Прејди на содржината

Рокишкис

Координати: 55°58′0″N 25°35′0″E / 55.96667° СГШ; 25.58333° ИГД / 55.96667; 25.58333
Од Википедија — слободната енциклопедија
Рокишкис
Град
Куќа во центарот на Рокишкис
Куќа во центарот на Рокишкис
Грб на Рокишкис
Држава Литванија
Етнографска ОбластАукштаитија
Округ Паневешки Округ
ОпштинаОпштина Рокишкиски Реон
СениунијаСениунија на град Рокишкис
Административен центарОпштина Рокишкиски Реон
Сениунија на град Рокишкис
Сениунија на рурален Рокишкис
Првпат споменат1499
Гарантирани градски права1920
Население (2011)
 • Вкупно14,351
Час. појасИEВ (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)ИЕЛВ (UTC+3)

Рокишкис (латвиски: Rokiškis) – град во североисточна Литванија, со население од околу 14.400 жители.[1]

Историја

[уреди | уреди извор]
Црквата Св. Матијас во Рокишкис

Легендата за основањето на Рокишкис раскажува за ловецот Рокас, кој ловел зајаци (латвиски: kiškis). Сепак, градовите што завршуваат со „-кишкис“ се доста популарни во регионот. Градот првпат се споменува во 1499 година. На почетокот бил резиденција на принцот Крошински, подоцна на грофот Тизенхаус изградил убава неоготска црква Св. Матијас и дворец Рокишкис, кој е добро сочуван и денес во него е сместен Регионалниот музеј Рокишкис. Градот бил планиран во класицистички стил.

Рокишкис бил дел од Големото Војводство Литванија и од Полско-литванската Државна Заедница (Жечпосполита) до 1795 година, кога Руското Царство ја анектирало Литванија. Рокишкис бил дел од Виленската Губернија до 1843 година, кога Новоалександровскиот Округ бил приклучен кон новоформираната губернија Ковно.

Градот почнал да расте во 1873 година кога бил изграден огранок од пругата Либау-Роми кој го спојувал Динабург/Даугавпилс на исток, со балтичкото пристаниште Либау/Лиепаја.

Летото 1915 година, Германско Царствогерманската армија го окупирала градот. Кога завршила војната, подрачјето станало дел од новата Република Литванија. На Рокишкис му биле гарантирани градски права во 1920 година. Заради затегнатите односи меѓу Литванија и соседните новоформирани републики Полска и Латвија, Рокишкис била економски изолиран во периодот меѓу двете светски војни.

Споменик на слободата во Рокишкис

Првиот грб на градот бил дизајниран во 1970 година, но бил укинат уште истата година. Сегашниот грб бил одобрен во 1993 година. Штитот е поделен на 4 четвртини. 3 од четвртините ги претставуваат трите семејства кои владееле со градот: канделабарот го претставува семејството Крожински, бикот е симбол на семејството Тизенхаус, а трите шипки и лилијата се земени од грбот на семејството Пржеждјецки. Четвртата четвртина прикажува импресивни оргули кои се сместени во црквата Св. Матијас.

Индустрија

[уреди | уреди извор]

Сместен на железничката пруга Даугавпилс-Лиепаја, во текот на 19 век Рокишкис служел како трговски центар за голема рурална област и точка за извоз на дрво, жито и лен.

Рокишкис е прочуен по неговото сирење. „Рокишкио сирис“ е еден од најголемите производители во Литванија. Израснал од мала локална млекара основана во 1925 година. Во 1964 година Советите изградиле специјализирана фабрика. Денес, по извршени реконструкции и влез на странски капитални инвестиции, продажбата на компанијата изнесува околу 155 милиони американски долари. 60% од производството се пласира на странски пазари. Компанијата е многу важен работодавец во областа. Исто така таа дава голема поддршка на иницијативите на заедницата.

Историја на Евреите

[уреди | уреди извор]

Во Рокишкис (јидиш: Rakishok, Rakisik), постоела силна еврејска заедница стотици години. Првата еврејска населба можеби била пред 1574 година и се наоѓала на денешната локација на старите еврејски гробишта (околу пола километар југозападно од пазарот) до средината 1700-тите,[2] кога заедницата се преселила кон пазарот и улицата Камаи (денес Республикос гатве). Во 1847 година имало 593 Евреи во градот, а во 1897 2.067 (75% од вкупното население).

Во мај 1915 година, за време на Првата светска војна, Евреите од централна Литванија насилно биле депортирани на исток по наредба на царската власт. Иако Евреите од подрачјето на Рокишкис не биле предмет на оваа депортација, со повлекувањето на руските сили, Козаците кои биле во резерва ги тероризирале Евреите во североисточна Литванија и најголемиот број Евреи од Рокишкис избегале во внатрешноста на Русија. Рокишкис бил под германска окупација до 1018 година.

Кога завршила Првата светска војна и била основана Република Литванија, на литванските Евреи им било дозволено да се вратат дома. Еврејската заедница во 1923 година броела 2.013 члена. По Првата светска војна Рокишкис брзо се развивал, но под различни економски односи. Пред војната, на пример, Рокишкис можел да тргува со соседниот Двинск/Даугавпилс/Дунабург од Латвија со кој бил поврзан со железничка пруга. Во 1920-тите, литванската граница со Латвија била затворена. Како резултат, трговијата пораснала со градовите на запад кои биле поврзани со железницата како Паневижис/Поневиж, Шијаулија/Шавли и Каунас/Ковно. (Исто така постоела теснолинејка до Панделис/Понидел.) Пред Првата светска војна, само 3 продавници биле во сопственост на христијани. После војната, Литванците од околните села се населиле во Рокишкис и отвориле продавници. Со основањето на литвански задруги биле национализирани трговија и производството на лен, кои заедно со други фактори влијаеле на сериозен економски пад на Евреите. Многу еврејски бизниси банкротирале во 1925 година, па во периодот меѓу 1926 и 1930 година многу еврејски семејства емигрирале во Јужна Африка, САД и Палестина. Во 1939 година во Рокишкис имало 3.500 Евреи (40% од вкупното население). Во периодот на литванска независност (1918-1040) имало две хебрејски училишта.

Советите ја анектирале Литванија во 1940 година и сите еврејски бизниси биле конфискувани. Кога Нацистичка Германија го нападнала Советскиот Сојуз на 21-22 јуни 1941 година, Литванија била брзо прегазена. Германците наскоро донеле специјални единици за да ги уапсат и убијат Евреите. Евреите од Рокишкис и неговата околина биле убиени во соседните шуми северно од Бајораи, 400 метри источно од пресекот на североисточниот пат до Јуодuпе и северниот пат до Лукштаи.[3][4][5][6] Официјалниот извештај на Германската армија (Јегеров извештај) евидентира дека на 15-16 август 1941 година биле убиени 3.207 Евреи.[7] Другите Евреи биле депортирани во гетото Јонишкис и убиени.

Познати личности

[уреди | уреди извор]

Рокишкис е родно место на командантот на Советските воздушни сили и Хероја на СССР, Јаков Смушкевич.

  1. „2011 census“. Statistikos Departamentas (Lithuania).
  2. http://www.jewishgen.org/yizkor/pinkas_lita/lit_00646.html
  3. http://www.holocaustatlas.lt/EN/#a_atlas/search//page/1/item/76/
  4. http://www.holocaustatlas.lt/EN/#a_atlas/search//page/1/item/75/
  5. http://www.holocaustatlas.lt/EN/#a_atlas/search//page/1/item/74/
  6. http://www.holocaustatlas.lt/EN/#a_atlas/search//page/1/item/205/
  7. the Jäger Report

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]