Радиоспектар
Радиоспектар (радиочестотен спектар, радиофреквенциски спектар или РФ-спектар) — дел од електромагнетниот спектар што соодветствува на радиочестоти, т.е. оние пониски од 300 GHz (бранови должини над 1 мм).
Разни делови од радиоспектарот се користат за разни видови на предавање и имаат различни примени. Радиоспектарот го регулира државната управа и издава одобренија за негово користење на мобилни оператори, ТВ станици и др. Во Република Македонија за ова е надлежна Агенцијата за електронски комуникации на РМ.[1] Опсезите на доделените честоти имаат свои доделени имиња (на пр. спетар на мобилна телефонија, телевизиски спектар итн).
Радиопојаси
[уреди | уреди извор]Појас (радиочестотен опсег) е мал дел од спектарот на радиочестоти, каде каналите се користат за иста намена.
Кај честотите над 300 GHz, Земјината атмосфера е практично непробојна за електромагнетните зраци сè до инфрацрвените и оптичките честотни опсези, кога е повторно проодна.
За да се избегнат пречки и да се добие ефикасно искористување на радиоспектарот, секој појас се пополнува со слични предаватели. На пример, радиотелевизиските емитувачи, мобилни радиостаници и навигационите уреди добиваат сосем различни опсези што немаат никаков меѓусебен преклоп.
Секој од појасите има основен план кој диктира како појасот треба да се користи и споделува, сè со цел да се избегнат меѓусебни пречки, но и за да се овозможи уврдувањето на протокол за складност на предавателите и приемниците.
По договор, појасите се поделени на бранови должини од по 10n метри, т.е. честоти од 3×10n херци. На пример, 30 MHz или 10 m ги дели ниските, подолги честоти од VHF, кои се пократки и повисоки. Ова се делови од радиоспектарот, а не неговата нечестотна распределба.
Име на поајсот | Крат. | ITU-појас | Честота и бранова должина |
Примена |
---|---|---|---|---|
< 3 Hz > 100 000 км |
Природен и вештачки електромагнетен шум | |||
Крајно ниска честота | ELF | 1 | 3–30 Hz 100 000 км – 10 000 км |
подводна радиоврска (подморници) |
Суперниска честота | SLF | 2 | 30–300 Hz 10 000 км – 1000 км |
подводна радиоврска |
Ултраниска честота | ULF | 3 | 300–3000 Hz 1000 км – 100 км |
подводна радиоврска, подземна радиоврска (рудници) |
Многу ниска честота | VLF | 4 | 3–30 kHz 100 км – 10 км |
радионавигација, часовна сигнализација, подводна радиоврска, безжични пулсометри, геофизика |
Ниска честота | LF | 5 | 30–300 kHz 10 км – 1 км |
радионавигација, часовни сигнали, емитување на AM долги бранови (Европа и делови од Азија), RFID, радиоаматерство |
Средна честота | MF | 6 | 300–3000 kHz 1 км – 100 м |
емитување на AM (средни бранови), радиоаматерство, предупредувања за лавини |
Висока честота | HF | 7 | 3–30 MHz 100 м – 10 м |
емитување на кратки бранови, граѓански радиоопсег, радиоаматерство и затхоризизонтни воздухопловни врски, RFID, Over-the-horizon radar, ALE / NVIS радиоврски, поморска радиотелефонија |
Многу висока честота | VHF | 8 | 30–300 MHz 10 м – 1 м |
FM, телевизиски емитувања и воздухопловни врски „на видик“, „земја-воздух“ и „воздух-воздух“. копнени и поморски мобилни врски, радиоаматерство, метеоролошки радиовски |
Ултрависока честота | UHF | 9 | 300–3000 MHz 1 м – 100 мм |
ТВ емитување, микробранови печки, микробранови уреди/врски, радиоастрономија, мобилна телефонија, WLAN, Bluetooth, ZigBee, GPS и копнени мобилни радиостаници, FRS и GMRS радиоврски, радиоаматерство |
Супервисока честота | SHF | 10 | 3–30 GHz 100 мм– 10 мм |
радиоастрономија, микробранови уреди/врски, WLAN, највеќето современи радари, комуникависки сателити, сателитска телевизија, директно сателитско емитување (DBS), радиоаматерство |
Крајно висока честота | EHF | 11 | 30–300 GHz 10 мм– 1 мм |
радиоастрономија, високочестотни микробранови релеа, микробраново далечинско испитување, радиоаматерство, наочено енергетско оружје, микробранов детектор |
Терахерцна или стравотно висока честота | THz или THF | 12 | 300–3000 GHz 1 мм– 100 μм |
Teрахерцна томографија – потенцијална замена за ретнгенските зраци во некои области од мединицата, ултрабрза молекуларна динамика, физика на кондензираната материја, терахерцна временскоподрачна спектроскопија, терахерцна информатика/врски, подмилиметарско далечинско испитување, радиоаматерство |
МТУ
[уреди | уреди извор]Радиопојасите на МТУ се предназнаки утврдени во Прописите за радиоемитување на Меѓународната телекомуникациска унија (ITU) со Член 2, одредба бр. 2.1, каде се распределени девет појаси, означени со цели броеви по нагорен редослед, во согласност со наведената табела[2]".
Бр. на појас | Симболи | Чест. опсег | Бранови должини† |
---|---|---|---|
4 | VLF | 3 – 30 kHz | 10 - 100 км |
5 | LF | 30 – 300 kHz | 1 - 10 км |
6 | MF | 300 – 3000 kHz | 100 - 1000 м |
7 | HF | 3 - 30 MHz | 10 - 100 м |
8 | VHF | 30 - 300 MHz | 1 - 10 м |
9 | UHF | 300 - 3000 MHz | 10 - 100 см |
10 | SHF | 3 – 30 GHz | 1 - 10 см |
11 | EHF | 30 – 300 GHz | 1 - 10 мм |
12 | 300 - 3000 GHz | 0,1 - 1 мм |
† Оваа колона не фигурира во табелата на Одредбата бр. 2.1 на Прописите за радиоемитување
Предназнаки на ЕУ, НАТО и САД ЕПМ[уреди | уреди извор]
|
IEEE[уреди | уреди извор]
|
Брановодни појаси[уреди | уреди извор]
|
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Честота
- Електромагнетен спектар
- Примопредавател
- Радиоаматерство
- Радиоастрономија
- Радиостаница
- Радиобарач (скенер)
- Ултраширок појас
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ За нас - Агенција за електронски комуникации на РМ Архивирано на 29 јануари 2012 г. (македонски)
- ↑ Прописи за радиоемитување на МТУ, Том 1, Член 2; издание 2008
- ↑ Согласно IEEE Std 521-2002 „Стандардни буквени предназнаки за радарски честотни опсези“. Потврдени во 1984, а воспоставени за време на Втората светска војна.
- ↑ www.microwaves101.com „Честотни и внатрешни димензии на брановоди“ Архивирано на 8 февруари 2008 г. (англиски)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Радиочестотен спекатар на Република Македонија Архивирано на 26 ноември 2011 г. - АЕК (македонски)
- „Радиоспектар: витален ресурс во безжичен свет“ - Европска Комисија (англиски)
|