Поплава
Поплава е природна појава (непогода), којашто се појавува заради високиот водостој во реките и езерата, поради што водата се прелива или излива од коритата и го поплавува околното подрачје. Причините што водат до висок водостој во реките и езерата се најчесто топење на снегот, обилни врнежи од дожд или некоја голема бура, попуштање на брана и сл.
Поделба
[уреди | уреди извор]Според начинот и брзината со која се формира бранот, поплавите се делат на три групи:
- Мирни поплави, кои најчесто се случуваат на големите реки и кај кои е потребно 10 или повеќе часови да се формира поголем бран.
- Буични поплави, кои најчесто се појавуваат кај планинските реки, каде голем воден бран се формира за помалку од 10 часа.
- Ненадејни поплави, кај кои водниот бран се формира веднаш, а се случуваат кога ќе дојде до рушење на брана.
Последици
[уреди | уреди извор]Вообичаени ефекти што се појавуваат при поплави се материјални штети, жртви, снабдување со вода и храна итн.
- Материјални штети: Зградите и другите објекти се оштетуваат од надојдените води. Исто така се возможни и појави на лизгање на земјиштето.
- Жртви: Луѓето и добитокот умираат од давење или од појавите на зарази и епидемии.
- Снабдување со вода: При поплави најчесто доаѓа до контаминација на чистата вода за пиење.
- Житарки и снабдување со храна: Поради поплавите може да дојде до оштетување на сите посеви на житарките.
Заштита од поплави
[уреди | уреди извор]Најчесто крај реките што се склони за излевање се градат најразлични одбранбени механизми што се користат во случај на поплава. Такви механизми се: насипи, брани, одводни канали, резервоари, крајбрежни ѕидови.
Поплавата како тема во уметноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]- „Поплава“ - кус расказ на македонскиот писател Драган Георгиевски од 2013 година.[1]
- „Полава“ - кус расказ на македонскиот писател Митко Маџунков од 1984 година.[2]
- „Поплавена земја“ (англиски: Floodland) - албум на британската рок-група Систерс оф мерси (The Sisters Of Mercy) од 1987 година.[3]
- „Поплава I“ (англиски: Flood I) - песна на Систерс оф мерси од 1987 година.[3]
- „Поплава II“ (англиски: Flood II) - песна на Систерс оф мерси од 1987 година.[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]„Поплава“ на Ризницата ? |
|