Прејди на содржината

Пшемишл

Координати: 49°47′10″N 22°46′26″E / 49.78611° СГШ; 22.77389° ИГД / 49.78611; 22.77389
Од Википедија — слободната енциклопедија
Пшемишл
Катедралата во градот
Катедралата во градот
Знаме на {{{official_name}}}Грб на {{{official_name}}}
Пшемишл is located in Полска
Пшемишл
Координати: 49°47′N 22°46′E / 49.783° СГШ; 22.767° ИГД / 49.783; 22.767
Земја Полска
ВојводствоПоткарпатско
ОкругПшемишлски
ОпштинаПшемишл
ОсновањеX век
Градски статус1389
Управа
 • ГрадоначалникРоберт Чома
Површина
 • Вкупна44 км2 (17 ми2)
Население (2006)
 • Вкупно66.715
 • Густина1,500/км2 (3,900/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Postal code37-700 to 37-720
Повик. бр.+48 016
Пошт. бр.RP
Мреж. местоhttp://www.przemysl.pl

Пшемишл (полски: Przemyśl) — град во Поткарпатското Војводство на Полска, со население од 66.756 жители според податоци од 2009 година[1]. Пшемишл е седиште на истоимениот округ.

Историја

[уреди | уреди извор]

Први векови

[уреди | уреди извор]

Пшемишл е вториот најстар град во јужниот дел на Полска (по Краков), кој најверојатно бил основан во VIII век. Регионот во текот на IX век бил дел од Велика Моравија. Археолошки остатоци сведочат за присуството на монашка населба на почетокот на IX век. Регионот потоа станал место на несогласување меѓу Полска, Киевска Русија и Унгарија. Областа се споменува за првпат во 981 година од Нестор, кога Владимир I Велики го освоил градот[2][3]. Во 1018 година градот бил вратен на Полска, а во 1031 година бил повторно окупиран од Киевска Русија. Во XI век и XII век градот бил престолнина на Кнежевство Пшемишл, како дел од Киевска Русија. Ои 1218 година во градот била основала православна епархија[4]. Пшемишл подоцна станал дел од Кралството Галиција.

Полско-литванска Државна Заедница

[уреди | уреди извор]

Во 1340 година градот бил вклучен во составот на Полско-литванската Државна Заедница од страна на Казимир III. Во ова време била основана првата католичка епархија[4] во градот и му бил доделен статус на град кое било потврдено во 1389 година од страна на кралот Владислав II.

Градот успевал да се развие како важен трговски центар во текот на периодот на ренесансата. Населението на градот се состои од голем број на народности, како Полјаци, Руси, Евреи, Германци, Чеси, Ерменци и Татари. Долгиот период на просперитет придонела до изградба на урбани згради како Старата синагога од 1559 година, додека академијата била основана во 1617 година[4]. Просперитетот дошол до својот крај во средината на XVII век, како резултат на шведската инвазија и падот на силата на Полско-литванската Државна Заедница. Во 1754 година од страна на римокатоличкиот бискуп била основана првата јавна библиотека, која била само втора јавна библиотека во Полско-литванската Државна Заедница (библиотеката во Варшава била основана седум години порано). Важноста на градот во тоа време била во толку голем степен што кога Австрија ја зазеле Источна Галиција во 1772 година сакала градот да го направи главен за провинцијата, но сепак подоцна се одлучиле за Лавов[4].

Во средината на XVIII век, луѓето од еврејската вера биле 55,6% (1.692) од вкупниот број на население, католиците биле 39,5% (1.202) и гркокатолиците биле 4,8% (147)[5].

Австриско управување

[уреди | уреди извор]
Австриска разгледница од 1881 г.

Во 1772 година, како последица на Првата поделба на Полска, градот станал дел од Австриската Империја. Според австрискиот попис од 1830 година, градот бил дом на 7.538 лица од кои 1.508 (20%) биле членови на Грчката католичка црква. Во 1804 година била основана уште една библиотека во градот[4]. До 1822 година библиотеката имала над 33.000 книги. Пшемишл исто така станал центар на заживување на византиската хорска музика во Грчката Католичка црква. Градот бил најважниот рутенски град веднаш по Лавов[4].

