Прејди на содржината

Ристо Иљовски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ристо Иљовски
Роден 5 март 1943
Бесвина, Леринско, Егејска Македонија
Националност Македонец
Занимање историчар

Ристо Иљовски (роден на 5 март 1943 година во Бесвина, Леринско) — македонски историчар и научен соработник.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Како дете-бегалец од Граѓанската војна во Грција, во Будимпешта завршил основно училиште, гимназија и Филозофски факултет (историја и руски јазик) на Универзитетот „Етвеш Лоранд” (јули 1967). Извесно време работел како професор во средни школи во Будимпешта (1967–1970), а потоа се преселил во Македонија и работел како стручен соработник, асистент и научен соработник во Одделението за античка и средновековна историја на Институтот за национална историја во Скопје (1. Ⅶ 1970–2003). Ги посетувал постдипломските студии на Филозофскиот факултет (Семинар по византинологија) во Белград (1972& 1974) и магистрирал на тема „Македонија измеѓу Србије и Византије у доба првих Палеолога (1261 –1334)” (1977). Бил избран за научен соработник и раководител на Одделението за античка и средновековна историја (1979), за секретар (1979–1984) и член (1984&1988) на Редакцијата на сп. „Гласник”.

  • Споменици на средновековната и поновата историја на Македонија, т. Ⅱ, Скопје, 1977 (со соавтори);
  • Историографија на Македонија, 1976-1980, Ⅱ, Скопје, 1987 (со соавтори);
  • Кој и кога владеел со Македонија, Скопје, 2003.
  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Иљовски“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 605. Text "series " ignored (help)