Република Рио Гранде
- Да не се помеша со Риограндска Република која постоела во исто време во Бразил.
Република Рио Гранде República del Río Grande
| |
---|---|
1840 | |
Flag | |
Статус | Непризната држава |
Главен град | Ларедо |
Говорени јазици | Шпански |
Уредување | Република |
Претседател | |
• 1840 | Хесус де Карденас |
Историја | |
• Донесување на устав (Siete Leyes) | 17 јануари 1840 |
• Предавање на Антонио Каналес во Камарго | 6 ноември 1840 |
Валута | Пезос |
Денес дел од | Мексико САД |
Република Рио Гранде (шпански: República del Río Grande) ― краткотрајна држава во северниот дел од денешно Мексико која прогласила независност од унитарната мексиканска власт на чие чело бил Антонио Лопес де Санта Ана. Државата постоела од 17 јануари до 6 ноември 1840 година и не била официјално призната.
Заднина
[уреди | уреди извор]По една деценија немири, Мексико стекнал независност од Шпанија во 1821 година. По неуспешниот обид за монархија, Мексико го усвоил Уставот од 1824 година со кој биле основани Обединетите мексикански држави (шпа: los Estados Unidos Mexicanos) како федерална република. За време на војната за независност, многу бунтовници биле протерани во Коавила и Нов Леон, а револуционерениот менталитет ги освоил срцата на луѓето.[1]
Во 1833 година, генералот Санта Ана бил избран за претседател. Прво тој поддржувал федералната република, но набрзо се предомислил и одлучил да основа централизирана влада.[2] Санта Ана го суспендирал уставот, го распуштил Конгресот и станал центар на моќта во Мексико. Федералните држави биле претворени во департмани без политичка и фискална автономија. Избраните гувернери биле заменети со функционери именувани од Санта Ана, а со државните собранија управувале хунти кои се покорувале на политиките на Санта Ана. Водачите на федералните републики почнале да пружаат отпор и се заложиле да ги протераат функционерите назначени од централната власт и да го вратат Уставот од 1824 година.[3] На 3 ноември 1838 година, Антонио Каналес Росило, поранешен гувернер на федерална република, издал комунике против владата и враќање на федерацијата со државен удар.
Отпор
[уреди | уреди извор]Во јануари 1839 година, Антонио Каналес свикал состанок во Ларедо каде едногласно бил одобрен Уставот од 1824 година. Каналес по селата започнал да собира војска.[4]
На 3 октомври Каналес со неговата војска се упатиле кон градот Миер, каде што се судриле со мексиканската војска. Каналес победил во битката, и во Северно Мексико бил сметан за херој. Народот почнал да ја поддржува неговата кауза. За неколку дена му биле испратени регрути, материјали и готовина.[4]
Востание
[уреди | уреди извор]Нова Република
[уреди | уреди извор]На состанокот одржан на 17 јануари 1840 година во близина на Ларедо,[5] високи државни претставници од поранешните сојузни држави Коавила, Нов Леон и Тамаулипас одлучиле да кренат востание за отцепување од Мексико и да формираат сопствена федерална република со Ларедо како главен град. Основана била Република Рио Гранде. Официјален весник станал: „Correo del Rio Bravo del Norte“ а мотото на државата било Dios, Libertad y Convención (Бог, слобода и конвенција).[1]
На чело на републиката биле:
- Хесус де Карденас - станал претседател на Републиката
- Антонио Каналес - врховен командант на новата република и еден од основачите на републиката.
- Хуан Непомуцено Молано, претставник на советот за Тамаулипас.
- Франциско Видаури и Виласењор, претставник на советот за Коахуила.
- Мануел Марија де Лано, претставник на советот за Нов Леон.