Во 1861 година била изградена железница за поврзување на градот со Краков на запад и Лавов на исток. Во средината на XIX век, како резултат на растечкиот конфликт меѓу Австрија и Русија во врска со Балканот, Австрија станала сè повеќе свесна за стратешката важност на градот бидејќи се наоѓал во близина на границата со Русија. За време на Кримската војна околу градот биле изградени неколку тврдини.

Пописот од 1910 година покажал дека градот има 54.078 жители. Католиците биле најбројни - 25.306 (46,8%), потоа следувале Евреите - 16.062 (29,7%) и гркокатолици - 12.018 (22,2%)[6]

Тврдината број 15 наречена „Борек“

Со технолошкиот напредок за време на втората половина на XIX век, старата тврдина во градот морало да биде реконструирана за да одговара на новите оружја. За да се постигне ова, во периодот помеѓу 1888 и 1914 година Пшемишл бил претворен во тврдина, трета по големина во Европа. Низ градот, во кругот на периметар од 45 км, биле изградени 44 тврдини од различни големини. Постарите утврдувања биле модернизирани за да ја обезбедат тврдината со внатрешна одбрана. Тврдината била дизајнирана за да се приспособат 85.000 војници и 956 топови од сите видови, иако на крајот имало дури 120.000 војници[7].

Податотека:Illustrated War News, Jan. 13, 1915, page 11 - Siege of Przemysl.jpg
Германска опсада од 1915 година

Во август 1914 година, на почетокот на Првата светска војна, руските сили биле поразени од австроунгарските сили. Тврдината ја исполнила својата мисија многу ефикасно, помагајќи да се спречи 300.000 силна руската армија да напредува од Карпатите кон Краков. По крајот на првата опсада, следувала и втора руска опсада во октомври 1914 година. Поради недостаток на храна и исцрпување на неговите бранители, тврдината предала на 22 март 1915 година. Русите заробиле 126.000 затвореници и 700 големи пиштоли. Русите не се задржиле во градот. Обновената офанзива на Централните сили повторно ја уништила тврдината на 3 јуни 1915 година. За време на борбите околу Пшемишл, двете страни имале над 115.000 убиени, ранети или исчезнати луѓе[7].

Меѓувоен период

[уреди | уреди извор]

На крајот на Првата светска војна, Пшемишл станал спорно место помеѓу Полска и Украина. На 1 ноември 1918 година, локалната привремена влада била формирана со претставници на полски, еврејски и рутеријански жители. Сепак, на 3 ноември украинската воена единица ја срушила владата, го уапсила својот водач и го заземале источниот дел на градот. Украинската армија добила одговор од страна на една мала полска единица формирана од полски ветерани од Првата светска војна. Исто така, голем број млади полски волонтери се приклучиле кон воените дејствија. На бојното поле градот бил поделен по должината на реката Сан, каде западната населба Засание била во полски раце додека стариот град под контрола на Украинците. Ниту Полјаците ниту Украинците не можеле потполно и ефикасно да ја поминат реката Сан, па и двете спротивставени страни одлучиле да почекаат помош од надвор. Така, кога во градот пристигнале една волонтерска експедитивна единица од Краков и кога полските сили дале ултиматум на Украинците, на 11-12 ноември полските сили ја преминале реката Сан и ги принудиле на украинските сили да се повлечат од градот.

По завршувањето на полско-украинската војна и полско-болшевичката војна што следувала, градот станал дел на Втората Полска Република. Иако главниот град на војводството било во Лавов, Пшемишл ја обновил својата позиција како град со седиште на локалната администрација, на гарнизон на полската армија и како град со седиште на епископија. Во 1931 година градот имал население од 62.272 и бил најголемиот град во јужниот дел на Полска.

Втора светска војна

[уреди | уреди извор]

По инвазијата на Полска од страна на Нацистичка Германија и Советскиот Сојуз, границата меѓу двата полски непријатели се наоѓала низ центарот на градот по должината на реката Сан до јуни 1941 година. За време на советската окупација, градот бил вклучен во територијата на Украина во атмосфера на теророт на НКВД[8]. Пшемишл станал дел од Дрогобичката област[9]. Во 1940 година градот станал административен центар[10].

