Референдум во Македонија (2018)
| ||||||||||||||||||||||
Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?[1] | ||||||||||||||||||||||
Исход | ||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| ||||||||||||||||||||||
Резултати по општини |
Референдум во Македонија (2018) — референдум на државно ниво што се одржал на 30 септември 2018 година во Република Македонија.[2]
Согласно конечните резултати од гласањето одлуката на референдумот не била усвоена, бидејќи не гласале повеќе од половина од вкупниот број граѓани запишани во избирачкиот список.[3]
Заднина
[уреди | уреди извор]По македонската независност од Југославија во 1991, грчките власти тврдеа дека името на земјата имлицира територијални претензии кон истоимениот грчки регион и се спротивставија на употребата на терминот „Македонија“ од страна на новата држава. Македонија беше примена во Обединетите Нации во 1993 под привремената референца „Поранешна Југословенска Република Македонија“ (ПЈРМ),[4] додека во меѓувреме голем број на држави ја признаа Република Македонија под уставното име.
Повторените обиди за преговори за сложено име не успеаја 27 години. Меѓутоа, во 2018, се интензивирани контактите на високо ниво помеѓу владите на двете земји, а македонскиот вицепремиер Бујар Османи ја посети Атина на 9 јануари,[5] и македонскиот премиер Зоран Заев се сретна со неговиот грчки колега Алексис Ципрас на маргините на Светскиот Економски Форум во Давос, Швајцарија на 24 јануари.[6][7][8] На средбата во Давос, прва од ваков вид во последните седум години, двајцата водачи покажаа одлучност да стават крај на прашањето за името и да ги подобрат односите помеѓу двете земји. Заев подоцна презеде иницијативи кои ќе ја намалат грижата во Грција во врска со политиките на антиквизација.
На 12 јуни 2018, Ципрас објави дека постигнал договор со Заев „кој ги покрива сите предуслови поставени од грчката страна“.[9] Предлогот ќе резултира со преименување на Република Македонија во Република Северна Македонија, со тоа што новото име е за севкупна употреба, надворешна и внатрешна.[10] Заев објави дека договорот вклучува признавање на македонскиот јазик во Обединетите Нации и дека државјаните на земјата ќе бидат нарекувани како и претходно, македонски. Сепак, исто така ќе има експлицитно појаснување дека граѓаните на земјата не се поврзани со античките Македонци.[11][12] „Со договорот еднаш засекогаш се потврдува и зајакнува македонскиот етнички и културен идентитет, македонскиот јазик, македонската националност. Со него се гарантира и безбедноста на земјата и се овозможува сигурна иднина на граѓаните на РМ“, рече Заев.[13] Договорот бил потпишан на брегот на Преспанското Езеро.
Одлука за референдум
[уреди | уреди извор]Собранието на Република Македонија, на седницата одржана на 30 јули 2018 година донело одлука за распишување на референдумот.
Ставови
[уреди | уреди извор]За
[уреди | уреди извор]Македонскиот премиер Зоран Заев и владината коалиција започнаа онлајн кампања со која го поддржаа гласот За на референдумот. Многу високи функционери и ЕУ-водачи дадоа поддршка за опцијата „За“ бидејќи ќе ја доближи Македонија до ЕУ и НАТО. Меѓу оние кои ја посетија земјата за поддршка на референдумот беа Ангела Меркел и Себастијан Курц,[14][15] канцелари на Германија и Австрија, како и Џим Матис,[16] американскиот секретар за одбрана, и Јенс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО,[17] Албанскиот претседател Илир Мета, премиерот Еди Рама и министерот за надворешни работи Дитмир Бушати ги повикаа Албанците во Македонија да го поддржат договорот и да гласаат за на референдумот.[18][19][20] Во Македонија, албанските политички партии и нивните водачи Али Ахмети (ДУИ), Мендух Тачи (ДПА), Билал Касами (Движење Беса) и Зијадин Села (Алијанса за Албанците) исто така го поддржаа гласот За.[21]
Против/бојкот
[уреди | уреди извор]Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ се закани дека ќе го бојкотира референдумот и смета дека договорот со Грција е акт на предавство. Сепак, на почетокот на септември, само неколку недели пред референдумот, Христијан Мицкоски, претседателот на партијата излезе со изјава со која ги охрабри граѓаните да гласаат според сопственото убедување, и дека партијата ќе ги почитува различните мислења.[22] Партијата не учествуваше во референдумската кампања, додека некои високи партиски членови ја изразија својата поддршка за бојкотирање на референдумот. На 23 септември, македонскиот претседател Ѓорге Иванов, кој беше избран како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, го осуди договорот и ги повика своите сонародници да го бојкотираат гласањето.
