Прејди на содржината

РНК

Од Википедија — слободната енциклопедија
Pre-mRNA-1ysv-tubes

РНК или рибонуклеинска киселина е нуклеинска киселина изградена од една полинуклеотидна низа.

Структура

[уреди | уреди извор]

Рибонуклеинските нуклеотиди содржат:

РНК молекулата се синтетизира на калапот од една РНК-низа (оттука и сличноста со ДНК). Според тоа, РНК - низата содржи комплементарен распоред на нуклеотидите во однос на матичната ДНК полинуклеотидна низа. Молекулите на РНК се доста различни. Така, во различни клетки на еден ист организам, па дури и во една клетка, застапени се различни видови на РНК. Во зависност од некои структурни особености и нивната специфична функција, се разликуваат повеќе видови на РНК:

Видови на РНК

[уреди | уреди извор]
  • Рибозомска РНК, (r-RNA) - ја претставува главната маса на РНК во клетката, бидејќи е застапена со повеќе од 50% од вкупната РНК во клетката. Служи за изградба на рибозомите (откаде и името доаѓа), а се синтетизира во хромозомите на јадрото.




  • Мали некодирачки РНК, snRNA (small noncoding RNA) - пример: miRNA (micro RNA), siRNA (short interfering RNA) кои ја регулираат генската екпресија на постранскрипциско ниво од трансферот на информациите од ген до белковина. Механизмот со кој се контролира генската експресија преку овие snRNA, е сечкање на зрелата mRNA и ултимативно доведува до синтетизирање на некомплетен и нефункционална белковина, која бива лизирана.[1]
  • Nature Reviews Molecular Cell Biology 4, 457 - 467 (01 Jun 2003), doi: 10.1038/nrm1129, Review
  • <1> "Killing the messenger: short RNAs that silence gene expression" Derek M. Dykxhoorn, Carl D. Novina, Phillip A. Sharp Nature Reviews Molecular Cell Biology 4, 457 - 467 (01 Jun 2003), doi: 10.1038/nrm1129, Review