Во текот на операција Барбароса, населението на градот се зголемило поради голем прилив на еврејски бегалци кои се обиделе да ја преминат границата со Романија[11]. Се проценува дека до средината на 1941 година еврејското население на градот се зголемило на околу 16.500. Во операција Барбароса на 1941 година, источниот (советскиот) дел од градот, исто така, бил окупиран од Германија. На 20 јуни 1942 година, првата група од 1.000 Евреи биле транспортирани од областа Пшемишл во концентрациониот логор Јановска, додека пак на 15 јули 1942 било основано гето за сите еврејски жители на Пшемишл и неговата околина, каде биле затворени околу 22.000 луѓе. На локалното еврејско население им било дадено време од 24 часа за да влезат во гетото. Објектот на Еврејската Заедница, заедно со синагогите во градот биле разрушени, додека сите комерцијални и станбени недвижности кои припаѓале на Евреите биле конфискувани.[12].

Гетото во Пшемишл било изолирано од надворешниот на 14 јули 1942 година. Во тоа време внатре се наоѓале околу 24.000 евреи. До септември 1943 година речиси сите Евреи биле испратени во Аушвиц. Локалните ограноци на полските сили успеале да спасат 415 Евреи. Според поствоената истрага, 568 Полјаци биле убиени од страна на Германците за згрижување на Евреите во областа на Пшемишл а дел од нив биле и јавно погубени[13][14].

По освојувањето на градот од страна на Црвената Армија на 27 јули 1944 година, следната година бил потпишан договор за демаркација на границата помеѓу СССР и Полска, според која градот се нашол на само неколку километри од границата со Украинска ССР.

По војната

[уреди | уреди извор]

Во повоениот период, границата меѓу Полска и СССР била на само неколку километри источно од градот. Поради убиството на Евреите во холокаустот и повоеното протерување од Украинците, населението во градот паднало на 24.000. Сепак, градот ги поздравил илјадниците полски мигранти од Источна Галиција кои се населиле во градот.

Како резултат на сите овие настани, развојот на градот во годините по 1945 година се намалил.

Географија

[уреди | уреди извор]

Пшемишл се наоѓа во историската област Црвена Русија, на само 17 километри од Украина. Низ градот тече реката Сан. Според податоците од 1 јануари 2015 г., градот зафаќа 46,17 км2.

Климатски податоци за Пшемишл
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Највисока забележана °C (°F) 14
(57)
15
(59)
24
(75)
31
(88)
31
(88)
34
(93)
37
(99)
37
(99)
37
(99)
30
(86)
20
(68)
16
(61)
37
(99)
Прос. висока °C (°F) 0
(32)
1
(34)
6
(43)
13
(55)
19
(66)
23
(73)
24
(75)
23
(73)
19
(66)
14
(57)
6
(43)
3
(37)
12.6
(54.7)
Прос. ниска °C (°F) −7
(19)
−6
(21)
−2
(28)
3
(37)
8
(46)
12
(54)
14
(57)
13
(55)
9
(48)
5
(41)
1
(34)
−2
(28)
4
(39)
Најниска забележана °C (°F) −37
(−35)
−27
(−17)
−25
(−13)
−11
(12)
−2
(28)
2
(36)
6
(43)
3
(37)
0
(32)
−7
(19)
−16
(3)
−17
(1)
−37
(−35)
Прос. врнежи мм (ин) 27
(1.06)
24
(0.94)
25
(0.98)
43
(1.69)
57
(2.24)
88
(3.46)
105
(4.13)
93
(3.66)
58
(2.28)
50
(1.97)
43
(1.69)
43
(1.69)
656
(25.83)
Извор: BBC Weather [15]

Администрација и политика

[уреди | уреди извор]

Градски совет

[уреди | уреди извор]
Партија Мандат 2002-2006 [16] Мандат 2006-2010 [17] Мандат 2010-2014 [18] Мандат 2014-2018 [19]
Лига на полските семејства 4 - - -
Сојуз на демократска левица 6 (Демократска лева алијанса) 3 (Левица и демократи) 3 3 (SLD Lewica Razem)
Фондацијата за развој на „Сан“ 2 - - -
Право и справедливост 4 12 5 10
Stowarzyszeni dla Przemyśla 2 - - -
Przemyśl Razem 5 - - -
Граѓанска платформа - 6 8 6
Самоодбрана - 2 - -
Заедницата на локалната самоуправа „Сан“ - - 1 -
KWW Roberta Chomy - - 6 4

Демографија

[уреди | уреди извор]

Старосна структура[20].