Анкети за јавното мислење
[уреди | уреди извор]Датум на спроведување | За | Против | Неопределени | Нема да гласаат | Маргина на грешка | Примерок | Спроведена од | Метод |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
28 јуни-15 јули 2018 | 49% | 22% | 13% | 16% | ± 3.0% | 1100 испитаници постари од 18 години | IRI | Интервјуа лице в лице |
24 јули-1 август 2018 | 41.5% | 35.1% | 9.2% | 12.4% | ± 3.1% | 1026 потенцијални гласачи | MCIC | Компјутерски асистирано телефонско интервју |
Резултати
[уреди | уреди извор]Избор | Гласови | % |
---|---|---|
За | 609.813 | 91,46 |
Против | 37.700 | 5,65 |
Неважечки гласови | 19.221 | 2,89 |
Вкупно | 666.743 | 100 |
Регистрирани гласачи/одзив | 1.806.336 | 36,91 |
Извор: ДИК |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Изгласана одлука за референдум за името на 30 септември Сител (30 јули 2018)
- ↑ Референдум на 30 септември Дојче Веле (30 јули 2018)
- ↑ „Извештај за конечните резултати од гласањето на Референдумот на државно ниво, 30 септември 2018“. Државна изборна комисија. 2018-10-03. Посетено на 2020-11-24.
- ↑ „United Nations Security Council Resolution 817“. United Nations Security Council. 7 April 1993. Посетено на 29 September 2018.
- ↑ „Macedonian Deputy PM In Athens For Talks On Name Dispute“. www.rferl.org. RFERL. Посетено на 24 January 2018.
- ↑ „Greece and FYROM PMs to meet over 'Macedonia' name dispute“. www.neoskosmos.com. Neos Kosmos. Посетено на 24 January 2018.
- ↑ „PMs to meet after 'Macedonia' name dispute rally in Greece“. www.sbs.com. SBS. Посетено на 24 January 2018.
- ↑ „Tsipras and Zaev unblock Euro-integration process“. Архивирано од изворникот на 2018-01-25. Посетено на 24 January 2018.
- ↑ „'We have a deal,' Greek PM says over FYROM name row“. www.ekathimerini.com (англиски). Η Καθημερινή. 12 June 2018. Посетено на 12 June 2018.
- ↑ „Greece ends 27-year Macedonia name row“. www.bbc.com. BBC News. 12 June 2018. Посетено на 12 June 2018.
- ↑ „Republic of North Macedonia with Macedonian language and identity, says Greek media“. www.eta.mk. Meta. 12 June 2018. Посетено на 12 June 2018.
- ↑ „Κλείδωσε το «Βόρεια Μακεδονία» - Το διάγγελμα Τσίπρα για τη συμφωνία“ [Agreed on «Northern Macedonia» – Tsipras' speech to the nation about the deal]. kathimerini.gr (грчки). Kathimerini. 12 June 2018. Посетено на 12 June 2018.
- ↑ „Zaev:We made a deal - Republic of North Macedonia, with Macedonian language and Macedonian identity“. www.kajgana.com. Кајгана. 12 June 2018. Посетено на 12 June 2018.
- ↑ „Merkel Urges Macedonians To Vote For Name Change, Possibility For EU, NATO Membership“. www.rferl.org. RFERL. Посетено на 24 September 2018.
- ↑ „Kurz will visit Macedonia to support the referendum on 7th of September“. www.meta.mk. Meta. Посетено на 24 September 2018.
- ↑ „U.S. Defense Secretary warns of Russian meddling in Macedonia referendum“. www.reuters.com. Reuters. Посетено на 24 September 2018.
- ↑ „Stoltenberg and Kurz in Macedonia before Merkel“. www.europeanwesternbalkans.com. European Western Balkans. Посетено на 24 September 2018.
- ↑ „Meta Urges Macedonia Albanians to Vote 'Yes' to Deal“. www.balkaninsight.com. Balkan Insight. Посетено на 1 October 2018.
- ↑ Iljazi, Bashkim. „Bushati: Qytetarët e Maqedonisë ta mbështesin procesin e anëtarësimit të vendit në NATO dhe BE“. www.telegrafi.com. Telegrafi. Посетено на 1 October 2018.
- ↑ Iljazi, Bashkim. „Edi Rama mesazh shqiptarëve të Maqedonisë: Sot votohet për të ardhmen e fëmijëve“. www.telegrafi.com. Telegrafi. Посетено на 1 October 2018.
- ↑ „Referendumi për emrin, liderët e partive shqiptare në Maqedoni votojnë 'pro'“. www.shqiptarja.com. Shqiptarja. Посетено на 1 October 2018.
- ↑ „Mickoski: The majority of VMRO-DPMNE supporters would either abstain or vote 'against'“. www.nezavisen.mk (англиски). Nezavisen. Архивирано од изворникот на 2018-09-29. Посетено на 29 September 2018.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Референдум 2018 — Државна изборна комисија Архивирано на 5 мај 2020 г.
- Референдум 2018 — Собрание на РМ
|