Преднојазична согласка
Места на творба |
---|
Уснени |
Двоуснени |
Уснено–заднонепчени |
Уснено–преднојазични |
Усненозабни |
Забноуснена |
Двозабни |
Преднојазични |
Јазичноуснени |
Меѓузабни |
Забни |
Забно-венечни |
Венечни |
Задновенечни |
Заднонепчено-венечни |
Свиени |
Среднојазични |
Задновенечни |
Венечно-преднонепчени |
Преднонепчени |
Уснено-преднонепчени |
Заднонепчени |
Ресични |
Ресично-надгласилни |
Заднојазични |
Голтнички |
Надгласилно-голтнички |
Надгласилни |
Гласилни |
Облик на јазикот |
Врвнојазични |
Рамнојазични |
Подјазични |
Странични |
Преднонепчени |
Голтнички |
Поврзано: Начин на творба |
Оваа страница содржи фонетски информации изразени со МФА, кои може да не се прикажат исправно кај некои прелистувачи. [Помош] |
Преднојазични согласки (коронални) се согласки што се создаваат со свитливиот преден дел на јазикот. Само преднојазичните согласки можат да се поделат на врвнојазични (апикални), рамнојазични (ламинални), засводени (јазикот е збран) и подјазични (субапикална), како и неколку поретки ориентации,[1] бидејќи само предниот дел на јазикот има способност за такви спретни движења. Преднонепчените согласки имаат и друга димензија - „зажлебеност“, со која се создаваат шушкави согласки заедно со горенаведените ориентации. Во арапската и малтешката филологија, т.н. „сончеви букви“ означуваат преднојазични согласки.
Во македонскиот јазик преднојазични се гласовите з, с, ж, ш, н, д, т, л и р (погл. примерите подолу).
Во австралиските јазици, педнојазичните се спротивни на крајните (периферни) согласки.
Рамнојазични | Врвнојазични | |||
---|---|---|---|---|
Венечно- преднонепчени |
Забни | Венечни | Свиени | |
Избувни | c ~ t̠ʲ | t̪ | t | ʈ |
Носни | ɲ ~ n̠ʲ | n̪ | n | ɳ |
Странични | ʎ ~ l̠ʲ | l̪ | l | ɭ |
Места на творба
[уреди | уреди извор]Местата на творба на преднојазичните согласки се: горните заби кај забните согласки, горното непце (забниот венец) кај венечните согласки, веднаш зад тоа се образуваат разните задновенечени согласки (засводена преднонепчено-венечна, рамнојазична задновенечна согласка и врвнојазична свиена согласка), вистинските свиени согласки (каде јазикот е збран до тврдото непце) и јазичноуснените согласки, каде јазикот ја допира горната усна.
МФА (симбол) |
Согласка | Пример | МФА (изговор) |
---|---|---|---|
z | звучна венечна струјна согласка | зима | /zima/ |
s | безвучна венечна струјна согласка | соба | /sɔba/ |
ð | звучна забна струјна согласка | that (англ.) | /ðæt/ |
θ | безвучна забна струјна согласка | thud (англ.) | /θʌd/ |
ʒ | звучна задновенечна струјна согласка | жена | /ʒɛna/ |
ʃ | безвучна задновенечна струјна согласка | штит | /ʃtit/ |
n | венечна носна согласка | налог | /nalɔg/ |
d | звучна венечна избувна согласка | дом | /dɔm/ |
t | безвучна венечна избувна согласка | табла | /tabla/ |
ɹ | венечна приближна согласка | reef (англ.) | /ɹiːf/ |
l | странична венечна приближна согласка | лице | /lit͡sɛ/ |
r | венечна трепетна согласка | рамен | /ramɛn/ |
ɾ | венечна едноударна согласка | pero (шпан.) | /peɾo/ |
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Врвнојазична согласка
- Рамнојазична согласка
- Среднојазична согласка
- Подјазична согласка
- Место на творба
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Погл. задновенечна согласка
- Ladefoged, Peter; Maddieson, Ian (1996). The Sounds of the World's Languages. Oxford: Blackwell. ISBN 978-0-631-19815-4.