Религија во Швајцарија
Христијанството е доминантна религија во Швајцарија, поделено помеѓу Римокатоличката црква (46% од населението спред податоци од 2008) и Швајцарската реформска црква (40%). Имиграција го донел исламот во изминатиот век, и денеска бројот на муслиманитер е околу 4.26%. Истот се однесува и за православието, чијшто процент е околу 1.8%[1]. Други помали религиозни зеадници се различни протестантски вероисповеди (во висина од 1,94%), Нова Апостолска Црква (0,45%), Хиндуизам (0,38%), Будизам (0,29%), Јудаизам (0,25%), Јеховините сведоци (0,23%) и Старокатоличка црква (0,18%). 11,11% од Швајцарија се атеисти според податоци од 2000 година, други 4,33% одбиле да дадат изјава.
Според последната анкета спроведена од страна на Евробарометар во 2005,,[2]
- 48% од швајцарските граѓани одговориле дека "веруваат во Бог односно дека тој постои".
- 39% одговориле дека "веруваат во некоја друга натприродна сила".
- 9% одговориле дека "не веруваат ниту во Бог ниту во некоја друга сила".
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „CIA World Factbook section on Switzerland“. Архивирано од изворникот на 2020-05-15. Посетено на 2009-11-07.
- ↑ „Eurobarometer on Social Values, Science and technology 2005 - page 11“ (PDF). Посетено на 2007-05-05.