Пена на дните
Автор | Борис Вијан |
---|---|
Изворен наслов | L'Écume des jours |
Земја | Франција |
Јазик | француски |
Жанр | роман |
Издадена | 1947 |
Пена на дните (француски: L'Écume des jours) — надреален роман од францускиот писател Борис Вијан објавен во 1947. Иако дејството се одвива временски линеарно, романот содржи повеќе сижејни линии, вклучувајќи љубовни доживувања на две двојки, глувци што зборуваат, и човек што остарел неколку години за една седмица.
Иако не е во фокусот на читателот, едно од сижеата вклучува и човек кој се венчал за сопруга што бргу се разболела, и чија болест можела да се лечи само ако пациентот биде посипан со цвеќиња.Романот бил инспирација за три филмови и една опера,[1] а бил рангиран помеѓу 100 книги на векот според Ле Монд. Еден од ликовите во романот, филозофот Жан-Сол Партр, е спунеризам за Жан-Пол Сартр, а низ романот на сличен начин се споменува дел од творештвото на Сартр.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „L'Ecume Des Jours (1968)“. The New York Times. Посетено на 2012-05-28.
- ↑ Stratton, David (2001-02-13). „Chloe“. Variety. Посетено на 2012-05-28.