста во рамките на Музејот на српската книжевност на Бањица во Белград.
Филмографија
[уреди | уреди извор]1950▼ | 1960▼ | 1970▼ | 1980▼ | Вкупно | |
---|---|---|---|---|---|
Долгометражен филм | 15 | 44 | 39 | 31 | 129 |
ТВ-филм | 1 | 1 | 9 | 3 | 14 |
ТВ-серија | 0 | 1 | 12 | 4 | 17 |
ТВ-мини серија | 0 | 0 | 2 | 4 | 6 |
ТВ-краток филм | 0 | 0 | 3 | 2 | 5 |
Краток филм | 1 | 1 | 2 | 2 | 6 |
Вкупно | 17 | 47 | 66 | 45 | 177 |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јутарњи лист. „Све моје бурне године с Пајом“. Архивирано од изворникот на 25 декември 2015. Посетено на 24 декември 2015. (хрватски)
- ↑ 2,0 2,1 Павле Вуисић Архивирано на 20 септември 2016 г., Посетено на 18. априла 2011.
- ↑ Отворен тајни сеф Пајине животне авантуре, Блиц, 16. јуни 2009 (пристапено на 18 април 2011).
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Павле Вуисиќ на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Каменчић ослободио Павла Вуисића („Политика”, 26. новембар 2017)
- Мирјана Вуисић: Павле је често цепао оно што напише, спасавала сам његова дела од њега самог („Блиц”, 6. август 2018)
- Беж’о сам од људи... („Политика”, 6. јул 2019)
- „Tри деценије од смрти Павла Вуисића“. Адлигат. Радио-телевизија Србије. 5 октомври 2018. Посетено на 21 ноември 2019.
- „"Neki ljudi ostave iza sebe nešto tek kad ČUČNU" VIDEO“. mondo.rs. 16 јули 2019. Посетено на 26 септември 2020.
- „Nije voleo ni Tita ni Čkalju - Pavle Vuisić, čovek LEGENDA (VIDEO)“. mondo.rs. 10 јули 2020. Посетено на 26 септември 2020.
- Волео је да пише стихове, а то је мало ко знао; Прочитајте песме Павла Вуисића (Б92, 2. октобар 2020)
- Исповест удовице легендарног глумца, открила детаље његове отмице („Вечерње новости”, 15. новембар 2020)