[уреди | уреди извор]

Население по години

[уреди | уреди извор]


Знаменитости

[уреди | уреди извор]
Плоштадот во стариот град

Поради својата долга и богата историја, градот има голем број на знаменитости кои денеска претставуваат големи туристички атракции. Меѓу најпознатите историски згради и музеи, отворени за посетители, се:

  1. „Population. Size and structure by territorial division“ (PDF). © 1995-2009 Central Statistical Office 00-925 Warsaw, Al. Niepodległości 208. 2009-06-02. Посетено на 2009-06-22. Надворешна врска во |publisher= (help)
  2. Under 981, the Primary Chronicle reports on Volodymyr's campaign against the Poles, which resulted in the capture of "their towns" Peremyshl and Cherven. As the chronicler notes, they remained under Rus' control until his own time. In: S. Plokhy. "The origins of the Slavic nations: premodern identities in Russia, Ukraine, Belarus". Cambridge University Press, 2006. p. 57.
  3. A. Buko. "The archaeology of early medieval Poland". Brill. 2008. pp. 307-308
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 Stanislaw Stepien. (2005). Borderland City: Przemyśl and the Ruthenian National Awakening in Galicia. In Paul Robert Magocsi (Ed.). Galicia: A Multicultured Land. Toronto: University of Toronto Press. pp. 52-67
  5. J. Motylkiewicz. "Ethnic Communities in the Towns of the Polish-Ukrainian Borderland in the Sixteenth, Seventeenth, and Eighteenth Centuries". C. M. Hann, P. R. Magocsi ed. Galicia: A Multicultured Land. University of Toronto Press. 2005. p. 37.
  6. Juraj Buzalka. Nation and Religion: The Politics of Commemorations in South-East Poland. LIT Verlag Münster. 2008. p. 34
  7. 7,0 7,1 Tom Idzikowski. „The History of the Construction of the Fortress of Przemyśl“. Engagements and Battles. Austro-Hungarian-army.co.uk. Архивирано од изворникот на 2012-07-06. Посетено на May 23, 2012.
  8. Bernd Wegner (1997). From peace to war: Germany, Soviet Russia, and the world, 1939–1941. Berghahn Books. стр. 74. ISBN 1-57181-882-0.
  9. Voytovych, L. Drohobych Oblast. "Lviv Gazette". 18 July 2013
  10. Koval, M. Unknown Ukraine: 20th century history of fortifications. Myths and reality.
  11. Encyclopedia of the Ghettos (2016). „סמבּוֹר (Sambor) המכון הבין-לאומי לחקר השואה - יד ושם:“. The International Institute for Holocaust Research. Архивирано од изворникот на 2023-04-17. Посетено на 2016-10-11. Наводот journal бара |journal= (help)
  12. Virtual Shtetl (2016). „Jewish history of Przemyśl. The Holocaust“. POLIN Museum of the History of Polish Jews.
  13. Anna Poray, Polish Righteous: Those Who Risked Their Lives with photographs and bibliography, 2004. See: BANASIEWICZ.
  14. „Killed by military police and Gestapo for helping Jews“. Holocaust Forgotten. Посетено на May 24, 2012. Search keyword: Przemyśl prov.
  15. „Average Conditions Przemyśl, Poland“. BBC Weather. Посетено на August 30, 2010.
  16. „Państwowa Komisja Wyborcza: Wybory samorządowe“. wybory2002.pkw.gov.pl. Посетено на 2015-10-13.
  17. „Geografia wyborcza - Wybory samorządowe - Państwowa Komisja Wyborcza“. wybory2006.pkw.gov.pl. Посетено на 2015-10-13.
  18. „Wybory Samorządowe 2010 - Geografia wyborcza - Województwo podkarpackie - - m. Przemyśl“. wybory2010.pkw.gov.pl. Посетено на 2015-10-13.
  19. „Państwowa Komisja Wyborcza | Przemyśl“. wybory2014.pkw.gov.pl. Посетено на 2015-10-13.[мртва врска]
  20. http://www.polskawliczbach.pl/Przemysl, w oparciu o dane GUS.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

49°47′10″N 22°46′26″E / 49.78611° СГШ; 22.77389° ИГД / 49.78611; 22.77389