Саларски јазик — туркиски јазик и е зборуван од населението салари, што воглавном живеат во провинциите Гансу и Кингај во НР Кина. Бројката на народот се движи околу 90,000 луѓе, од кои 70.000 го зборуваат јазикот а остатокот зборуваат кинески јазик. Зачудувачки факт е тоа што луѓето што зборуваат туркиски јазик и луѓето што зборуваат саларски можат да се разберат во поголем процент. Саларите дошле на таа локација во 14 век, мигрирајќи од запад (според легендите од Самарканд).