Пајонски јазик
Пајонски | |
---|---|
Застапен во | Македонија, јужна Србија (првенствено Косово), северна Грција, југозападна Бугарија |
Изумрен | веројатно 1 век п.н.е. - 2 век н.е. |
Јазично семејство | индоевропско
|
Јазични кодови | |
ISO 639-2 | - |
ISO 639-3 | xli |
Пајонски јазик — малку истражениот јазик на античките Пајонци, чие кралство некогаш се простирало северно од Македон и во Дарданија и, во најраните времиња, во југозападна Тракија.
Од класични извори познати ни се неколку пајонски зборови:
- monapos, монаипос, див бик
- тилôн, вид на риба која некогаш живеела во езерото Прасиј
- папракс, вид на риба која некогаш живеела во езерото Прасиј. Папракас, маш. акуз. мн.
Постојат наоди за ред антропоними (некои само преку пајонските монети), како и за неколку топоними (Билазора, Астибо) и неколку теоними (Дриал, Диал, пајонскиот Дионис), како и следниве:
- Понтос, притока на реката Струмица, веројатно од *понктос, мочурлив;
- Стобои (денешно Градско), има на град, од *стоб (спор. старопруски стабис „карпа“, старословенски стобору, „столб“, староанглиски стапол, „дирек“, старогрчки стобос, „карање, лоши зборови“);
- Дóберос, друг пајонски град, од *деуб- „длабок“ (спор. литвански дубус, англиски дип);
- Агриан, име на племе, од *агро- „поле“ (спор. латински агер, грчки агрос).
Класичните извори обично ги сметаат Пајонците за посебен народ, различен од Тракијците и Илирите, со свој етнос и јазик. Атенеј го поврзува пајонскиот со мисискиот јазик, кој и самиот е малку истражен. Доколку ова е точно, тоа би значело дека пајонскиот бил анадолски јазик.
Од друга страна, Пајонците од некоисе сметале за потомци на Фригијците, што би значело дека пајонскиот ѝ припаѓа на истата група јазици како и фригискиот.
Современите јазичари се нерешени за класификацијата на пајонскиот јазик, заради екстремната оскудност на материјали за него. Од една страна Вилхелм Томашек и Паул Кретшмер тврдат дека тој им припаѓал на илирските јазици, а од друга страна Димитер Дечев, тврди дека јазикот бил сроден на тракискиот.
Меѓутоа, по сè изгледа дека пајонскиот бил различен и од двата. Тој ја поседува одликата a/o и не изгледа дека е кентумски јазик.
Наводи
[уреди | уреди извор]- Francisco Villar, Gli Indoeuropei e le origini dell'Europa, (1997), Il Mulino, ISBN 88-15-05708-0