- Хуан Франциско Фаријас, државен секретар
- Хосе Марија Хесус Карбахал, државен секретар (по Фаријас)
Битка кај Санта Рита де Морелос (24-25 март 1840)
[уреди | уреди извор]По основањето на Република Рио Гранде, мексиканската Влада го испратила генералот Ариста во долината на Рио Гранде. Тексашанецот Самуел Џордан го повикал Каналес да се повлече во Тексас за да регрутира повеќе Тексашани, но Каналес одбил. Потоа, Самуел Џордан со 60 негови луѓе ја напуштиле војската на генерал Каналес. Претседателот Карденас и новата влада побегнале во Викторија, Тексас.[6]
Војските на Каналес и Ариста се сретнале кај градот Санта Рита де Морелос. Антонио Запата со свои 30 луѓе влегле во градот во потрага по храна, а војската на Ариста набрзо ги опколила. Не можејќи да се бори со војската на Ариста која броела 1800 војници, Запата се предал. Генералот Ариста понудил да го помилува Антонио Запата под услов да се заколне на верност кон Мексико, но тој одбил. На 29 март 1840 година, Антонио Запата бил погубен и неговата глава била ставена на колец во градот Гереро како предупредување за неговата сопруга, децата и федералистите. Додека Запата бил затворен, генералот Каналес се соочил со Ариста во битка кај Сан Фернандо, при што изгубил 250 од вкупно 400 војници во битката. По овој пораз, Антонио Каналес немал друга опција и морал да побегне во Тексас.[6]
Улогата на Тексас во востанието
[уреди | уреди извор]Од самиот почеток, претседателот Карденас увидел дека судбината на Република Рио Гранде зависи од поддршката на Тексас.[4] Тексас имал конфликтни интереси во однос на Република Рио Гранде: од една страна, Република Рио Гранде можела да служи како тампон држава меѓу Мексико и Тексас. Тексас сè уште бил под закана од повторно освојување од Мексико. Од друга страна, Тексас посакувал да биде признат од Мексико. Признавањето на Република Рио Гранде би го налутило Мексико. Официјално, Тексас останаl неутрален, но претседателот на Тексас, Мирабо Ламар, тајно ја поддржувал војската на Каналес со оружје и муниција.[7]
Битка кај Салтило (25 октомври 1840)
[уреди | уреди извор]Во Тексас, Каналес создал нова војска која се состоела од 300 Мексиканци, 80 Индијанци и 410 Тексашани. Каналес го напуштил Тексас и со војската успеал да ги освои градовите Ларедо, Гереро, Миер и Камарго.
Веднаш потоа, Каналес им наредил на 350 војници, под команда на Самуел Џордан и шурата на Каналес, Хуан Молано, да украдат коњи за идни операции. Откако Џордан и Молано го зазеле градот Сиудад Викторија и поставиле нова државна влада, се упатиле кон Салтиљо каде се наоѓал мексиканскиот генерал Монтоја. Без да знае Џордан, Хуан Молано тајно ја сменил страната и се приклучил на централистичките сили.
На 25 октомври 1840 година, мексиканската војска под команда Монтоја се соочила со армијата на Република Рио Гранде под команда на полковникот Лопес (кој исто така тајно му станал верен на генералот Монтоја). Полковникот Лопес му наредил на Џордан со неговите луѓе да се преселат кај планинската клисура. Откако ја сфатил дека е стапица, Џордан со неговите луѓе и преостанатите лојални вакери на Република Рио Гранде се засолниле во хациенда. Мексиканската армија со цела сила ја нападнала хациендата, но не успеала да ги зароби Тексашаните и тие се повлекле. При нападот на хациендата мексиканската армија загубила четиристотини а Тексашаните само пет.[6]
Пораз
[уреди | уреди извор]По поразот кај Салтиљо, генералот Каналес започнал тајни преговори со генералот Ариста и на 6 ноември 1840 година, Антонио Каналес се предал во Камарго. Каналес наскоро прифатил позиција на офицер во армијата на Санта Ана. Како дел од условите за предавање, не требало да им се нанесе штета на имотот или безбедноста на поранешните членови на републиката. Исто така, требало да се порамнат и долговите на Републиката.[1] Неколку дена по предавањето на Каналес, претседателот Карденас и други официјални лица пристигнале во Ларедо за официјално да се предадат.
Знаме на републиката
[уреди | уреди извор]Знамето на Република Рио Гранде имало син прицврстен дел со три рамномерно распоредени бели ѕвезди.[8] Трите ѕвезди ги претставувале трите отцепени држави: Коахуила, Нов Леон и Тамаулипас.[9] Слободниот дел бил поделен на три хоризонтални ленти, бела црвена и црна.[8][10][11]
Оставштина
[уреди | уреди извор]Остатоците од републиката може да се видат во:
- Округот Запата, Тексас, како и градот Запата се именувани во чест на командантот на коњаницата на Република Рио Гранде, полковник Хосе Антонио де Запата.
- Музејот на седиштето на Република Рио Гранде се наоѓа во Ларедо.
- Кон традиционалните шест знамиња на Тексас, весникот Laredo Morning Times на својот банер додава седмо знаме: знамето на Република Рио Гранде.
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Хуан Баутиста Алварадо, водач на востанието во Калифорнија
- Филибастер (воен термин)
- Список на поранешни непризнати држави
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 De La Garza, Beatriz (2013). From the Republic of the Rio Grande: A Personal History of the Place and the People. Austin: University of Texas Press. стр. 1–22 – преку ProQuest ebrary.
- ↑ Wilfred H. Callcott, "SANTA ANNA, ANTONIO LOPEZ DE," Handbook of Texas Online, accessed September 23, 2011. Published by the Texas State Historical Association.
