Прејди на содржината

Педалинка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Педалинки во Струга.

Педалинка — вид на водно превозно средство за рекреативна намена, кое се придвижува со помош на педали.

Педалинката ја управува и придвижува човек кој педалира и така го врти тркалото со лопатки, слично на принципот на поморскиот погон кој се употребувал во раните пароброди. Двоседните педалинки имаат по три педали на секоја страна за да може да се педалира доколку некој се вози сам. Педалинките често се изнајмуваат на плажи[1] и крај одморалишта и крајбрежни паркови, а нив ги претпочитаат и рибарите заради нивната тивкост со споредба со моторните чамци. Најчест вид на педалинки се оние каде двајца седат рамо до рамо, педалирајќи заедно. Постојат и типови со повеќе седишта, покривки, лизгалки и др.