Прејди на содржината

Пршовце

Координати: 42°5′0″N 21°3′41″E / 42.08333° СГШ; 21.06139° ИГД / 42.08333; 21.06139
Од Википедија — слободната енциклопедија
Пршовце
Пршовце во рамките на Македонија
Пршовце
Местоположба на Пршовце во Македонија
Пршовце на карта

Карта

Координати 42°5′0″N 21°3′41″E / 42.08333° СГШ; 21.06139° ИГД / 42.08333; 21.06139
Општина Теарце
Население 1.923 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1224
Шифра на КО 28062, 28562
Надм. вис. 493 м
Мреж. место Пршовце
Пршовце на општинската карта

Атарот на Пршовце во рамките на општината
Пршовце на Ризницата

Пршовце (албански: Përshefcë) — село во Општина Теарце, во околината на градот Тетово.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Пршовце се наоѓа во северозападниот дел на Република Македонија, под падините на Шар Планина. Административно припаѓа на Општина Теарце.

Историја

[уреди | уреди извор]

Пршовце со ова име се спомнува уште во 1415 година. Во оваа година селото имало 44 куќи, 2 вдовици, 10 самци, лозја и градини со годишен приход од 8.150 акчиња. Од староседелските семејства познати се: Лауч, Хамзалар, Бекташ, Бегалар, Халабак, Рекали, Тољалар, Тота, Раде, Ѕинго, Прџе и Пираеус.

Во крајот на XIX век Пршовце е заведено како албанско село во Тетовската каза на Османлиското Царство.

На 11 ноември 2001 македонската полиција во контрола на три возила во реонот на селото Требош пронашла поголем број пиштоли, автоматски пушки и еден митралез, по што уапсила седум лица кои се наоѓале во возилата. Еден од уапсените бил Нухи Мустафи или т.н. командант Солана, роден 1966 година од Пршовце, одговорен за етничко чистење.[2]

За време на Конфликтот од 2001 во Пршовце забележани се неколку дејствија како палење на куќи[3] на неалбанци и сл.

На 7 мај 2005 година во Пршовце е одржано првото собрание на т.н. Албанското национално движење Илирида (АНДИ) - движење за Република Илирида формирано една година претходно во тетовското село Слатино. На него присустувале 78 делегати од сите градови и претставници од неколкуте села „што не се во границите на Р. Илирида“.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Земјоделството е главна гранка која не е доволно организирана, но сепак жителите на селото поединечно се организираат во работата и со тоа најдобро постигнуваат високи приноси, посебно во сточарството. Земјоделците од оваа општина се главните снабдувачи на овошје, зеленчук, млеко и Млечни производи и месо, на и околу градовите Тетово, Гостивар и Скопје.

Население

[уреди | уреди извор]
Грбот на селото
Знамето на селото
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948978—    
19531.059+8.3%
19611.248+17.8%
19711.638+31.2%
19811.999+22.0%
ГодинаНас.±%
199129−98.5%
19942.117+7200.0%
20022.516+18.8%
20211.923−23.6%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Пршовци живееле 165 жители, сите Албанци.[4]

Според Афанасиј Селишчев, во 1929 година Пршовце било село во Теаречката општина и има 110 куќи со 679 жители.[5]

Според пописот од 2002 година Пршовце има 2.516 жители населени во 430 живеалишта, од кои 2.478 Албанци, 6 Роми, 1 Македонец, 1 Србин и 29 останати.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.923 жители, од кои 11 Македонци, 1.871 Албанец, 1 Турчин, 3 Роми и 37 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 165 978 1.059 1.248 1.638 1.999 29 2.117 2.516 1.923
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Пршовце е албанско село.

Според истражувањата од 1947 година, родови во селото се:

  • Доселеници: Оџалар (16 к.), Тољолар (10 к.), Амзалар (24 к.), Кара Беќир (13 к.), Прчалар (13 к.), Матли (15 к.), Бектеш (7 к.), Кучук Амет (14 к.), Беколари (12 к.), Раделар (4 к.), Рамонет (5 к.), Амет (1 к.) и Налбат (1 к.) сите се доселени од северна Албанија. Родот Матли е доселен од областа Матија. Амзалар и Прчалар припаѓаат на фисот Красниќи. Некои се доселени од околината на Пешкопеја; Џемајловци (6 к.) они се Роми. Доселени се од Тетово.[12]

Општествени установи

[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постојат избирачките места бр. 2021, 2021/1, 2022 и 2022/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 2.366 гласачи.[14]

Редовни настани

[уреди | уреди извор]
  • Јуни -Фолклорен фестивал „Шари К’ндон“ (Sharri Këndon, во превод „Шара пее“). Има премиерно издание во 1994 година за поради конфликтот во Тетово да паузира 3 години и во 2004 повторно се возобновува и слави 10 годишен јубилеј.

Личности

[уреди | уреди извор]
ФК Јехона

Култура и спорт

[уреди | уреди извор]

Значаен настан во селото е културната манифестација на народна музика. Во јули 1994 година бил организиран концерт каде бил забележан висок интерес на населението. Следствено на тоа извесен Реџеп Салиу е назначен да направи релевантна документација за регистрација на културно здружение каде би се негувала традиционалната албанска песна и каде друштвото би одржувало свои концерти. Така е создадено Културно-уметничко Друштво „Јехона“ (во превод Одзив).

Во март 1994 е создаден и Младински форум со цел во селото да започне да се организираат повеќе спортски и културни настани. Првото дејствување на младинскиот форум е организирање на спортски турнир во селото каде покрај домашната екипа ФК Јехона, настапиле уште 50 други тимови.

Иселеништво

[уреди | уреди извор]

Како и во секо— село во Македонија населено со Албанци, така и во Пршовце голем број од жителите живеат во различни земји како што се: Данска, претежно во Копенхаген, Германија, најголемиот во градот во Хамбург, но исто така има голем број во Диселдорф и околината на Келн, исто така и во Берлин има пршовчани чиј број е доста висок. Потоа следат Швајцарија, претежно во Валис и Санкт Гален, Австрија, најчесто во Виена, Норвешка особено Осло каде во последниве години доста жители се заминати таму. Исто така има и некои семејства во Велика Британија, Австралија, Франција, Италија, Хрватска и Словенија.

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Денеска се ослободени 39-те лица, кои вчера беа киднапирани во тетовско од страна на албанските терористи, со напори и ангажирање на министерството за одбрана во координација со мисијата на НАТО „Килибарна лисица“, Европската Унија и ОБСЕ.
  3. Меѓународната заедница го осуди палењето куќи во тетовските села
  4. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1900, стр.210.
  5. Афанасий Селищев. „Полог и его население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр.23.
  6. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  7. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ.
  13. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  14. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. АГИМ ЏЕЉИЉИ

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]