- ↑ Valerio-Jiménez, Omar (2012). River of Hope: Forging Identity and Nation in the Rio Grande Borderlands. Durham, NC: Duke University Press. стр. 125.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 Lindheim, Milton. „The Republic of the Rio Grande“. Texas AMU. W.M. Morrison, Publishing Co. Архивирано од изворникот на 2016-04-10. Посетено на November 1, 2016.
- ↑ The text of the constitution is available in Dippel, Horst, ed., Constitutions of the world from the late 18th century to the middle of the 19th century America Vol. 1. Constitutional documents of the United States of America Pt. 6. Rio Grande – Texas, München Saur 2008, ISBN 978-3-598-35756-5, pp. 9–13, “Ley orgánica de la República del Río Grande (1840)”
- ↑ 6,0 6,1 6,2 Coppock, Mike (2005). „The Republic of the Rio Grande“. Wild West. History Reference Center. 18: 46–52 – преку EBSCOhost.
- ↑ Vigness, David M. “Relations of the Republic of Texas and the Republic of the Rio Grande.” The Southwestern Historical Quarterly 57, no. 3 (1954): 312-21.
- ↑ 8,0 8,1 8,2 Ceballos Ramirez, Manuel (May–August 2006). „La conformación del noreste histórico mexicano: larga duración, identidad y geopolítica“. Secuencia. 65: 9–37. ISSN 0186-0348.
Por otra parte, se ha aducido el separatismo del noreste por el hecho de que entre sus filas se portara una bandera que, dividida en una franja vertical y tres horizontales, representaba a los tres estados orientales, pues en la vertical también incluía tres estrellas. El color de la franja vertical era azul, y el de las horizontales eran plateado (o blanco), rojo y negro. Mariano Arista supo de la existencia de esta bandera por los informes que le rindió un espía, quien adernás la dibuío en un anexo, y así lo remitió Arista al ministro de Guerra a principios de septiembre de 1840." Translation: "On the other hand, the separatism of the northeast has been adduced due to the fact that a flag was carried among its ranks that, divided into a vertical stripe and three horizontal ones, represented the three eastern states, since the vertical one also included three stars. The color of the vertical stripe was blue, and that of the horizontal ones were silver (or white), red and black. Mariano Arista found out about the existence of this flag from reports given to him by a spy, who also drew it in an appendix, and Arista sent it to the Minister of War at the beginning of September 1840.
- ↑ . Palo Alto Battlefield National Historic Site, Brownsville, TX. Отсутно или празно
|title=
(help) - ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеGallegos1
. - ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеFlagSketch
.
- Литература
- Anonymous (January 11, 2014), The Republic of the Rio Grande, Webb County Heritage Foundation, Архивирано од изворникот на May 12, 2014
- Antonio Canales Rosillo from the Handbook of Texas Online
- Antonio López de Santa Anna from the Handbook of Texas Online
- Coppock, Mike. 2005. "The Republic of the Rio Grande." Wild West 18, no. 4: 46–52. History Reference Center, EBSCOhost (accessed November 1, 2016).
- De la Garza, Beatriz. From the Republic of the Rio Grande: A Personal History of the Place and the People. Austin: University of Texas Press, 2013.
- Lack, Paul D. (2022). Searching for the Republic of the Rio Grande: Northern Mexico and Texas, 1838–1840. Texas Tech University Press. ISBN 978-1-68283-126-7.
- The Laredo Morning Times Online edition
- Lindheim, Milton. The Republic of the Rio Grande. Waco, TX: W.M. Morrison, Publishing Co., 1964.
- "Mexico – Filibustering: Republic of the Rio Grande," Flags of the World.
- "Northern Mexico—New Republic of the Rio Grande." American Masonic Register and Literary Companion (1839-1847) 1, no. 43 (jun 27 1840): 338.
- Republic of the Rio Grande from the Handbook of Texas Online
- "The Republic of the Rio Grande: A Story of Its Rise and Fall," Sons of DeWitt Colony Texas.
- Valerio-Jiménez, Omar S. River of Hope: Forging Identity and Nation in the Rio Grande Borderlands. Durham, NC: Duke University Press, 2013.
- Vigness, David M. "Relations of the Republic of Texas and the Republic of the Rio Grande." The Southwestern Historical Quarterly 57, no. 3 (1954): 312–21.
- Yahoo! News article mentioning Republic of the Rio Grande in a present-day context
Дополнителна литература
[уреди | уреди извор]- Arambula, Odie (November 8, 2008). „Republic of the Rio Grande started in Revilla“. Во Gonzalez, Josh (уред.). ISSUU - The Zapata Times.
- Jaques, Tony, уред. (2007). „Santa Rita De Morelos“. Dictionary of Battles and Sieges: P-Z. Greenwood Publishing Group. стр. 290. ISBN 9780313335396.