Прејди на содржината

Ристо Шапкар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ристо Шапкар
Роден 1931
Велгошти, Кралство Југославија
Националност Македонец
Занимање политиколог, стопанственик и фотограф

Ристо Шапкар (р. 1931 во Велгошти) — македонски политиколог, стопанственик и фотограф.[1][2]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Шапкар е роден во охридското село Велгошти во 1931 година. Бил долгогодишен директор на РО „Херој Тоза Драговиќ“ во Охрид (членка на корпорацијата Заводи „Црвена застава“ од Крагуевац). Истовремено извесен период бил и секретар на Општинскиот комитет на Сојузот на комунистите на Македонија во Охрид.

Како страстен љубител на уметничката фотографија, станал еден од водечките македонски фотографи. Приредил повеќе изложби со уметнички фотографии во Македонија, како и во разни југословенски и европски центри како Рим, Париз и други.

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Шакири“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1644. Text "series " ignored (help)
  2. Д-р Асен Групче, Охрид. Културниот живот и творештво во Охрид и Охридско во 20 век, Скопје, 1998, 254

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]