Резна
Резна Ανθούσα | |
---|---|
Координати: 40°15.14′N 21°12.28′E / 40.25233° СГШ; 21.20467° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Кожански |
Општина | Горуша |
Општ. единица | Цотил |
Надм. вис. | 820 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 15 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Резна или Резни (грчки: Ανθούσα, Антуса; до 1928 г. Ρέζνα, Резна[2]) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 15 жители (2021).
Географија
[уреди | уреди извор]Селото е сместено во областа Населица, во источното подножје на планината Горуша. Лежи југозападно од Лапчишта и североисточно од Жупан.[3]
Историја
[уреди | уреди извор]Во Отоманското Царство
[уреди | уреди извор]Од името на селото се гледа дека првично било македонско. Пред потурчувањето селото имало две цркви — „Св. Никола“, подоцна претворена во теќе, и „Св. Тома“ во западниот дел. Во источниот дел на селото се гробиштата, и тука е параклисот „Св. Тома“.[4]
На крајот од XIX век е забележано дека Резна било село во Населичката каза со мешана вероисповед. Храмот „Св. Тома“ е од 1841 г.[5] Според грчка статистика од 1904 г. во Резна (Ρέζνη, Резни) живееле 150 гркојазични Грци-христијани и 150 Валахади (Грци-муслимани).[6] Поради отсуството од други негрчки статистики и пристрасноста на грчките, исправноста на податокот за народноста не е утврдена со сигурност.
Во Грција
[уреди | уреди извор]По Балканските војни во 1913 г. Резна е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година во него се попишани 390 жители, а во 1920 г. имало 380.[3] Муслиманското население е иселено во Турција согласно Лозанскиот договор, а на негово место во 1920-тите се доселени грчки колонисти од Турција. Во 1928 г. селото имало 241 жител,[3] од кои 130 лица (35 семејства) биле дојденци.[7] Истата 1928 г. името на селото е сменето во Антуса, што значи „процутно“.
Во 1940 г. населението достигнало 315 жители, но потоа почнало да опаѓа и истото се намалува до денес.[3]
Во 1923 г. на местото на стариот манастир „Св. Илија“ е изграден мал храм со истото име (Αί-Λιά). Оваа црквичка е уништена во Грчката граѓанска војна и обновена во 1968 г.[8]
Население
[уреди | уреди извор]Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 315 | 251 | 210 | 124 | 103 | 56 | 54 | 30 | 15 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
[уреди | уреди извор]Населението произведува жито, тутун и други земјоделски производи. Во помала мера е застапено и сточарството.[3]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ρέζνα -- Ανθούσα
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 346.
- ↑ „ΑΝΘΟΥΣΑ ΒΟΪΟΥ: ΙΕΡΟΣ ΝΑΟΣ ΑΠΟΣΤΟΛΟΥ ΘΩΜΑ“. Το Βόιον. Архивирано од изворникот на 2015-01-02. Посетено на 2 јануари 2015.
- ↑ „ΕΚΚΛΗΣΙΕΣ – ΜΟΝΑΣΤΗΡΙΑ ΝΟΜΟΥ ΚΟΖΑΝΗΣ“. Agro-Tour.Net. Архивирано од изворникот на 2014-12-28. Посетено на 2 јануари 2015.
- ↑ Σπανός, Κωνσταντίνος. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 48-49, 2001.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Ιεροί Ναοί του Προφήτη Ηλία στο Βόιο“. Το Βόιον. Архивирано од изворникот на 2015-01-03. Посетено на 3 јануари 2015.
|