Рокасаурус (што значи „Рока гуштер“) — род на титаносаурускисауроподскидиносаурус кој живеел за време на Доцна Креда на територијата на денешна Аргентина во Јужна Америка. Фосилите од овој вид на диносаурус биле пронајдени во 2000 година во рамките на формацијата Ален, со датум од средниот кампан до раниот мастрихт по возраст, кои датираат пред околу 75 до 70 милиони години. Овој род пораснал до 8 метри должина, што го прави еден од помалите сауроподи. Се смета дека е тесно поврзан со Салтасаурус и Неукенсаурус.
Типскиот вид, Rocasaurus muniozi, бил официјално опишан од Леонардо Салгадо и Аспиликуета во 2000 година[1].
↑Salgado, L. and C. Azpilicueta. 2000. Un nuevo saltasaurino (Sauropoda, Titanosauridae) de la provincia de Río Negro (Formacíon Allen, Cretácico Superior), Patagonia, Argentina. Ameghiniana 37 (3):259-264.