СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“ - Скопје
„Васил Антевски - Дрен“ | |
Место | |
Општина: | Кисела Вода |
Место: | Скопје |
Адреса: | ул. „Вера Јоциќ“ бб |
Основни информации | |
Директор: | М-р Тања Јовановска |
Настава на: | македонски |
Контактни информации | |
Портал | www.vasilantevskidren.edu.mk |
„Васил Антевски - Дрен“ — средно училиште во Скопје, Општина Кисела Вода[1].
Основање и развој
[уреди | уреди извор]Средното економско и правно училиште на град Скопје „Васил Антевски – Дрен“ постои уште од 1923 година, кога е формирано како двегодишно трговско училиште. Две години подоцна прераснало во Трговска академија, во која школувањето се одвивало 4 години. За време на окупацијата училиштето било претворено во Трговска гимназија во која школувањето траело 5 години. По ослободувањето било преименувано во економски техникум, а половина станало Средно економско училиште „Борис Кидрич“. Во 1963 година донесена е одлука на училиштето да му се додели и средното правно училиште, па од учебната 1964/65 година во склоп на училиштето постојат и паралелки од правна струка. Од 1993 година му е дадено името на народниот херој Васил Антевски - Дрен, а е сместено во модерна мошне убава училишна зграда која го замени стариот училиштен објект во кој училиштето работеше по земјотресот во 1963 година.[2]
Учество на натпревари
[уреди | уреди извор]Освоени награди
[уреди | уреди извор]Познати личности кои учеле во ова училиште
[уреди | уреди извор]- Никола Тодоров - поранешен министер за здравство
- Дарко Панчев - македонски фудбалски репрезентативец
- Татјана Петрушевска - универзитетски професор
- Ивица Коневски - поранешен градоначалник на општина Аеродром
- Диме Спасов - поранешен министер за труд и социјална политика
- Петре Шилегов - градоначалник на Град Скопје
- Рената Дескоска - министерка за правда
- Стојанче Стоилов - ракометар
Познати личности кои предавале во ова училиште
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Листа на средни училишта во кои е застапено стручното образование во Република Македонија
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2015-06-24. Посетено на 2021-08-15.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- 100 години постеоње Архивирано на 9 ноември 2016 г. - монографија за училиштето
- Официјално мрежно место на училиштето Архивирано на 5 ноември 2011 г.
- Алтернативно мрежно место на училиштето Архивирано на 27 мај 2011 г.
- Портал за основните и средните училишта во Македонија Архивирано на 16 октомври 2011 г.
- Официјално мрежно место на Министерството за образование и наука